Број 3601  четврток, 09 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Ек��номија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Забава

6 знаци дека сте под стрес

Најдобар показател за состојбата е ослабениот имунолошки состав

ПОВРАЌАЊЕ

Стресот и нервозата може да предизвикаат повраќање, кое може да се повторува периодично, во исто време секој ден. Овој проблем може да се реши со одмор и со внесување многу течности зашто повраќањето може да предизвика дехидрација.

ПАЃАЊЕ НА КОСАТА

Има многу причини зошто ��оже да ви паѓа косата, вклучувајќи ја и генетиката и лековите. Но, една од причините може да биде и стресот. Меѓу болестите зошто опаѓа косата, а за која е виновен стресот, е алопецијата. Губењето на косата може да се случи неколку месеци по некој стресен настан, но состојбата се подобрува штом ќе заврши стресниот период.

КРВАВЕЊЕ ОД НОСОТ

Се водат дебати околу тоа дали крвавењето од носот е предизвикано од стрес, но во некои студии е докажано токму тоа – дека некои луѓе крвават од носот додека се во стресни ситуации. Се смета дека тоа би можело да биде поврзано со промените во крвниот притисок, кои се чести во ситуација на стрес.

ГУБЕЊЕ НА ПОМНЕЊЕТО

Ако забележите дека не можете да се сетите на деталите од некој стресен состанок што сте го имале вчера, можно е стресот да ви влијае врз хипокампусот, дел од мозокот задолжен за краткорочно помнење.

ОСЛАБЕН ИМУНИТЕТ

Најочигледен показател дека сте под стрес е ослабениот имунолошки состав. Освен на хормоните, стресот може да влијае и врз намалување на жлездата тимус, која произведува бели крвни зрнца.

ПРЕТЕРАНО ПОТЕЊЕ

Сите многу се потиме кога сме под стрес, но некои луѓе страдаат од хиперхидроза, претерано потење, особено на дланките и на стапалата. Научниците откриле дека со прекумерното потење се испраќаат сигнали на луѓето околу личноста што е под стрес со цел да забележат и да ги предупредат дека се во стресна состојба.


#
Статијата е прочитана 1479 пати.

Испрати коментар

Од: Komentator
Датум: 10.06.2011 09:14:17
Seto ova e tocno ama ne dodadovte ...deka mnogu loso se osekam koga iskacam od prodavnica ili pazar ...hipotalamus i toa kako mi pomni i vcersnite i denesnite ceni !!!

Најди! во Утрински
Забава
И се оствари животната желба
Бившата на Шварци загрижена за децата
Раперот ја нарече Лејди Гага хермафродит
Марко Кон на „Охрид фест 2011“
Што си направив со животот?
Си-Ен-Ен го вброи „Егзит“ меѓу најдобрите фестивали
Државната секретарка на САД во стрип
Билбилов ја обвинува Лоба
Во здраво тело, младешки дух
На кафе со Тифа, Ален и Жера

"""