Демократите лути на Обама
ВАШИНГТОН - Демократите се жалат дека биле заслепени кога претседателот Обама коментираше за џамија на Гранд зеро и и' предадоа на Републиканската партија нова палка за да ги натепаат. Демократите од Капитол хил, вклучувајќи ги и оние што се соочуваат со тешки трки, не беа однапред запознаени со говорот на Обама, во кој ги бранеше правата на муслиманите да се изгради џамија во центарот на М��нхетен. Иако градоначалникот Блумберг однапред знаел што ќе каже Обама на вечерата за Рамазан во Белата куќа, демократските сенатори од Њујорк, Чак Шумер и Кирстен Гилибрант, не знаеле. Тоа се однесува и на лидерот на мнозинството во Сенатот, Хари Рид, кој ги прекина врските со Обама поради предлогот за џамија��а.
Неколку демократски оперативци за кампања се жалеа дека немале време да маневрираат како да се справат со прашањата од медиумите или со нападите од Републиканската партија. „Тие ја направија вистинската работа - тие едноставно не го направија тоа на вистински начин“, се жалеше друг извор од демократите.
Шефот на кабинетот на Белата куќа, Рам Емануел, помина три дена во телефонски разговори обидувајќи се да ја контролира штетата кај налутените демократи и барајќи од нив да не излегуваат во јавност против претседателот, јавуваат демократски извори.
Обама ги даде коментарите на вечерата за Рамазан, иако неговите високи политички советници не постигнаа консензус што треба да направи. (Дејли њуз) |