Рајан О’Нил
Се обвинува себеси за смртта на Фара Фосит
Холивудскиот ветеран Рајан О’Нил признал дека смета дека токму тој и неговиот турбулентен однос со децата се виновни што неговата долгогодишна партнерка Фара Фосит се разболела од рак и почина пред две години. Рајан верува дека поради неговиот проблематичен однос со децата, ќерката Тејтум и синовите Грифин и Патрик од претходните врски, како и со синот Редмонд што го има со Фара, неговата животна сопатничка била под голем стрес што ја поттикнало болеста.
„Не пушеше, не пиеше и вежбаше секој ден. И беше здрава. А тогаш ние четворица влеговме во нејзиниот живот и со текот на времето стануваше се' послаба. Ја вовлековме во нашите меѓусебни проблеми и тоа не можев да го решам. Ние и' предизвикавме многу стресни ситуации, особено мојата ќерка Тејтум“ - искрено говори Рајан О’ Нил.
Понекогаш помислувам дека можеби се' уште ќе беше жива да не не' запознаеше мене и моето семејство“ - рекол актерот. Тој, исто така, открил дека неговиот најмлад син Редмонд (26) тешко се справува со смртта на мајка си. „Често говори дека сака да и' се придружи зашто му недостасува. Јас му велам дека тоа не е она што таа би сакала, туку дека му посакува прекрасен живот“ - открил О’Нил.
Рајан и Фара се забавуваа 20 години, а иако медиумите пишуваа дека бил насилен кон русокосата актерка, такво нешто никогаш не е потврдено. |