Вуди Ален
Нема компјутер и не знае за „Твитер“
Американскиот режисер Вуди Ален открил дека не поседува компјутер и дека нема поим што е тоа „Твитер“. „Немам компјутер! Не сум личност што е сака гаџети“ - изјавил Ален за агенцијата Ројтерс и додал дека се' уште своите сценарија ги пишува на машина за пишување.
„Не знам ни што е ’Твитер’. За ’Фејсбук’ имам слушнато зашто го гледав филмот што ми се допадна. Затоа знам што е ’Ф��јсбук’. Имам дури и веб-сајт, кој никогаш во животот не сум го видел и не знам како функционира ниту за што служи“- признал Вуди.
Сепак, Вуди Ален поседува мобилен телефон, кој исклучиво го користи за јавување, но не и за пораки.
„Јас сум како оние старци што на далечинскиот управувач користат сам две копчиња - за вклучување и за исклучување на телевизорот“ - се пошегувам славниот режисер.
Зборувајќи за телевизијата, Ален рекол дека ги следи само спортските канали и дека никогаш не гледа реални шоуа. |