Инсталацијата го изгоре автобусот на „Берово транс“
ВЕЛЕС - Палењето на инсталацијата во близина на акумулаторите, според полицијата, е причина за пожарот во автобусот на „Берово транс“ на патот Велес - Штип. Во огнената стихија изгореа две илјади хектари со пченица, стрништа и сува трева кај местото Ново Село, Велешко. Во пожарот немаше повредени, бидејќи патниците и возачот навреме го напуштиле автобусот. Автобусот најнапред се запалил во задниот дел, но пожарот брзо се проширил кон внатрешноста на автобусот, каде што од пламенот и високата температура распрскале стаклата. Според полицијата, токму парчињата стакло ја запалиле сувата трева покрај патот. Пожарникарите цели седум часа се бореа со огнената стихија, при што им помогнаа локалното население и сопствениците на викенд-куќичките. (С.Ќ.Н.)
|