Брoj 2803  сабота, 04 октомври 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Наука
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

Шпанскиот квартет во групите од Купот на УЕФА

Сите четири шпански претставници, Севилја, Ла Коруња, Сантандер и Валенсија, обезбедија пласман

Четврточната вечер во Купот на УЕФА беше фантастична за шпанските екипи. Сите четири претставници Севилја, Сантандер, Валенсија и Ла Коруња обезбедија пласман во фазата по групи. Првите три екипи тоа го направија на убедлив начин со победите и во вторите натпревари над Салцзбург, Хонка и Маритимо, но Ла Коруња добро се изнамачи против Бран по поразот во првиот меч од 0:2. Сега на својот стадион фудбалерите на Ла Коруња успеаја да ја надокнадат таа негатива, а потоа по сушните продолженија да слават на пенали со 3:2.

Пласман во групите успеаја да обезбедат и двата тима од негогашната југословенска голема четворка Партизан и Динамо Загреб. Црно-белите имаа полесна задача против романскиот Темишвар, кого го совладаа и во Романија 2:1, и сега во Белград 1:0.

Но Динамо Загреб одигра трилер меч против Спарта Прага. По низата лоши резултати, вклучувајќи ги и нерешените 0:0 од првиот меч против Чесите, „модрите“ одигра конечно натпревар каков што од него бараат неговите навивачи. Уште во 16 минута Динамо поведе со голот на Моралес, а само три минути подоцна израмни Кулиќ, за веќе во 23 минута Кладробски да направи пресврт. Во 30 минута Ловрен израмни на 2:2, а Бадељ во 66 минута му донесе повторно водство на Дианмо, кое на крајот се покажа сосем доволно за пласман, иако Кладробски од пенал во 82 минута израмни на 3:3.

„Ова е една голема пресвртница за Динамо. Да го загубевме нашиот проект ќе бев на стаклени нозе, но во Прага и господ беше Хрват. Имавме и храброст, момчињата покажаа дека имаат карактер“, изјави контроверзниот потпретседател Здравко Мамиќ.

Инаку, на овој дуел му претходеа големи инциденти кои ги направија хрватските хулигани. Тие на неколку места жестоко се судрија со полицијата, а и со камења гаѓаа недолжни граѓани во центарот на Прага. Над 100 беа уапсени, но вчерашните информации велат дека, сепак, сите биле пуштени во Хрватска. Медиумите во оваа земја по кој знае кој пат го осудија хулиганството, барајќи од одговорните да стават крај на вандализмот, кој го оцрнува клубот и Хрватска како држава.

„Дејли мејл“: Модриќ најслаба алка во Тотенхем



Англиските медиуми почнаа се почесто да го напаѓаат новото засилување на Тотенхем Лука Модриќ. И по нерешениот резултат во реваншот против Висла Краков 1:1, што значеше пласман за Англичаните поради победата во првиот натпревар од 2:1, прв на удар беше Хрватот. Новинарот на „Дејли Мејл“ го прогласи за најслаба алка во тимот.

Портсмут го слави Крауч



Питер Крауч со два гола во продолжението од реванш мечот со португалскиот Гимареш му донесе на својот тим Портсмут пласман во фазата по групи од Купот на УЕФА. До 32 минута Гимареш водеше со 2:0 со головите на Даглас и на Алвеш, по што серијата на домаќините застана. Потоа дојдоа продолженијата во кои блесна бившиот напаѓач на Ливерпул.



Резултати од Купот на УЕФА: Сент Патрик - Херта 0:0 (0:2 вкупен резултат), Шалке - Апоел 1:1 (5:2), Олимпијакос - Нордсјиланд 5:0 (7:0), ЦСКА М. - Славен 1:0 (3:1), Копенхаген - Москва 1:1 (3:2), Астон Вила - Литекс 1:1 (4:2), Штутгарт - Черно Море 2:2 (4:3), Сент Етјен - Хапоел Тел Авив 2:1 (4:2), Спартак М - Бањик Острава 1:1 (2:1), Рапид Букурешт - Волфсбург 1:1 (1:2), Униреа - Хамбургер 0:2 (0:2), Калмар - Феенорд 1:2 (2:2), Манчестер С - Омонија 2:1 (4:2), Мадервел - Нанси 0:2 (0:3), Депортиво - Бран 2:0 (2:2, 3:2 на пенали), Гимареш - Портсмут 2:2 по продолженијата (рег дел 2:0), Васлуи - Славија Прага 1:1 (1:1), Лех Познањ - Австрија Виена 4:2 по продолженијата (рег дел 2:1), Левски - Жилина 0:1 (1:2), Металист - Бешикташ 4:1 (4:2), Партизан - Темишвар 1:0 (3:1), Динамо Букурешт - НЕЦ 0:0 (0:1), Галатасарај - Белинцона 2:1 (6:4), Бриж - Јанг Бојс 2:0 (4:2), ПСЖ - Кајзериспор 0:0 (2:1), Хонка - Сантандер 0:1 (0:2), Каунас - Сампдорија 2:2 (1:7), Розенборг - Брондби 3:2 (5:3), Цирих - Милан 0:1 (1:4), Спарта Прага - Динамо Загреб 3:3 (3:3), Салцзбург - Севилја 0:2 (0:4), Удинезе - Борусија Д. 4:3 на пенали (регуларен дел 0:2), Твенте - Рен 1:0 (2:2), Ајакс - Борац 2:0 (6:1), Бенфика Наполи 2:0 (4:3), Стандард - Евертон 2:1 (4:3), Висла Краков - Тотенхем 1:1 (2:3), Артмедија - Брага 0:2 (0:6), Херенвен - Сетубал 5:2 (6:3), Валенсија - Маритимо 2:1 (3:1).


Статијата е прочитана 135 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Спорт
ШАХ - Победнички потег
Македонија Ѓ.П. бара 3.300 евра од Вардар за скршените столчиња
„Зебрите“ не го прегазија Металург
Средба Груевски - ЕХФ на 13 октомври
Ракометниот клуб Ѓорче Петров нема да згасне
Секоја победа во квалификациите за СП 2010 ќе „тежи“ по 4.000 евра
Скокалница и лет во место