Ниту една злоупотреба, малверзација или уште помалку непочитување на законите не може, а и не смее да биде покриена со наводно покажување на некаква добра волја од самите прекршувачи. Во примерот на функционерите на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, кои најавија дека ќе се откажат од една или од неколкуте функции, кои одеднаш ги извршуваат, некој ќе рече „па колку о��ие функционери се совесни затоа што кога им беше забележано веднаш потрчаа и во редици чекаа да си поднесат оставки. А воедно се откажаа и од дополнителните приходи“. Во најмала мера така некако владејачката партија очекува да се доживее информацијата што стигна од нивните редовите кога велат дека функционерите доаѓале во групи и си поднесувале оставки. Па ако толку масовно се поднесувале оставките на двојните функции, на кои, како што велат, не им го знаат ни бројот, тоа значи дека дека оние што ги кршеле законите не можат да се добројат.
Во неколку закони, и тоа во Законот за спречување на корупцијата, за судир на надлежности, за локална самоуправа, како и на Изборниот законик, јасно е наведено дека е забрането еден функционер во исто време да биде поставен на неколку функции. И наместо истите тие функционери да бидат повикани на одговорност за кршење на законите, тие сега се претставуваат како великодушници, кои послушно ги извршуваат наредбите на партискиот комитет и се откажуваат од некоја од расположливите фотелји. И сето тоа откако претходно го игнорираа повикот на првиот антикорупционер, Илми Селами, кој поименично ги повикуваше некои од двојните функционери да се откажат од една фотелја, а со тоа и од уште една плата. А, на антикорупционерот, се чини, му останува само јавно да повикува, но функционерите, секако, одбираат да го послушаат партискиот налог. ВМРО-ДПМНЕ одамна веќе е над законите и над институциите на државата. Таа дели правда и функции според партиски заслуги, таа укинува.
Прашање е и дали владејачката партија ќе остане на оставките на оние што беа јавно прозвани или докрај ќе го прочисти незаконието во своите редови. Затоа што тоа не е само во престижните директориски фотелји на МЕПСО, на Агенцијата за станбен и деловен простор или во Градската болница, туку широко ги опфаќа функционерските фотелји.
Но, овој проблем има две тежини. Едниот е што се има двојни аршини за функционерите во однос на (не)почитувањето на законите, затоа што. исто така, е непознатост дали некој ќе одговара за ова, а вториот е во прашањето со платите, кои досега незаконски ги примале. Затоа што ако е незаконска функцијата, практично, незаконски се примала и платата. Голем дел од нив ќе го искористат дури и крајниот рок, 31 август, што им го поставија од партијата за да можат да ја искористат и августовската двојна плата.
Дали за дуплото земање пари некој во државава воопшто ќе одговара или повторно никој од нив нема да се чувствува виновен што неколку години им било дозволено да земаат по неколку плати? Кој од локалниот, кој од државниот буџет, се примаат пари немерени. Во ова време на невработеност или вработеност без плата, голем дел од коментарите во јавноста се токму со прашањето - кој ќе ги врати парите?
Оттука, владејачката ВМРО-ДПМНЕ не може толку наивно да излегува со тоа дека донела цврста одлука да ја послуша јавноста и со тоа да и' ги замачка очите дека постапува според законите на државава. Театарот под маски веќе никој не сака да го гледа, туку во оваа трагедија, сепак, некој мора да ја понесе одговорноста за ваквото неодговорното однесување.
И една мала дигресија - толку ли имаме способни функционери што истовремено можат успешно и квалитетно да работат на неколку работни места?
Makedonija nema doblesni politicari,sekoj sto vlegol vo partija pred se e vlezen za svoja licna korist taka da ushte ne e roden takov politicar vo MKD obicniot gragjanin makar i da plukne ako go vidi policaec ke mu zeme 50 eu a politicarive ziveat podobro i od Angliskata kralica
do koga ovoj narod ke go trpi seto ova
Од: Mile
Датум: 18.08.2010 07:33:54
Formulata odi vaka: Oni ke zemaat pari i od pet mesta,ke trosat za se sto ke im se keifne, a jas, ti i ostanatite od narodov ke vrakame, plus "amanet" ke im ostavime i na naslednicite. Prosta matematika.
Од: Пинг
Датум: 18.08.2010 07:34:34
Неколку поставени прашања од Вас Г-ѓо Унковска во текстот. Едно и од мене: До каде сте Вие (мислам на новинарите) спремни во расчепкување на овој проблем? Дали после некоја седмица ќе биде по народната “секое чудо за три дена“, или “тивко“ ќе Ви биде укажано да не “таласате“ повеќе? Ајде и тоа ќе го видиме. Затоа што во државата ни, најмногу Вие новинарите (не сите се разбира) укажуваат на вакви работи. Поздрав до сите Ваши и наши. Почитувани коментатори, пишувајте КИРИЛИЦА, многу е едноставно, ако не верувајте барем обидете се.
Од: marija
Датум: 18.08.2010 08:21:48
Na pravnicite dobro im e poznat poimot INKOMPATIBILNOST, poim koj e utvrden vo nasiot Ustav , a i vo site Zakoni zasnovani na Ustavot . Po istekot na cetiri god. na funkcionerite od VMRO-DPMNE po nalog na nivnata partija im tekna za ovoj poim pa vo redici pocnaa " dobrovolno " da se otkazuvaat od ednata funkcija, se slozuvam so naslovot , a sto so zemenite pari dali i niv " dobrovolno ke gi vratat "
Од: ivana
Датум: 18.08.2010 09:40:56
pa prv treba da si podnese ostavka grujo ,oti ova ne e bez negovo znaenje,znaci toj sakal site tie znacajni funkcii da se koncentrirani vo mal krug luge,za da si gi ispolnuva svoite suludi idei vo opstestvenoto vladeenje bez pocituvajne na zakonite ,se prasuvam dali toj znae sto znaci zakon po koj treba da funkcionira sekoja drzava ,ama nasata ne e takva drzava,Da gi vratat site pari so kamata ,taka ke mozat da doizgradat uste nekoj spomenik,bik,smizla,ili da frli lopata za nekoe golf igraliste,do kade mislat deka ke stignat ove nepismeni do bezdata.
Од: Стојко
Датум: 18.08.2010 10:20:36
Пари за стечајците и за социјалците нема. Мачката ги изела парите!
Од: mkm
Датум: 18.08.2010 10:36:30
За финансиска проневера не ви гинат 10-тина години затвор. Кој ќе биде овде одговорен? Авторите, рецензентите? Не се проблем Нора и тони. Уредниците на он нет имаат дадено малку повеке од ова, па погледнете. http://www.on.net.mk/default-MK.asp?
ItemID=3A90B0B80B9B8C43968EC57664C486FF
Меѓутоа за ова некој МОРА да ’лежи’