Брoj 2728  петок, 04 јули 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Фељтон
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Хроника

Затвор за судија од Виница и за заменик- јавен правобранител

Судскиот кривичен совет од судот во Штип на виничкиот судија Методи Гоцевски му одреди казна затвор од една година, а на заменик-јавниот правобранител од Кочани Јордан Данилов осум месеци, бидејќи ја злоупотребиле својата службена должност. Гоцевски како судија во Основниот суд во Виница донел одлука Петруш и Киро Карчови од истиот град противправно да се стекнат со имот, кој бил во сопственост на државата. Судијата без да ги изведе доказите и само на дадени искази од сведоците на семејството Карчови, им обезбедил имот вреден 1.652.150 денари, кој се состои од ливади и шуми во атарот на селото Лаки.

Заменик-јавниот правобранител од Кочани, и покрај тоа што знаел за одлуката на судијата, во првиот случај не поднел жалба, а во вториот поднел, но од непознати причини ја повлекол, па одлуката на судијата станала правосилна. Во овој случај, Република Македонија е оштетена поради што е упатена на натамошна постапка за барање отштета. (МИА)


Статијата е прочитана 464 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Хроника
Инсталацијата го изгоре автобусот на „Берово транс“
Војниците закрепнуваат, АРМ ги истражува причините за излетувањето на џипот
Пронајдено возилото на таксистот, опожарено и со јагленосано тело во него
Обдукцијата готова, траги од крвта на Танески најдени и кај трета жртва?
Жена загина во сообраќајка кај Тетово
Приведени шверцери на смрзнато месо од Австралија