Број 3601  четврток, 09 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Забава

Марија Шрајвер

Бившата на Шварци загрижена за децата

Сопругата на Арнолд Шварценегер, Марија Шрајвер, е загрижена дека нивните деца ќе ги почувствуваат последиците од разводот, но истовремено се труди и да ги заштити. Марија не сака децата да станат „колатерална штета“ во текот на разводот. Двојката се разведува по 25 години брак, а причината е ј��вното признание на Арнолд дека пред 13 години и' направил дете на домашната помошничка. Иако е решена да го заврши бракот, Марија сака да ги заштити 21-годишната Катерина, 19-годишната Кристина, 17-годишниот Патрик и 13-годишниот Кристофер.

„Марија е многу паметна и му верува на својот адвокат Лори Васер. Таа сака фер спогодба,за децата во иднина да и' бидат обезбедени. Тоа е се' што и' е важно“, изјавил неименуван извор.

Таа и Арнолд разговараат дури и во текот на овој најбурен период, но исклучиво заради децата. Пријателите на парот велат дека Арнолд ќе ги покрие трошоците за разводот.

„Марија познава многу холивудски адвокати што се збогатиле по тешките разводи. Одлучна е да не и' се случи тоа. Таа води сметка за секој долар што го троши. Ќе го праша Арнолд да го плати нејзиниот адвокат, а засега адвокатот на Арнолд, Боб Кауфман, се согласува со тој предлог“, заклучува изворот.


#
Статијата е прочитана 870 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Забава
И се оствари животната желба
Раперот ја нарече Лејди Гага хермафродит
Марко Кон на „Охрид фест 2011“
Што си направив со животот?
Си-Ен-Ен го вброи „Егзит“ меѓу најдобрите фестивали
Државната секретарка на САД во стрип
Билбилов ја обвинува Лоба
Во здраво тело, младешки дух
На кафе со Тифа, Ален и Жера
6 знаци дека сте под стрес

"""