Број 3075  вторник, 01 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter

Европа - Балкан

Добро утро, Неврзани!

Иван Торов

Зошто политичарите од поранешните југословенски републики наеднаш се заинтересираа за „блиска соработка“ со „третиот свет“?

БЕЛГРАД - Малкумина можеа и да претпостават дека по крвавите децении од распаѓањето на Југославија, кое прво српските интернационалисти, а потоа и властодржечката матрица на Милошевиќ им го препишуваа на еднопартиската комунистичка власт, српската официјална политика последниве неколку месеци со забележителен „пиетет и почит“ зборува за личноста на Јосип Броз Тито. Секако, не станува збор за нова ревизија на неговото владеење, уште помалку за враќање во училишните учебници, или, пак, враќање на имињата на улиците во Белград и на останатите градови во имиња на најславни партизани и револуционери, кои така ревносно беа елиминирани во долгогодишната опсежна кампања за „српски национален препород“. Станува збор за Движењето на неврзаните, односно ненадејна заинтересираност на надворешната политика на Тадиќ дека овој, некогаш силен и влијателен светски фактор, би можел да и' послужи на целта - одбрана на територијалниот и државниот интегритет и суверенитет на Србија т.е. Косово.

Агилната белградска дипломатија, на знак на Тадиќ, веднаш се зафати со работа. И самиот Тадиќ замина на Самитот на неврзаните, кој денес брои 118 земји, во елитниот Шарм ел Шеик во Египет, и им се обрати на бројните лидери со избрани зборови на потсетување на „историските и пионерските денови“ кога Тито, Нехру и Насер ги удираа темелите на Движењето. Барајќи, покрај тоа, во 2011 година кога Движењето ќе слави 50-годишен јубилеј, домаќин повторно да биде Белград како во далечната 1961 година. Мубарак, велат, бил за тој предлог, а Белград за кратко време ја испрати понудата до сите поранешни републики на Југославија да му се придружат во организацијата на тој собир. Не е никаква пречка што ниту една од шесте поранешните ју-држави веќе не е членка на Организацијата на неврзаните, што, освен Словенија и Македонија, кои немаат никаков статус, останатите четири држави (Србија, Хрватска, БиХ и Црна Гора) имаат статус на набљудувачи. Важно е да се манифестира гостопримство и да се покаже дека нешто добро, макар само и во траги, од онаа поранешна заедничка држава, се' уште останало во потсвеста на денешните политичари. Засега, колку што знаеме, Сараево и Подгорица позитивно одговорија на повикот на шефот на српската дипломатија, Вук Јеремиќ, такво нешто најверојатно ќе направи и Хрватска, се очекуваат само одговорите од Македонија и од Словенија. Во септември, во Њујорк на маргините на Генералното собрание на ОН, е планирано да се состанат министрите за надворешни работи на сите шест држави и тогаш ќе биде јасно дали Белград ќе биде заеднички домаќин.

Србија, сепак, не крие дека мотивите за оваа ненадејна љубов кон Движењето на неврзаните се прагматични, што ќе рече, дневно-политички. Во дипломатската офанзива да спречи помасовно признавање на независноста на Косово, процени дека улогата на домаќин би и' овозможила уште подиректно да влијае на неврзаниот, особено исламски свет, претерано да не брза со воспоставување дипломатски односи со Приштина. Барем додека Меѓународниот суд за правда во Хаг не процени, како што се очекува во Белград, дека сецесијата на Косово беше, што се однесува до меѓународното право, нелегална. Бидејќи многу неврзани земји имаат исти или слични проблеми со своите сецесионистички движења, повикувањето на Србија на меѓународното право и почитувањето на територијалниот интегритет и државен суверенитет и досега имаше забележителен успех.

Всушност, во време на подготовки за Самитот во Египет, српската дипломатија, покрај останатото, најавуваше дека соработката (не и зачленувањето) со Движењето на неврзаните би имала ефект и на надворешно-трговската размена, бидејќи станува збор за голем, иако не многу богат пазар. Дури и во јавните настапи на Тадиќ се спомнуваше дека „блискиот контакт“ со „третиот свет“ ќе биде уште еден од носечките столбови на српската надворешна политика. А дека, повторно, станува збор за дневна тактика, а не осмислена долгорочна стратегија се покажа токму деновиве, по петдневната посета на Борис Тадиќ на Кина, со повеќе пати повторената изјава дека Србија ќе се потпира на четири столба: ЕУ, Русија, САД и Кина. Неврзаните, така, брзо дојдоа во реториката на српските политичари, но, исто така, и брзо исчезнаа од неа. Дали со пропуст на шефот на државата или затоа што надворешната политика се одредува и се утврдува во партиските кабинети, без јасна визија и стратегија, остана (официјално) неразјаснето. Но, не за долго, бидејќи допрва претстојат заемни консултации на државите од просторот на поранешна СФРЈ за конечната одлука дали Белград ќе биде заеднички домаќин на јубилејниот Самит на неврзаните.

Се чини дека главниот мотив во сето тоа нема да биде толку сентименталното потсетување на „славните времиња“ кога „голема“ Југославија под Тито играше главна улога во светската политика, колку желбата на политичките гарнитури на поранешните југословенски републики, на Белград, сепак, да не му се дозволи да биде единствен секцесор на неврзаната политика на СФРЈ. Всушност, шефот на хрватската држава, Степан Месиќ, во повикот до Владата на Јадранка Косор да го прифати предлогот на Србија порача дека би било „апсурдно Белград да се промовира како единствен наследник на поранешна Југославија и на толку важното Движење“.


#
Статијата е прочитана 978 пати.

Испрати коментар

Од: Ljubotan
Датум: 01.09.2009 04:52:04
Interesantana analiza za srpskata diplomatija ; se vo Se e : Kosovo i baranje, na Srbija ,drzavi sto ce bidat na Srpskata strana! Sosema normalno i Diplomatski ispravno. Bi ve prasal ?? Zosto Makedonija saka da bide Clen na NATO, samo da bi se odbranila od Kosovo i ilirida , zosto so clenstvoto vo NATO granicite na Makedonija ce bidat permanentni!
Од: Karamanlis
Датум: 01.09.2009 08:43:48
O Ljubotan Na Makedonija nne i se zakanuva Kosovo i Ilirida tuku nejzinata vnatresna diskriminatorska politika, a toa ne mo[e da go spreçi nitu NATO, nitu Rusija.
Од: ЦК СКВМРО®
Датум: 01.09.2009 09:22:25
Авторот, повторно измислува сказни! Југославија не се Распадна, туку ја Срушија Сецесионистите кои се кренаа против нејзиниот Устав! Проверете низ Историјата што им се случувало на Италијанските, Шпанските, Француските... Сецесионисти! Неврзани?! А зошто Да не? Па зарем светов мора да се повинува на Силеџиството, наметнато од НАТО, ЕУ, ММФ...?! Сукцесори на СФРЈ секако треба да бидат исклучиво оние кои го признаваат постоењето на Југославија, од нејзиното создавање, до нејзиното Насилно Уривање! И секако завршивте со последниот нејзин претседател, чија задача и цел (Рушење) си ја постави самиот (со огромна помош на Усташкото братство и клерот): „Јас ќе бидам последниот претседател на СФРЈ!“.
Од: Скопjанец
Датум: 01.09.2009 14:53:16
@Karamanlis. Можеби Косово и Илирида не се закануваат директно на РМ, но индиректното е очевидно - папочната врвка на алб.политичари од РМ им е во Приштина и Тирана и тамо одат на реферирање и на добивање совети и упатства. Целта е однвнатре да се создадат услови за тоа што они го сакаат.

Најди! во Утрински
Насловна
Во индустријата лесно се останува без работа
Зденко
Нова козметика на буџетот
Полска - почетокот на крајот на комунизмот (7)
Маркичката за црква на плоштадот се претвори во линија
Непристојни споредби
Класичните светилки одат во историјата
Ни анонимките не помагаат да се пронајде малата Ангела
Конзервативците на Меркел претрпеа регионални порази
Саат кулата во Битола алергична на песни за партизани?
Учебната година почна со куп проблеми
Популизмот како маркетиншка стратегија
Досиејата за лустрацијата се во Белград