Војниците закрепнуваат, АРМ ги истражува причините за излетувањето на џипот
Деветте војници на АРМ, повредени во завчерашната сообраќајка на армискиот џип „ленд ровер“, се чувствуваат добро и се надвор од животна опасност. Осум војници, кои се здобија со полесни повреди, вчера и денеска ќе бидат пуштени дома, додека потешко повредениот војник е опериран и тој ќе остане уште неколку дена во Воената болница, информираат од ГШ.
Армискиот џип што се преврте во средата околу 14,30 часот кај скопско Визбегово е однесен на вештачење, по што ќе бидат познати причините за несреќата, што можеше да биде кобна. Веднаш по сообраќајката, ГШ се изјасни дека џипот, кој се движел кон полигонот „Стенковец“, не бил цел на напад или на некаква диверзија. (Г.А.)
|