Број 3448  петок, 03 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter

Мислења

Предупредивме!

Гордан Георгиев

Kога поделбата меѓу народот изгледа како неповратен процес и кога насилното владеење го доживува своето крешчендо, мораме да почнеме процес на помирување

ОЧИ ШИРУМ ОТВОРЕНИ

Во овој период кога македонската демократија поминува низ тешки премрежиња, а некои ја дочекуваат неподготвени пролетта во декември, одлучив да се потсетиме на некои работи што биле кажани во едно време, повторувани со време, но очигледно недофатени навреме. Но, оптимисти сме дека има време да се поправиме.

Неколку дена по опсадата на А1 телевизија, ми пријдоа неколкумина познајници, очигледно читатели на моите колумни, и ми рекоа: „Навистина, ова што го зборуваш деновиве и за коешто велиш дека си предупредувал одамна, еве, сега ни се случува пред нашите очи. Малкумина верувавме дека дотука ќе стигне работава“.

Затоа, во оваа прилика, ќе извадам серија цитати што предупредувале на некои работи уште пред повеќе од една година. Претпоставувам, ако доследно одиме по матрицата на оваа власт, дека е можно работите да зовриваат и понатаму. На власта и' остана само стравот и насилството како метод на владеење.

Но, токму во оваа точка, кога поделбата меѓу народот изгледа како неповратен процес и кога насилното владеење го доживува своето крешчендо, ние мораме да го започнеме процесот на помирување. Да, наскоро (најмногу за една година отсега) ќе падне од власт врхушката на Груевски, но во небрано ќе останат една дузина добри луѓе кои во некои времиња се хранеле од власта на Груевски. Тие луѓе, гласачи на ДПМНЕ, чесни членови и активисти на партијата, па дури и одредени функционери на власта, не смеат да бидат третирани како и нивните наредбодавци, кои ја смислија целава пакосна игра во која како влог ја ставија нашата држава. Таквите луѓе имаат потреба од „преслекување“, на тие луѓе треба да им се подаде рака СЕГА, а не подоцна. Подоцна може да биде предоцна. Мора да им се овозможи достоинствен премин преку реката, а не да им се урне мостот и да се удават во брзаците. Сега, во најтешките моменти кога се прекршува работата, треба да почнеме да веруваме во добрината на луѓето и христијански да си простиме.

Еве за што пишував и како тоа изгледа од денешна перспектива.

30 јули 2009: ...Се прашувам, како е можно една Влада блиска до народот да се плаши од истиот тој народ и да бега од соочување со разномислечките луѓе, па макар тие биле и „неспособните транзициски комуњари“? А истовремено, истата таа власт да ги повикува истите тие „комуњари“ да бидат конструктивни и да шират единство. Се плашат, бидејќи и самата нивна матрица на владеење, во крајна линија, се заснова на страв. Прво, страв од соочување со аргументи, па макар тие доаѓале од добронамерни луѓе, а потоа сеење страв кај сите останати, без исклучок.

13 август 2009: ... Пишувам за улогата на јавните интелектуалци во создавањето и/или менувањето на стварноста. Во ситуација кога медиумите се преплавени со тривијалности и третираат теми што се замена за реалноста, вклучувајќи ги и параполитичките теми што ни ги сервира власта, единствен излез е да се излезе помеѓу народот, да се објаснува реалноста и да се преземе одговорноста. Не зборувам за фасадно излегување пред народот, диригирано од ПР-штабовите на партијата на власт. Зборувам за автентичен граѓански и политички (не нужно партиски) активизам, во кој првиот и вториот неминовно се преплетуваат. Македонија е мала земја, со скромни ресурси. Токму затоа ни треба сплотеност на сите потенцијали во државата.

31 август 2009: ... И бидејќи нивниот авторитет се заснова на страв, токму затоа и ќе биде оспорен. Ваква стравовлада немало досега во нашата Македонија. Во мое име, а верувам и во името на мојата партија, ветувам дека ќе се борам ваква недемократска влада веќе никогаш да нема во Македонија. Притоа, верувам дека помладите генерации во ВМРО-ДПМНЕ (иако веќе сега се на високи функции) ќе се освестат и ќе го оспорат авторитетот, којшто им беше даден на тацна само затоа што се млади, неискусни и можеше евтино да им биде купена лојалноста.

28 септември 2009: ...Во нашава тажна Македонија, под водство на Груевски, овој коктел, покрај тоа што е многу опасен, се сведува на метод на владеење со „својот“ дел од народот (вмровскиот) и угнетување на сите останати. Кога таквиот режим ќе влезе во фаза на параноја (а таа фаза веќе е почната) почнува да ги угнетува и своите. Се' до последната врхушка на власта, кога понижувањето што им го сервира секојдневно Груевски на „своите“ и угнетувањето што им го приредува на сите останати, не може да трае предолго. Ако не си со нас, тогаш сигурно си против нас.

19 септември 2009: ... Во минатата колумна ги потсетив вашите браќа и сестри дека е време да прочитаат и други книги од нивните библиотеки. Сега гледам дека и Вие и тие останале на она исто четиво што толку многу ве воодушевуваше сите вас кога го делевте под рака за време на политичките академии на ДПМНЕ. Тогаш силните југенд, а сегашни парламентарци, министри, директори, градоначалници, советници, воодушевено ми зборуваа (мене лично!) за фантастичните пораки и методи што ги содржи книгата. Добро знаете на која книга мислам: „Меин кампф“ од Адолф. Е па држава не може да се води со една прочитана книга, а никако со онаа напишана и остварувана од Адолф лично.

И не можам да разберам кога нашите медиуми го толкуваат ова писмо како повик за предвремени избори, а забораваат на суштинската порака во писмото, толку експлицитно кажана и потпишана своерачно од Никола Груевски. Какви бре предвремени избори, не се работи за тоа, се работи за предвремено стивнување на се' што мисли поинаку во оваа држава. Се' што мисли поинаку од браќата и сестрите кои се повикани од премиерот да се пресметаат со сите неистомисленици.

28 јануари 2010... Компарацијата на Груевски со Милошевиќ е сосема наместо. И двајцата, во недостиг од друга политика, си поигруваа(т) со најниските страсти на граѓаните, ги поттикнуваа(т) негативните емоции кај граѓаните и јаваа(т) на бранот на создавање непостојни непријатели. Накратко, ги користат емоциите во политиката за остварување една и единствена цел: одржување власт по секоја цена и без разлика на долгорочните последици врз државата. Притоа, во таквата спирала на моќ, спремноста да се жртвуваат најблиските соработници е повеќе од очигледна.

6 мај 2010: ... Нашиве партиоти, со партиска книшка и великоалександровски претензии, имаат намера до толку да ја изострат поделбата на патриоти и предавници што ќе дојде ден кога и самите ќе се прашуваме како стигнавме до овде. Затоа, потребно е да се подготвуваме уште сега за падот на оваа власт. Да ги поставуваме темелите на редот и поредокот. Макотрпно да укажуваме за потребата од нормализација на нашите животи. Гледајќи го огромното мнозинство сиромашни граѓани во државава како живеат во очај, недозволиво е „удобното“ малцинство на привилегирани граѓани рамнодушно да пијуцкаат чај.

17 јуни 2010: ... Сепак, убеден сум дека за таквата борба е потребен огромен напор на секој поединец во ова општество. Меѓупартиската политичка битка е една работа, може да ви се допаѓа или не, борбата за подобра и посилна татковина е друга работа, и таа може да ве интересира или не, но борбата на секој поединец за подобрување на сопствената положба и подобар живот едноставно не може да не ве интересира. За тебе се работи. И, да те прашам, што одлучи во меѓувреме? Ќе седиш дома и ќе кукаш како се' е лошо, дека сите се виновни, дека ништо не може да се промени? Ќе шеткаш низ твојот стан, под клима-уред, ќе гледаш телевизија и ќе се мразиш себеси и целиот свет околу тебе или ќе преземеш одговорност за твојот живот и иднина? Гледаш дека другите околу тебе, особено оние што одлучуваат за важни аспекти од твојот живот, не се баш заинтересирани да ти помогнат.

9 септември 2010: ... Груевски да престане да го дели народот на непријатели и вмровци. Да не го труе и манипулира своето членство и да им објасни на тие луѓе дека од другата страна на барикадите, исто така, живеат нормални луѓе, кои и' мислат добро на државата и кои не се непријатели, туку политички противници или, едноставно, не мислат како него. Да им објасни на тие луѓе дека на наредните избори ДПМНЕ ќе ја изгуби власта, но нема да биде крај на светот и дека во никој случај тие луѓе нема да бидат уништени од „непријателот“. Таа зла крв мора да престане. Никој нема намера да им се одмаздува на тие луѓе, но имаме намера да ја истераме правдината на чистина за тие што грешеле и правеле зулуми на народот.

(Авторот е потпретседател на СДСМ)


#
Статијата е прочитана 1958 пати.

Испрати коментар

Од: zoran
Дат��м: 03.12.2010 12:18:22
Gordan, pogledni go GOLEMIOT Ekonomist reformator Gruevski kade investira vo poslednite 4 5 godini, VO prosiruvanje na Zatvoritre i kazneno popravnite institucii, i mediumsko pokrivanje na makedonija da vrsi propaganda vrz naselenieto na Makedonija vo negova korist, i sozdavanje kult na licnosta Gruevski,
Од: поединец-От
Датум: 03.12.2010 12:18:46
Потпретседателe СДСМ,на национална телевизија изјавивте : ТОА Е ФАШИЗАМ, Дали знаете што е тоа, или да ве потсетам. 'Фашизам е идеолошко-политичко движење или систем на владеење на најреакционерниот дел од крупната буржуазија и големопоседници, чија цел била создавање на богатство, господарење на светот и уништување на прогресивните движења, особено на работницкото движење". Јас како индивидуа ја видов цела ОПОЗИЦИЈА како таква, како беше зборот???? барем да остане збор, ќе биде подобро, без негово значење.
Од: tihi
Датум: 03.12.2010 12:43:07
Koga ke go trgnete vasiot Milosevic od tronot ,togas moze vasite zborovi da imaat tezina. Vaka e samo drn drn jarinja.
Од: Збогум СДСМ
Датум: 03.12.2010 13:00:43
Кој нашол да зборува за помирување...
Од: ФЕЛИКС
Датум: 03.12.2010 13:20:05
Ако толку му верувате на народот и тој е со вас зошто вашиот лидер не искочи на изборен дуел за повторен преседателски мандат.Поверојатно е да сте длабоко свесни за тоа колку народот вам ви верува,според анкетите ептен малку за освојување на толку посакуваната власт.Инаку јавно искажаните закани за насилно-уличарски намери за рушење на легална власт се ептен голем допринос за сплотување на народот.
Од: Jone
Датум: 03.12.2010 13:38:15
tvoite kritiki i odat na steta na SDSM
Од: Ivan P.
Датум: 03.12.2010 13:55:43
Jas ke ucestvuvam na marsot vo nedela od slednive pricini. 1. Minister za nadvoresni mi e covek koj ne go priznava mojot jazik. 2. Edinstvenata medicinska sestra koja vo edna godina kupila 4 stana e majkata na premierot. 3. Vo Bugarija ne prestavuva Dosta Dimovska koja ja negira mojata nacija. 4. Mojot sin kako inziner tri godini veke raboti na tezga a deteto na sosedot koe 6 godini ucese gimnazija pred nepolni dva meseci stana drzaven sluzbenik. 5. Drugar mi pocina a ne stigna na red za angiograf. 6. Stotici vraboteni vo stabovite na DPMNE zemaat plata od Fondot za zdravstvo a ne se ni pojavile tamu. 7.Studentski stipendii zemaat i deca koi za tri godini polozile tri ispiti. I konecno zatoa sto ja sakam Makedonija samostojna a ne vo "konfederacija" (citaj podelena).
Од: pandora
Датум: 03.12.2010 14:04:30
Da e se bas taka kako sto pisuvate vo cetvrtokot nokta po nastanite vo A1 televizija narodot na Makedonija ke izlezese i ke ja urnese Vlasta. I vasiot Lider so novite smiruvacki tonovi se ogradi od vas, kako i Velija svoite novinari. No "Lisjata" prodolzuvaat da pagjaat neli.
Од: vlade
Датум: 03.12.2010 14:21:39
g. Gorgiev, begaj od taa demonska jazbina dodeka e vreme... mi se cinis kako dobar i razbran covek.
Од: SDSM
Датум: 03.12.2010 15:15:45
Miloshoski e PREDAVNIK ! Namesto da raschistuva vo MSP za nelegalnata referenca BJRM, toj se moli na Grcite ! Sramota !!
Од: јас
Датум: 03.12.2010 16:47:03
Среќко , пак погрешно си го препишал коментарот:Бранко ВЕЌЕ ПОВИКА на предвремени избори..Прашање на твојот овчар дали ќе го прифати повикот:Си знае самиот , еднаш е 2008 година и еднаш се лажат овците, затоа бега дури во Африка , да провери клима и терен ( од кај знаеш , се ’ си бива )....
Од: karokan "gambit"
Датум: 03.12.2010 18:21:45
G-dine Felix,nema sto ponatamu nitu da dodadam,nitu da odzemam. Procitaj go komentarot na Ivan P i sam odgovori si na site navedeni tocki. Del od istite ti bea i moi prasanja so eden poranesen komentar. Ovie prasanja ti proizleguvaat od nepoosrednata napatenost na skripterot,a ne vrz osnova na nekoi drugi viduvanja. Spored narodnata: "Prasaj patalec,a ne gatalec" Poveli????????????????????????????????.
Од: Горче
Датум: 03.12.2010 21:23:32
Е сега со овој текст што кажавте????? Додека Б.Ц ви е војсководец нема да добиете ниту една политичка војна!!! За жал ова што си го напишал за ВМРО целосно се поклопува со вашиот профил!!! Да не сте грешка?? Да не пишувавте автобиографија??
Од: Миле - Охрид
Датум: 03.12.2010 22:30:42
„...македонската демократија поминува низ тешки премрежиња,... “ подржувачите на грчките шовинистички уцени се обидуваат да предизвикаат насилство и хаос во Македонија. Намерата им е да октроисаат нова власт која ќе го промени името на државава. „Надежта“ дека пеомената на името е сеопфатно решение за сите проблеми во државава е лажна надеж. Промената на името под притисок (макр и една буква) е кинење на последната врска меѓу македонскиот народ и неговата држава. Тоа е последниот чекор во напорот за бришење на Македонија од картата ��а светот.
Од: nekoj
Датум: 04.12.2010 01:01:16
I mene mi gleda pameten deckovo, ama so onie poranesnite od SDMS, jok. Daj da oformime nova partija, uslov za zaclenuvanje na sekoj nov, ke bide, da ima barem 18 god i do sega da nema partiska kniska od nitu edna partija, da ne platil ili primil mito, da ima min. sredno obrazovanie i 10 god rabotno iskustvo ili visoko + minimum 5 god iskustvo, da zboruva barem 2 stranski jazika i da ne se cuvstvuva kako anticki makedonec :)

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Велија се пишмани, новинарите биле кабает
Европа се смрзнува, а ние со куси ракави
Златен финиш на „Позлати го животот“
Нема веќе неконтролирана градба
Внимавајте, ботовите напаѓаат!
Бизнисот и десттолетката
Тројца загинаа во сообраќајки низ земјава
Посакува принцот Вилијам да го покани на свадба
Русија и Катар ги добија светските првенства во 2018 и 2022
Џулијан Асанж е во Велика Британија
Кој ќе се испазари за 5 мин.
Ливерпул и ПСЖ пројдоа во Лига Европа
Убијте го „Викиликс“
Во Кратово реставрирана Симиќева кула
Политиката – младешка опсесија
Италија по 13 години, пак ќе запее на „Евросонг“
 


Bosnia struggles to form state and entity governments
Bulgarian politicians caught in luxury phone trap
Thousands still missing from Yugoslavian wars