ТЕТОВО - Во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Тетово - Јажинце загина Драгица Ветеровска (57), службеничка во Основниот суд во Тетово. Со тешки повреди се здобил и нејзиниот сопруг Слободан Ветеровски (63), кој е задржан во болница. До несреќата дошло во средата по 16 часот. Сопружниците Ветеровски со „југо 55“ имале намера да свртат кон локалниот пат за Отуње каде што имале викендичка. Од спротивната страна наишло возило „БМВ 530“ со охридски таблички управувано од Алија Јаоски (40) од Пласница. Судирот бил стравотен, а последиците катастрофални. На двајцата сопружници им била укажана помош во Клиничката болница во Тетово, а оттаму итно упатени во Скопје. На пат за Клинички центар, Драгица им подлегнала на повредите. (Г.Е.)