Хилари Клинтон
Државната секретарка на САД во стрип
Во американските продавници вчера се појави стрипот за Хилари Клинтон, во издание на куќата „Блувотер продакшнс“, која веќе има објавено стрипови за забавувачи како што се Лејди Гага, Џастин Бибер и политичарите Барак Обама и Сара Пејлин.
Политичката кариера на Хилари Клинтон имаше многубројни пресврти, така што ова е веќе втор стрип за неа. Истиот издавач пред две години го објави првиот стрип со неа како главен лик.
Актуелната државна секретарка беше и прва дама на САД, сенаторка и кандидатка за номинација на Демократската партија за претседателските избори.
Стрипот што го илустрираше Даниел Фиц не е авторизиран. |