Број 3377  вторник, 07 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

И протести и скапотија, а нашите јуришаат на грчките плажи

Незначителен е бројот на граѓани што летово ќе ја избегнат Грција поради страв од безредија и од високи цени

Миркица Поповиќ


На грчките плажи и летово полесно ќе се разбираме на македонски или на српски, отколку да кршиме јазик на англиски. Бранот штрајкови поради незадоволството од новите економски мерки на владата на Јоргос Папандреу, кои секојдневно ја тресат Грција, летово не влијаат драстично на плановите за одмор на нашите граѓани. Мало влијание имаат и најавите за поскапување на цените на основните прехранбени продукти во маркетите поради покачувањето на ДДВ.

И додека низ светот вртат новинарски стории за лути туристи чиј одмор е принудно изменет поради протестите во Атина, туристи заглавени во главниот град на Грција поради блокадата на пристаништата и јавниот превоз, македонските туристи удобно се сончаат на плажите на Халкидики, Неи Пори, Лептокарија, Платамона и Паралија, но и на островите Закинтос и Крф, кои се се' попопуларен избор.

Од туристичките агенции потврдуваат дека ситуацијата во Грција не влијае врз резервираните пакет-аранжмани. Александар Чоневски од агенцијата „Игуана“ и Ана Крстевска од „Савана“ велат дека кај нив засега нема откажување на аранжманите или двоумење поради протестите. „Повеќе би рекол дека луѓето се двоумат кога да ги планираат одморите поради непредвидливите временски услови“, додава Чоневски. Досега немале проблеми ни со фериботите за островите, иако на неколку наврати поради протестите беа блокирани и пристаништата.

Многу мал број случаи на двоумење дали да се задржи резервацијата поради страв од ситуацијата во Грција имале во агенцијата „Фалкон“. Но, Јасмина Арсовска од агенцијата вели дека оние што се одлучни да одат на одмор се консултираат подобро со агенцијата и на крај одлучуваат да ја задржат резервацијата. „Има реакции од граѓаните, меѓутоа за најголемиот дел случувањата во Грција реално не се пречка за летниот одмор“, истакнува Арсовска, додавајќи дека нивното искуство покажува дека ситуацијата претставена преку медиумите не е ни одблиску толку страшна кога реално ќе се појде таму.

Од овие туристички агенции забележуваат дека Грција останува омилена летна дестинација на нашите граѓани, делумно поради поповолните цени од другите места што се нудат, а, секако, и поради близината. „За разлика од другите понудени дестинации, понудите за Грција се реализираат и подобро отколку што очекуваат агенциите. Едноставно, пазарот го диктира тоа. Пакетите за Грција се интересни од мај до крајот на септември“, потенцира Чоневски.

Годинава продажбата на пакет-аранжмани за Грција, според агенциите, е задоволителна. Крстева истакнува дека има дури и мало покачување во продадените аранжмани во споредба со минатата година, иако се' уште се забележува влијанието на економската криза.

Првиот бран туристи, кои веќе се вратија, имале мали забелешки на цените во маркетите во споредба со ланските, како и на цените во кафулињата, но како што истакнуваат од агенциите, нема некоја драстична промена. И самите туристи се запознати со економската ситуацијата во Грција и горе-долу знаат дека не може да очекуваат цени како домашните.

Доколку евентуално поради штрајковите се одложат неколку денови од одморот на туристите, од агенциите велат дека ќе направат се' што е во нивна моќ веднаш да им се излезе во пресрет на клиентите и да се намалат штетите. Сепак, велат дека таква работа влегува во вонредни ситуации, за кои не е виновна самата агенцијата.


#
Статијата е прочитана 3972 пати.

Испрати коментар

Од: magde
Датум: 02.07.2010 00:04:29
tolku cekavme da se unikat vizite pa sega jasno site odime za grcija
Од: Natasha
Датум: 02.07.2010 01:16:15
Ubav nacin da im pripomogneme na Grcite da si ja ublazat krizata...
Од: Bitolcanec
Датум: 02.07.2010 01:55:22
95% od tie sto odat na odmor vo Grcija se simpatizeri na SDSM ili potocno kazano tie se istite onie sto bea na protestite na SDSM vo nedelata!Nemale leb da jadat,a imat pari za Grcija!!???Kakvali hipokrizija!?
Од: Boshko
Датум: 02.07.2010 02:07:52
Grcite:Nas ne blokiraat ne sprechija za vo NATO i EU ne ne priznavaat za luge,a nie im gi polnime djebovite so pari. Kakov narod sme nie Makedoncite.A ako beshe obratnoto eden Grk nemashe ni da pomisli a kamo li da dojde vo Makedonija.
Од: bote
Датум: 02.07.2010 03:18:28
Битолчанец!!? Не си во право...... 95% од летувалците во Грција се Патриотите на Грујо и компанија...... на митинг со распенети усти за да се сочува името.... во реалноста ЈУРИШ на Грчките плажи............. Остваруваме, вели нивниот Грујо.......
Од: mene
Датум: 02.07.2010 04:10:32
Bravo republika Skopje, taka treba Grcija i nisto drugo, da zivee republika Skopje na celo so SDSM
Од: od citatel na utrinski vesnikUSA
Датум: 02.07.2010 05:16:41
Od seto ova gore napisano deka Makedoncite masovno odat na grckite plazi gradovi i shopping centri pokazuva deka makedonceto e Predavnik na svojot narod i drzava...stram da vi bide kakov narod sve zarem ne gledate deka tie ne ve priznavaat za luge na planetava a vie odite kaj niv so polno cese pari.Pa mozebi tie i nesto znaat kakvi sme nie nerazbirliv narod i zatoa i ne ne priznavaat isto kako da sme goveda a ne luge koj znaat da razmislat ama eve istinata e taa nie neznaeme da razmislime mozebi blakirani sme vo mozokot ?
Од: sale
Датум: 02.07.2010 06:02:14
Pa lugjeto ne odat na Krit ili Peloponez, odat vo Makedonija kako sto e napisano vo statijata,Paralija,Leptokarija,Halkidiki i.t.n.
Од: Moris
Датум: 02.07.2010 07:01:04
Gledam i odmorot se partizira sto e dokaz deka sme zabegale i navistina ni e potreben odmor pa i partiski letuvame. Pa Grcija e ubavo mesto za odmor poubavo od Bugarija. Albanija e ubavo mesto za odmor poubavo od Crna Gora i Bugarija. Dali treba d aodmorame ili treeba da se plasime da odime vo Grcija oti VMROVCITE ke ne osudat verbalno i ke ne proglasat za predavnici. Zatoa narode Grcija ili Albanija vi se najubavit emesta za odmor i ne im veruvajte na politicarite.Tie imaat golemi plati i mora da stedat nie so mali plati i krediti ke se banjame kade sakame za svoi pari.
Од: na odmor
Датум: 02.07.2010 07:57:46
Kako moze da se tvrdi nesto koe nema nikakva vrska so vistinata .Ti Bitolcanec i takvi kako tebe pravat rabotite da odat nadolu - dobro e toa sto ti si samo eden obicen citatel i ne treba da ti se zameri. VO ovoj tvoj blog se gleda mnogu omraza protiv tie so koi si sroden treba li nie Makedoncite da imame takov stav za sebesi ? Koi se tie sto odat vo Grcka? Zemaat li pari od tvojot djep ili ti im plakas? toa e nivna rabota -A toa da oni ne mislat kako tebe e TOA e drugara Bitolcanec DEMOKRATIJA .
Од: petar
Датум: 02.07.2010 08:24:45
Pa ke odime vo grcija mnogu normalno. Kade, vo Ohrid li da odam, koga plakam ista cena za smestaj i vo i tuka i tamu, so razlika od cenata vo nekoj si 5 do 10 evra. Pa vo grcija e raj za plazi i setanje. Nitu me interesira politikata nitu statusot izmegju nasata zemja i grcija. A toa sto procitav vo prethodnite komentari deka nie im gi polnime dzebovite na grcite... Hah, pa vo grcija doagjaat milioni turisti godisno, a nie taa brojka za zastapuvame dali 1%.
Од: Nikola
Датум: 02.07.2010 08:32:52
Besplatno da mi nudat odmor vo Grcija nema da prifatam.Izgleda na ovie luge odenjeto vo"GRCKA"(kako sto nekoi ja narekuvaat) e nesto prestizno.Gospod neka im e napomos na "prestiznite".
Од: nikola
Датум: 02.07.2010 08:43:47
eve zosto jas odam vo Grcija . Prvo gi trosam istite pari kako vo Ohrod,vtoro e blisku ,treto e more . cetvrto za vikend nosam gajba limenki amstel . pastti i cajna .leb i dva dena se kapam vo solena voda .
Од: roko
Датум: 02.07.2010 08:55:07
isto mislam i jas, eden nemase da dojde da bevme nie na nivno mesto ali to e realnosta, trcame tamo koludi site pari tamo gi dadovme a od druga strana i koja e nasata alternativa ovde, Oh go napravija M Karlo a nikakva usluga i sega neka se cesaat , samite si se krivi alcen narod se
Од: ne e bitno
Датум: 02.07.2010 09:00:12
Koga ke prestanete da mesate babi i zabi? Utrinski ne ocekuvav vakva statija od vas! Ova e smesno. Sekoj ima Pravo da letuva kade saka i koga saka, toa e negova licna rabota. Niti Grcija ima problem so nas nti nie imame problem so Grcite. Zosto stvarate omraza? Toa sto politikata i na dvete zemji e od tipot lazi-kradi nema nikakva vrska so ova. GLUPOSTI.
Од: Ha ha ha
Датум: 02.07.2010 09:04:24
Na toj sto frla kamenja po tebe frli leb.
Од: jordan
Датум: 02.07.2010 09:36:10
Kako ke letuvate vo Grcija kako VARDARCI ili kako SEVERNJACI . Nekoj da te pluka a ti da mu go plnis budzetot toa moze samo "MAKEDONEC".
Од: db
Датум: 02.07.2010 09:59:05
Bitolcanec, ne lupaj zeleni, se gleda deka si "obrazovan" dpmneovec
Од: до: Bitolcanec
Датум: 02.07.2010 10:02:03
Познавам огромен број најмакедонски „патриоти“,но и голем број „дечиња бегалчиња“ кои својата напатена и загрозена душичка ќе си ја одмараат во “фашизоидна“Грција!
Од: tode brown
Датум: 02.07.2010 10:41:09
Koga ke si legnam na plaza na Tasos so pivce u raka ,bas me zabole i za Grujo iza Branko i za Janko..ajd otidov ja
Од: Карокан-гамбит
Датум: 02.07.2010 10:47:05
Битолчанец,тоа не се твои размислувања!!! Тоа го имаш слушнато од некој!!! Со таков интелектуален капацитет,не верувам дека си способен да ја срочиш и оваа,скоро никаква,фраза. Претпоставувам дека ти останала во меморијата (можеа да останат и многу попаметни работи) од минатогодишната пропаганда на уредникот на ТВ Сител и "жолтиот" дневен весник Вечер. за бојкотирање на грчките плажи и одењето во Грција воопшто. Истиот тој што ти е главен мегафон за идентитетот и јазикот!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!! Треба да го следиш и никако за Грција да патуваш со македонски пасош."Патриотите", таму патуваат само со друг (туѓ) пасош,како со српски,да речеме,,како што прави и твојот мегафон. После нека се чудат грците!!! Тебе можат да те видат,ама македонскиот пасош никако !!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!! Е,тоа ти се вика "патриотизам".
Од: Vesna
Датум: 02.07.2010 10:52:10
Pa ne ste normalni luge mestate politika i odmor. Grcija e najubavoto mesto za odmor, vo Bugarija moreto ne imcini nisto, Albanija moreto e ubavo a uslovite nikakvi, Crna Gora e mnogu daleku i nema takvi prekrasni plazi kako Grcka. Imam bebe i kade da odam koga ni e na 3 casa so kola i najubavo more. Vo Ohrid treba da gi dadam istite pari i da se banjam vo ladno ezero. Ako na nekoj ne mu cini neka ne odi.
Од: nadidan
Датум: 02.07.2010 11:08:51
Доста бре луге политика, живејте си го животот еден е и краток е........
Од: pero
Датум: 02.07.2010 11:14:46
Bitolcanec, gresis, samo VMRO_vcinjata vo drzavnata administracija imaat redovni plati da odat na odmor. Makedonec od USA, dojdi tuka, pa mudruvaj, ti ubavo si izbegal i "hrabro" se boris za svojata zemja, isto kako Kralot Petar za Jugoslavija. Tvoite deca se soncaat na Florida, a moite da sedat doma, neli?
Од: SPIRIDON
Датум: 02.07.2010 11:15:04
U Grcija ke letuvam kako potomok na Ričard Lavovo Srce da vi e jasno vam antički prodadeni duši.Praprapra dedo mi Ričard,na pominuvanje niz bibliskata zemja Makedonija,smrtno se zaljubil u prekrasnata makedonka,praprapra baba mi,sakal da ostane tuka da si živeat,počnale,ama javile mu deka brat mu mu prae nekoj raboti zad grb i moral da se vraka u Anglija.Baba mi,kako i site pravi biblisko antički makedonki po nikoja cena ne ja ostavala Makedonija,samo od trite lava na Riki,zadržala eden,taj šo ni e sea na znaminjata i grbovete.Zatoa odam u Grcija.Ne šo e ,poeftino od Ohrid,šo e more,šo se ubavi plažite,šo me cenat mene radi ostavenite pari,šo nikoj ne mi spomnal politika i politički budalii,šo sum tamo turist.
Од: Тањаа
Датум: 02.07.2010 11:15:33
Па нормално,ние сме познати хуманитарци,на сите им помагаме...
Од: Граѓанин
Датум: 02.07.2010 11:22:30
Неверојатно !!! Мојот колега на работа е од Валандово родум а живее и работи во Лондон веќе 11 години. Десет години не беше излегол од Англија поради неисправни документи и ова лето сефте доби дозвола да влегува и излегува од Англија и погодете што се случи? Пред три недели аплицира за Грчка виза за да се одмори после десет години домашен притвор (демек не можеше да го скрши мразот на Палма де Мајорка или Египед) . Но за сета среќа тие го одбиа за виза. Но замислете тој падна во депресија и е многу несреќен сега бидејќи нема да ја посети Former Turkish Province Youninistan . А бре Македонче !!! Инаку има членска книшка на СЕ ДЕ СЕ ТО уште од дете што се вика. Наздравје нека ни е ..........
Од: licno jas
Датум: 02.07.2010 12:17:52
sekoja cest patrioti........agenciite da vi organiziraat prevoz za vo eden pravec
Од: makedonce
Датум: 02.07.2010 12:33:50
pa zar voden lerin kavala solun kukus halkidik ne se vo makedonija si odat lugeto vo makedonija a ne grcija , i grci ne idat da kupuvaat vo makedonija tuku tie se makedonci ama izrodite novinari gi narekuvaat grci makedoncite
Од: Kliment-Ohrid
Датум: 02.07.2010 13:04:09
Zaradi trojcata "makedonci "koi bea vo "humanitarna "misija vo Izrael,site aranzmani vo Makedonija gi otkazaa Izraelcite. Toae patriotizam,a nie eeeeeeesme za tazenje.......
Од: jas
Датум: 02.07.2010 15:09:00
Se gleda kolku ne otuja so politika i vo odmorite se gleda politicki. KE ODAM NA ODMOR KAJ STO MI E UBAVO
Од: Goran
Датум: 02.07.2010 16:41:37
Ajde prodadeni dusi, site na odmor vo Grcka... Sram da vi e

Најди! во Утрински
Македонска верзија
Поглед
Билјана Ангеловска
ЕДИТОРИЈАЛ
Александра М. Митевска
ЕВРОПА - БАЛКАН
Иван Торов
Мислења
Слободан Најдовски

Верица Пандиловска
Во август и во септември јадам само смокви!