Број 3601  четврток, 09 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Забава

Си-Ен-Ен го вброи „Егзит“ меѓу најдобрите фестивали

Популарниот музички фестивал „Егзит“ се најде меѓу деветте најдобри фестивали во светот, според листата што ја состави Си-Ен-Ен. Покрај фестивалот што се одржува секоја година на Петроварадинската тврдина во Нови Сад, се најдоа и британските „Глостонбери“ и „Бестивал“, данскиот „Роскилде“, американските „Бунару“, „Пичфорк“ и „Самерфест“, австрискиот „Парклајф“ и јапонскиот „Фуџи рок“.

Интернационалното издание на Си-Ен-Ен - CNN World Fiesta потенцира дека „Егзит“ се обраќа на мошне разновидна публика, промовирајќи различни музички правци и стилови од бендови како што се „Портисхед“ и „Палп“, до електронски состави како што се „Андерворлд“, „Џамирокваи“ и други. Во текстот уште се додава и дека влезниците за „Егзит“ во просек се двојно поевтини од оние на останатите фестивали и токму затоа Нови Сад претставува популарна дестинација за младите од целиот свет. Авторот Ник Томпсон објаснува и дека фестивалската сезона започнува веќе во јуни и до септември речиси секој викенд е исполнет со некое музичко случување низ светот.


#
Статијата е прочитана 434 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Забава
И се оствари животната желба
Бившата на Шварци загрижена за децата
Раперот ја нарече Лејди Гага хермафродит
Марко Кон на „Охрид фест 2011“
Што си направив со животот?
Државната секретарка на САД во стрип
Билбилов ја обвинува Лоба
Во здраво тело, младешки дух
На кафе со Тифа, Ален и Жера
6 знаци дека сте под стрес

"""