Брoj 2803  сабота, 04 октомври 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Наука
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

Македонија Ѓ.П. бара 3.300 евра од Вардар за скршените столчиња

Навивачите на Вардар, популарните „Комити“, дивееја по натпреварот со Македонија во Ѓорче Петров, на кој нивните миленици беа поразени со 1:0, кршејќи дури 75 столчиња на трибината. Тие се поставени пред десетина дена, а едно столче со монтажа чини 2.250 денари. Раководството на Македонија ЃП за ова му достави фактура на Вардар во износ од 199.000 денари или околу 3.300 евра.

„Ако не платат, ќе бидеме принудени да покренеме дисциплинска пријава во Фудбалската федерација на Македонија, бидејќи ова не е првпат навивачите на Вардар така да се однесуваат во Ѓорче Петров. Пред две години искршија 15 столчиња, кои до ден денес не ни се платени“, изјави директорот на клубот Серафим Димовски.

Лани навивачите на Шкендија ХБ од Тетово, исто така, направија штета на трибините во Ѓорче Петров, кога искршија 40 столчиња, но раководството на тогашниот тетовски прволигаш веднаш ја плати штетата. (М. М.)


Статијата е прочитана 229 пати.

Испрати коментар

Од: Mirko
Датум: 04.10.2008 14:32:36
Ke docekame li nekoj da plati koga na Gradski se krsat stolcinjata? VARDAR SAMPION

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Спорт
ШАХ - Победнички потег
„Зебрите“ не го прегазија Металург
Средба Груевски - ЕХФ на 13 октомври
Ракометниот клуб Ѓорче Петров нема да згасне
Секоја победа во квалификациите за СП 2010 ќе „тежи“ по 4.000 евра
Шпанскиот квартет во групите од Купот на УЕФА
Скокалница и лет во место