Број 3448  петок, 03 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter

Тројца загинаа во сообраќајки низ земјава

(03.12.2010г.-13:28ч.) Тројца загинати и еден повреден е билансот на две тешки сообраќајни несреќи што вчера се случија низ земјава.

Татко и син загинаа во несреќа што се случи на патот меѓу Градско и Прилеп, поточно во близина на тунелот кај селото Фариш. Како што соопшти МВР, околу 14,20 часот дошло до директен судир меѓу "форд ескорт", управуван од Никола Поповски (24) од Скопје и камион "Ман", управуван од И.И. (41) од Скопје. Судирот бил кобен за возачот на автомобилот, кој загинал на самото место, додека неговиот татко Страшо Поповски (61) се здобил со тешки повреди, на кои што им подлегнал во кавадаречката болница.

Од полицијата информираат дека едно лице загина, а едно е повредено во тракторска несреќа што се случи околу 10 часот на локалниот пат меѓу струмичките села Иловица и Дрвош. Димитар Илиев (67) од селото Штука, изгубил контрола врз тракторот што го управувал и се превртел, по што починал. Сопатникот Р.И. (71) се здобил со телесни повреди.




#
Статијата е прочитана 1176 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Велија се пишмани, новинарите биле кабает
Европа се смрзнува, а ние со куси ракави
Златен финиш на „Позлати го животот“
Нема веќе неконтролирана градба
Внимавајте, ботовите напаѓаат!
Бизнисот и десттолетката
Посакува принцот Вилијам да го покани на свадба
Русија и Катар ги добија светските првенства во 2018 и 2022
Џулијан Асанж е во Велика Британија
Кој ќе се испазари за 5 мин.
Ливерпул и ПСЖ пројдоа во Лига Европа
Убијте го „Викиликс“
Предупредивме!
Во Кратово реставрирана Симиќева кула
Политиката – младешка опсесија
Италија по 13 години, пак ќе запее на „Евросонг“
 


Bosnia struggles to form state and entity governments
Bulgarian politicians caught in luxury phone trap
Thousands still missing from Yugoslavian wars