Број 3448  петок, 03 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter

ЕДИТОРИЈАЛ

Бизнисот и десттолетката

Александрија Стевковска

Изминативе дваесетина години беа тешки за македонската економија, со транзиција на која не и' се гледа крај, со голема невработеност, со недостиг од пари на сите страни. Но, за да не се залажуваме дека утре ќе не' огрее сонце и дека, конечно, ќе ни тргне, не' освести крикот на бизнисмените што велат – не' чека тешка десттолетка. Никаков зрак на оптимизам, никаква надеж дека наскоро ќе излеземе од неосветлениот тунел што води кон економски просперитет.

Оди, оди, никако да стигнеш. И можеби ситуацијата досега некако беше и прифатлива, иако народот се жалеше, но барем бизнисот не' тешеше дека се движиме напред, без оглед што другите не го гледаат тоа. Сега кога и стопанството потклекна пред налетите на економската неперспективност и јавно посочува дека е тешко, тогаш што да кажат луѓето кои работат во фирмите што секој ден очекуваат да останат на улица.

Од лошо, полошо. А така ќе биде и во иднина. И тоа не една година, две, туку дури десет! Дотогаш, велат бизнисмените, ќе сме останеле длабока економска провинција, што не е нешто ново за нас, со оглед на тоа дека ние и досега бевме и се' уште сме провинција. Немаме направено ниту чекор кон големиот град, наречен Европа и европски пазар.

Македонската економија со години е заложник на севкупните случувања во државава, а, пред се', на недовербата меѓу бизнисот, банките и државата. И никој не сака да му подаде рака за помош на оној другиот, сметајќи дека си е доволен сам на себе. Државата не ја потресува фактот дека фирмите на кои таа им должи во време на најголема неликвидност се борат за гол опстанок, додека таа инвестира во непродуктивни проекти, а банкарите, пак, цврсто ги стегнале парите, не сакајќи да му помогнат никому, не сакајќи да ги намалат каматите, инвестирајќи единствено во сигурни пласмани, во државните и во благајничките записи. Ниту државата ниту банките не ги допира очајничкиот повик на бизнисмените што само докажува дека целото стопанство е приклучено на апарати за преживување, но и оти ако економијата колабира, и тие ќе нема од каде да вртат пари. Сите три елементи се дел од целината и се меѓусебно зависни, а сите заедно, пак, би требало да се во функција на граѓаните.

Доброто во целата ситуација, ако има нешто добро, е дека дел од бизнисмените барем се осмелија јавно да проговорат и да го привлечат вниманието на другите, за сите да видат до кое дереџе се тие стигнати. Банките во целата ситуација се како неосвоива тврдина, комотно работејќи по лихварски методи, обвинуваат бизнисмените, кои какви врски и да имаат со банкарите не можат да дојдат до поволни средства за опстанок. Бизнис- заедницата е извадена од кожа поради тоа што банкарите, иако со некои од нив соработуваат и по 20-ина години, во нив се' уште гледаат со недоверба, како да се нови на пазарот.

Дали е в ред поради недовербата на банките спрема стопанствениците да пропаѓаат проекти, да се одложуваат инвестиции? Дали недостигот на храброст на банките да ризикуваат уште долго ќе ја држи земјава во економски мрак без надеж дека некогаш ќе се тргне напред? На овие прашања од банките ги креваат рамениците и се правдаат дека инвестираат во сигурни пласмани, бидејќи на тоа ги тераат нередовните плаќачи. Изговори колку сакаш и не сакаш, но едно е сигурно, банките ќе продолжат да си бидат причина за опстанок, сама за себе. Бизнисот како да не им е потребен. Друштво единствено им прави државата, која со дополнителни давачки постојано ги обременува фирмите, не им подава рака на спас, не им го исплатува она што е нивно. И додека секој си живее за себе, страдаат граѓаните, кои не можат да излезат од економскиот ќор-сокак во кој се наоѓаат, а сега добиваат и прогнози дека уште долго нема да го најдат излезот од него. Подгответе се, ќе имаме тешка економска десттолетка што ги затвора и вратите и надежите за подобро утре.


#
Статијата е прочитана 1541 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Велија се пишмани, новинарите биле кабает
Европа се смрзнува, а ние со куси ракави
Златен финиш на „Позлати го животот“
Нема веќе неконтролирана градба
Внимавајте, ботовите напаѓаат!
Тројца загинаа во сообраќајки низ земјава
Посакува принцот Вилијам да го покани на свадба
Русија и Катар ги добија светските првенства во 2018 и 2022
Џулијан Асанж е во Велика Британија
Кој ќе се испазари за 5 мин.
Ливерпул и ПСЖ пројдоа во Лига Европа
Убијте го „Викиликс“
Предупредивме!
Во Кратово реставрирана Симиќева кула
Политиката – младешка опсесија
Италија по 13 години, пак ќе запее на „Евросонг“
 


Bosnia struggles to form state and entity governments
Bulgarian politicians caught in luxury phone trap
Thousands still missing from Yugoslavian wars