Број 3361  среда, 18 август 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Несреќата на македонски студент ја разбуди хумана Америка

Мрежа на доброволци понудија сместување, пари, физичка помош, визи и молитви за студентот со скршен ’рбет и за неговото семејство од Македонија

Игор Петрески беше здрав 20-годишен студент од Македонија кога дојде во Остин, во мај, со програмата за работа и студирање. Тој беше само три дена во Остин кога се случи несреќата, која му го смени живото�� засекогаш. Додека се обучуваше за спасител, Петрески скокна во базенот на глава и го скрши вратот, поради што сега му е парализиран долниот дел од телото.

Она што овој млад човек, со многу тешка повреда и оддалечен од дома, не го знаеше кога се случи несреќата е дека серија коинциденции и извртувања на судбината ќе донесат двајца странци од Вестбанк, а преку нив и неверојатна поддршка до неговата постела.

Додека Петрески лежеше во бессознание во универзитетскиот медицински центар „Бракенриџ“, Логан Бенет и неговата идна сопруга Стефанија беа во посета на нејзиното семејство во Македонија, каде што планираа да направат венчавка.

Попат запреа во една мала пекарница и наидоа на лекарката Ели Карчевар, роднина на Стефанија. Кога го претставија кумот Клеј Ливингстон и споменаа дека тој е од Остин, лекарката извлече белешка од својот џеб на која пишуваше „Игор Петрески, болница ’Бракенриџ’, Остин, Тексас“.

Двојката застана во родниот крај на Петрески, Струмица. Кога дознаа што се случило со Игор, ги повикаа родителите на Логан Бенет, жителите на Вестбанк, Кајл и Кетрин Бенет. Кетр��н Бенет е долгогодишен волонтер во „Бракенриџ“ и за десетина минути по повикот двајцата беа во автомобил и се упатија во болницата. „Едноставно беше природно да му се помогне“, вели Кетрин Бенет.

Родителите на Петрески допрва требаше да стигнат од Македонија, а семејството Бенет го помина попладнето крај неговата постела. Петрески, кој беше на респиратор, не можеше да зборува, а Бенетови не беа сигурни дека ги разбира што му зборуваат. Следниот ден тие требаше да отпатуваат за да им се приклучат на Логан и Стефанија Бенет во Македонија, па преку електронска порака го известија свештеникот Лин Бартон од Обединетата методистичка црква „Вестлејк“ и побараа да помогне. Бартон ги информираше по електронски пат Мери Лу и Боб Бетлан, долгогодишни пријатели на црквата, и како бранови во вода почна да се шири мрежата за поддршка за Петрески.

„Тоа можело да му се случи на кого било од нас“, вели Мери Лу. „Првпат кога дојдов да го посетам Игор, сакав само да зборувам со неговите родители и да им ја понудам мојата поддршка. Тој ја зграби мојата рака со таква сила што ми даде сила“, додава таа.

Кога семејството Бенет се вратило од Македонија, се запознале со родителите на Петрески, Соња и Ѕвонко. „Тоа беше моментално пријателство“, се сеќава Кајл Бенет. Петрески, кои го напуштија домот во Македонија и се откажаа од своите работи, живеат со семејството Бенет околу два месеца додека нивниот син е во болница, прво во „Бракенриџ“, а сега во Центарот за рехабилитација „Сент Дејвид“. „Тие ги прифатија, им обезбедија сместување и се грижеа за нив“, вели Игор, привлечен млад човек со големи темни очи. „Навистина е чудно бидејќи сме тотални странци, а секој сака да помогне“. „Некогаш, можеби, странци, но сега повеќе како семејство“, додава Кајл Бенет

„Многу ми е полесно да се сконцентрирам на моето закрепнување, да ми биде подобро, да зајакнам“, вели Петрески, знаејќи дека неговите родители се згрижени. „Во почетокот мислев дека тоа се лажни очекувања, но три месеци подоцна, тие се' уште се тука. Тоа не се лажни надежи“.

Кејти Стронг, исто така, жител на Вестбанк и член на Обединетата методистичка црква „Вестлејк“, дознала за Игор и понудила помош. Нејзината ќерка Лизи, која пред неколку години доживеала крвавење во мозокот, поминала некое време во центарот „Сент Дејвид“. „Целосно разбирам низ што поминуваат Соња и Ѕвонко, бидејќи го поминав тоа со Лизи“, вели Стронг. Кога таа и нејзината ќерка патувале во Калифорнија заради неколку хируршки зафати на мозокот, околу нив се формирала слична мрежа на поддршка од странци. „Ова е моја шанса да се оддолжам“, додава таа.

Откако бил раширен повикот, десетици луѓе се приклучиле во мрежата нудејќи пари, храна, молитви, користење автомобили и куќи, болнички посети и емотивна поддршка. Мрежата се проширила и надвор од Обединетата методистичка црква „Вестлејк“, во Темпл Бет Израел и Темпл Бет Шалом, кај други членови на заедницата Вестбанк, Балканската заедница на имигранти и странци кои ја дознале сторијата за Петрески од еден на друг пријател. Приврзаниците, кои често пати се собираат во болничката соба на Игор, признаваат дека серијата настани што ги соединила е поттикнувачка. „Нема ништо добро во оваа ситуација, но навистина е корисно да се биде дел од неа и да се види како сите се обединуваме“, вели Кајл Бенет.

Петрески е на пат да закрепне и со многу труд еден ден можеби повторно ќе прооди. Неговата решителност и позитивниот став се чудесни. Неговите лекари прекинаа да даваат прогнози, бидејќи Петрески продолжува да докажува дека грешат. Се очекува Петрески да биде пуштен од „Сент Дејвид“ за неколку дена, а доброволци подготвија стан за него и за неговите родители во близина на Универзитетот „Сент Едвардс“, каде што се надева дека наскоро ќе започне да оди на настава. Следните 18 месеци се клучни, велат луѓето околу Петрески. Иако минува низ интензивни рунди на физикална терапија, неговата мрежа работи за да организира финансиска поддршка, визи за него и за неговото семејство и да најде начин како да го продолжи образованието. „Тука имаме повеќе пријатели отколку во Македонија“, вели таткото на Игор Петрески.

„Кога Игор ќе ја напушти болницата, прво ќе ја посети Обединетата методистичка црква ’Вестлејк‘, бидејќи сака да го види местото кое им понудило толку голема поддршка на целото негово семејство. Потоа ќе правиме скара“, вели Ѕвонко Петрески. (Вестлејк Пикејин)


#
Статијата е прочитана 8122 пати.

Испрати коментар

Од: Realen
Датум: 18.08.2010 00:06:25
Uste imalo luge na ovaj svet. Igor pozdrav i pobrzo zakrepnuvanje
Од: 16.08.2010
Датум: 18.08.2010 00:19:10
Seuste ima luge koi sakat da pmagaat ,a ne kako nasite politicari ,da gazat i tepaat sve i sekogo koj ne misli kako niv , Posebna blagodarnost da vakvite luge ,Gospod da gi blagoslovi i da gi zivee dolgo ,dolgo za da ima takvi luge koi ke pomagaat
Од: Tulko Drdeski,Tetovo
Датум: 18.08.2010 01:39:10
Humana Amerika sekogas e razbudena,samo nie imame ili ni serviraat necista slika za spremnosta na Amerikancite da pomognat.Brojnite primeri na donacii se minimiziraat ili voopsto ne se spomenuvaat.Kade e vo slucajov nasata dijaspora,dali taa osven verbalen patriotizam moze nesto konkretno da napravi vo slucajov na nesrekniot mlad covek."Nasata" pravoslavna crkva vo Amerika isto taka treba da se razbudi,ako moze.
Од: Risto
Датум: 18.08.2010 06:21:01
Ako e mozno ve molime da ni ja napisete veb stranicata ili bilo sto za kontakt. Ziveam vo Los Angeles vo Kalifornija, pa vruvam deka so nesto bi mozele da pomogneme.
Од: velesanka
Датум: 18.08.2010 07:23:38
prekrasen primer kako treba da se odnesuvame.....mu posakuvam skorp ozdravuvanje....
Од: blagica grozdanovska
Датум: 18.08.2010 07:51:49
citam i ne mozam da veruvam deka postojat vakvi luge...mnogu me pogodi...iskreno citam i placam...kade e vo nas coveckoto?...ne treba mnogu za pomos,samo treba da sme mnogubrojni...gospod da mu e na pomos i na onoj sto sega mu e najpotrebna i na site onie sto sto ja davaat seta ljubov i pomos okolu nego...<3
Од: jas
Датум: 18.08.2010 08:43:50
Дали оваа статија ке ја прочитаат нашите владици.Нашиот синод се расправа кој ке краде од Австралија.Сакам да се појави маж од нашиот синод па да ми даде бар два примера каде тие помогнале.Господ само давал на народот а овие нашите само бараат.Ке не направат атеисти со нивните кавги а не добри Христијани.
Од: toni
Датум: 18.08.2010 08:48:49
Neka vidat nasite vladici i popovi kako se pomaga na luge vo nevolja, a ne samo da kupuvaat skapi koli i luksuzni vili.Neka zemat i neka go podelat barem toa sto ne im e potrebno so ovaa nasa siromastija.Treba da znaat deka nasata vera kazuva deka treba da se pomogne na nemokniot i so svoite postapki ke nateraat mnogu luge da si ja smenat verata zatoa sto nekoi luge stvarno nemaat sto da jadat.Greota e vo denesno vreme nekoi luge da si ja menuvat verata zaradi toa sto nemaat sto da jadat, ovaka ne bilo i vo vreme na tursko.Neka ni e Gospod na pomos(samo Gospod ne so popovite i vladicite)
Од: profesor
Датум: 18.08.2010 08:59:31
A kade se vo ovaa prikaska nasite iselenici od USA da im pomognat na lugjevo?
Од: Dejan
Датум: 18.08.2010 09:17:30
Mu posakuvam sto poskoro da ozdravi. Cestitki za site onie humani luge od USA koj mu pomagaat na Igor.
Од: Vesna
Датум: 18.08.2010 09:35:50
Daj boze da uspee vo negovata borba i povtorno da proodi. Premnogu trogatelna storija, Gospod neka gi blagoslovi site sto pomagaat
Од: arsen
Датум: 18.08.2010 10:14:02
Za 40 godini Jugoslavija stvori " HUMANO " drustvo i humani komunisti dodeka ne uceva deka kapitalizmot e surov i tamo ' COVEK COVEKA JADE " E sega se gleda vo sto se izrodiva nasive bajati komunisti a taze kapitalisti .Humanosta se sozdava ,gradi i neguva a najpoveke se praktikuva bez mnogu pompi i od srce. Najtragicno e sto ova denes sto se slucuva kaj nas e krajna beda na duhot ,moralot i etikata
Од: Svetlina
Датум: 18.08.2010 11:34:01
Prekrasno e da se procita pozitiven i insipirativen tekst i da se znae deka humanost nekade se uste postoi. Nesto sto otsekogas mi bilo enigma e zosto na tolkava nevrabotenost vo Makedonija recisi nikoj ne odlucuva svoeto slobodno vreme da go posveti na volonterstvo i da im pruzi pomos i uteha na onie na koi im treba? Humanata kauza i ogromnoto cuvstvo na ispolnetost koe bi go imale so volonterstvoto daleku bi go nadminale razocaruvanjeto od nevrabotenosta, a bi napravile necij zivot mnogu posreken.
Од: Паталец
Датум: 18.08.2010 11:38:31
Посакувам целосно оздравување и среќна иднина, од нивно и мое име благодарност за сите хумани луѓе.Кога беа и мои сл.маки имаше премногу хумани луѓе и тука и во дијаспората но кога се обратив за помош во нашата црква на мојата молба ми беше одговорено „Синко ние живееме од милостина“ и не можеме да помагаме.Ова ми го рече еден црковен великодостојник кој случајно се најдува на слика во овај број на весников но во др.статија. Храбро до целосно оздравување.Господ да ве чува.
Од: oki-doki
Датум: 18.08.2010 12:05:12
se za Igor na FB IGOR PETRESKI
Од: Makedonka Dimitrova Karadimcce
Датум: 18.08.2010 13:57:34
So ogled na ogranicceniot prostor, kje se obidam na 2 pati da vi ja ispratam vccerassnata statija od lokalniot vesnik Westlake Picayune, vo koj kje najdete linkovi so informacii kako mozze da mu se dade poddrsska ili kakva bilo pomoss na mladoto momcce so prekrasen duh i negovoto pozzrtvuvano semejstvo. Inaku, vo Ostin, TX, zziveat samo nekolku makedonski semejstva, ssto se celosno angazzirani vo pomossta za Igor, zaedno so ostanatata zaednica od poranessna YU i voopssto, site dobri i humani lugje, bez razlika na verska, nacionalna ili rasna pripadnost i posebno na Obedinetata Metodisticcka crkva, cii cclenovi bea prvite sto doznaa za sluccajot i do maksimum se angazziraa.
Од: viki
Датум: 18.08.2010 14:16:38
ocite mi se polni so solzi dodeka go citav ova,kakvi lugje,kakva crkva,a nasata samo bara pari.nema zborovi koi mozat da kazat sto pravat ovie lugje za igor
Од: Toni
Датум: 18.08.2010 15:13:07
За Светлана еве зошто нема волонтери во битолска болница 25 луге работат цели 16 г како волонтери а во оваа држава од ХУМАНОСТА што ја наследивме од предходните генерации остана само ИСКОРИСТЕНОСТА ете затоа нема такви луѓе, пардон секоја ЧЕСТ за хуманите луѓе затоа сто има разлика помеѓу хуман човек и волонтер волонтерот мора да добие нешто за возврат а хуманистот не оцекува ништо освен насмевка
Од: sova
Датум: 18.08.2010 15:45:49
И "Утрински" почна да прави големи гафови! Почитувани дами и господа, госпоѓ��та која споменувате, а која го дала ливчето е докторка, а не лекарка, и не само што тоа требало точно да го напишете, туку пожелно е (не и задолжително) да ја ставите и титулата д-р! Сметам дека точното ословување, покрај грешката во презимето што ја имате направено е најмалку за добриот гест што таа го има направено! Башка што текстот и коментарите ви се со конотација на негирање и дискфалификација на Македонската Православна Црква!

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Посна трпеза
Генерал Стојановски бара поголема поддршка за АРМ
Австралија ги скара владиците Петар и Тимотеј
Објавено писмото на музичарот по 40 години
Кој ќе ги врати парите?
Смената на Кекеновски го засени стартот на уписите
Преиспитување на економските политики
Хирургија треба да бид�� единствена
Почна битката за индекси на државните факултети
Стил
Стопанска целосно во рацете на Грците
Демократите лути на Обама
Магазин
Иво Санадер бега од Хрватска?
Карикатура