Брoj 2803  сабота, 04 октомври 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Наука
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

Средба Груевски - ЕХФ на 13 октомври

„Спортфајв“ се нуди за 250.000 евра да го пренесува ЕП за ракометарки место МТВ

Роберт Димитриевски

Премиерот Никола Груевски ќе ги прими челниците на Европската ракометна федерација на 13 октомври во 11,30 ч. и при тоа ќе ги „испорача“ бараните гаранции од Владата за успешна организација на 8. Европско првенство за ракометарки што ќе се одржи во Македонија од 2 до 14 декември. Делегацијата на ЕХФ ќе ја сочинуваат претседателот Тор Лијан, генералниот секретар Михаел Видерер и потпретседателот Жан Брио, директно одговорен за ЕП во Македонија.

Во телефонскиот разговор меѓу кабинетот на Владата и седиштето на ЕХФ во Виена е потврдена поддршката од државата за најголемиот спортски настан по стекнувањето на независноста, која премиерот и лично ќе им ја вети на високите гости од Австрија. Во финансиската конструкција на ЕП, проценета на повеќе од 800.000 евра, македонската држава ќе учествува со половина од таа сума, ЕХФ со 200.000 евробанкноти, а останатиот дел ќе се покрие со спонзорства.

Едно од главните барања од европската куќа на ракометот е поврзано со способноста на Македонска телевизија да пренесува врвно натпреварување од рангот на ЕП. МТВ има рок од ЕХФ и од агенцијата „Инфронт“ до 10 октомври да се изјасни дали ќе може да одговори на високите технички услови за телевизиско покривање на шампионатот и тоа да го потврди со потпишување договор. Ако од државниот радиодифузер одговорот е негативен, за да го замени се нуди „Спортфајв“, кој би го сторил тоа за 250.000 евра. Понудата од агенцијата што ги има ТВ-правата за настапите на македонската фудбалска репрезентација подразбира вршење директни преноси од натпреварите од прелиминарната групна фаза во Скопје и во Охрид со по десет камери, средбите од вториот круг по групи би ги покрила со 12 камери, а финалето со 14. „Спортфајв“ вршеше директен пренос од скопските дуели на Македонија со Шкотска на 6 септември и со Холандија четири дена подоцна во рамките на квалификациите за Светското фудбалско првенство 2010 во Јужна Африка.

Викендов во државава престојува најмасовната делегација поврзана со ЕП во детална инспекција на салите „Борис Трајковски“ и „Билјанини извори“, на сместувачките капацитети, на условите за работа на новинарите итн.


Статијата е прочитана 190 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Спорт
ШАХ - Победнички потег
Македонија Ѓ.П. бара 3.300 евра од Вардар за скршените столчиња
„Зебрите“ не го прегазија Металург
Ракометниот клуб Ѓорче Петров нема да згасне
Секоја победа во квалификациите за СП 2010 ќе „тежи“ по 4.000 евра
Шпанскиот квартет во групите од Купот на УЕФА
Скокалница и лет во место