Рецепти во слики
Полнети сардели
Потребно е: 1 кг сардели, 1 децилитар маслиново масло, половина килограм домати, 2 кромида, магдонос, лук, неколку маслинки полнети со пиперка, капар, чаша бело вино и малку црвена пипер.
Рецептот е врзан за сардели, но тоа не значи дека во замена не можете да користите и друга риба. Постапката е следна: сарделите се чистат така што првин им се сече главата, а потоа се вади внатрешноста. Сега рибата е подготвена. Исечете ја на ср��дина и раширете ја за да го ставите филот. Потоа пропржете лук, сечкани маслинки, ставете копар, магдонос, залијте со маслиново масло и промешајте. Со таа смеса полнете ги сарделите, свиткајте ги во ролат и спојте ги со чепкалки за заби.
Сега треба да се направи сосот. На маслиново масло пропржете кромид, на тркалца исечкан домат, лук, посолете и додајте копар. Потоа смесата преселете ја во огноотпорен сад, ставете ги и ролатчињата од риба, наросете со црвен пипер и попрскајте со бело вино и маслиново масло. Откако рибата ќе ја извадите по половина час, наросете со малку магдонос. |