Број 3448  петок, 03 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter

Џулијан Асанж е во Велика Британија

Полицијата ги знае телефонскиот број и адресата на која се крие

ЛОНДОН - Основачот на веб-страницата „Викиликс“, Џулијан Асанж, е во Велика Британија и полицијата знае каде се наоѓа, но досега се воздржуваше да преземе мерки по меѓународната потерница за негово апсење, пишува британскиот весник „Индипендент“.

Асанж, 39-годишен Австралиец, кој ја основаше веб-страницата што обелодени тајни американски дипломатски документи, доставувал контакт- детали до британската полиција по неговото пристигнување во октомври, пишува весникот. Притоа се цитираат полициски извори што велат дека знаат каде престојува Асанж и го имаат неговиот телефонски број. Се додава дека тој, најверојатно, е во Југоисточна Англија.

Меѓународната полициска агенција Интерпол неделава издаде „црвена тревога“ да се помогне во апсењето на Асанж, кој е баран во Шведска под сомнение за сексуална злоупотреба, но британската Агенција за тежок организиран криминал (СОЦА) досега одбиваше да го одобри тоа, пишува весникот. Повикувајќи се на анонимни извори „Индипендент“ пишува дека на СОЦА и' се потребни објаснувања за европскиот налог за апсење, што го издадоа шведските обвинители, но одложувањето се опишува како техничко. Британската полиција и СОЦА не сакаа да коментираат во контактите со Ројтерс.

Американските власти, повредени од меѓународната штета предизвикана со објавувањето на илјадници доверливи американски документи во медиумите, ветија дека ќе преземат мерки да ги спречат тие активности. Во понеделникот, американскиот јавен обвинител Ерик Холдер изјави дека Министерството за правда води „активна кривична истрага во врска со тоа прашање“ и инсистираше дека ветувањата на администрацијата на Обама за преземање мерки не се „ѕвечкање со оружје“.

Основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, имал углед на скептичени параноиден човек уште пред да го бараат од сите страни. Во случајов го бараат Америка - каде што владини адвокати се надеваат дека ќе му се суди по обвиненија за шпионажа - и Европската унија каде што се бара поради сослушување во врска со истрагата за силување во Шведска.

Од вторникот Асанж, исто така, се бара да се уапси во која било од 188 земји- членки на Интерпол - од Авганистан до Зимбабве - и да биде екстрадиран оттаму во Шведска. Последен пат е виден во Лондон, а постојат претпоставки дека сега се наоѓа во Велика Британија, иако постојано е во движење. За него не би било безбедно да се појави лично на конференција за печат, но неделава тој покажа дека може и натаму виртуелно да комуницира со новинарите преку видеоснимки на мобилен телефон или преку скајп.

Според дописникот на „Њујорк тајмс“ Џон Барнс, кој имал интервју со Асанж во октомври, тој ги менува мобилните телефони „како што други луѓе менуваат кошули“, користи готовина наместо кредитни картички и престојува кај пријатели или во хотели под лажни имиња. Кога двајцата се состанале во еден лондонски етиописки ресторан, Асанж зборувал шепотејќи поради страв од прислушкување од западни разузнавачки агенции.

Новинарот, кој го запознал Асанж во почетокот на годинава, изјави за Би-Би-Си дека неговото „прекумерно сомничаво“ однесување било причина средбата да биде непотребно непријатна. „Го прашувате некое наивно прашање, а тој ве погледнува како да прашува ’зошто сакате да знаете?’“, вели новинарот. Тогаш Асан�� не бил баран од Интерпол. Дури неодамна сериозно беше ограничена неговата слобода на движење.

Во април тој го посети Националниот прес-клуб во Вашингтон за да покаже видеоснимка на американски воен хеликоптер што уби 12 луѓе во Багдад во 2007 година, меѓу кои двајца новинари на Ројтерс. Неговата позиција стана понесигурна во јули, откако „Викиликс“ обелодени 77.000 американски воени документи за конфликтот во Авганистан, а и многу повеќе по објавувањето на речиси 400.000 тајни документи за војната во Ирак во октомври. (Ројтерс/ Би-Би-Си)


#
Статијата е прочитана 755 пати.

Испрати коментар

Од: tino
Датум: 03.12.2010 18:12:50
Tolku od demokratijata

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Велија се пишмани, новинарите биле кабает
Европа се смрзнува, а ние со куси ракави
Златен финиш на „Позлати го животот“
Нема веќе неконтролирана градба
Внимавајте, ботовите напаѓаат!
Бизнисот и десттолетката
Тројца загинаа во сообраќајки низ земјава
Посакува принцот Вилијам да го покани на свадба
Русија и Катар ги добија светските првенства во 2018 и 2022
Кој ќе се испазари за 5 мин.
Ливерпул и ПСЖ пројдоа во Лига Европа
Убијте го „Викиликс“
Предупредивме!
Во Кратово реставрирана Симиќева кула
Политиката – младешка опсесија
Италија по 13 години, пак ќе запее на „Евросонг“
 


Bosnia struggles to form state and entity governments
Bulgarian politicians caught in luxury phone trap
Thousands still missing from Yugoslavian wars