Број 3075  вторник, 01 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter
Конзервативците на Меркел претрпеа регионални порази

Високи членови на ЦДУ, по поразот во три сојузни држави, побараа поагресивна кампања

БЕРЛИН - Високи членови на конзервативната партија на канцеларката Ангела Меркел вчера предупредија дека големите порази на регионалните избори што се одржаа викендов се повик за будење еден месец пред изборите во Германија и побараа поагресивна кампања. Конзервативците имаат двоцифрена предност во однос на нивните главни ривали, Социјалдемократската партија (СПД) на регионалните избори, пред изборите на 27 септември на кои Меркел веројатно ќе биде реизбрана. Меѓутоа, не е познато дали таа ќе може да формира централно-десничарска влада со посакуваниот партнер, проделовната Партија на слободни демократи (ФДП), или ќе заврши во втора „голема коалиција“ со СПД.

Конзервативците на Меркел во неделата претрпеа двоен удар кога опадна поддршката за нејзината Демохристијанска партија (ЦДУ) за повеќе од 10 поени во две држави - Сар, на границата со Франција, и Тирингија во поранешниот комунистички источен дел. Лидерите на ЦДУ во двете држави би можеле да бидат истиснати од левоориентираните коалиции иако на изборите во источната држава Саксонија ЦДУ има изгледи да остане на власт, веројатно во коалиција со ФДП.

Конзервативците се загрижени дека би можеле да претрпат поголемо опаѓање на поддршката, како последните седмици од кампањите во 2002 и во 2005 година. „Ова е повик за будење за сите во конзервативната партија, кои веруваат дека изборната победа на 27 септември е завршена работа“, изјави Волфганг Босбах, заменик-претседател на парламентарната група на конзервативците за Баварското радио. Социјалдемократската партија, со која Меркел ја дели власта од 2005 година, е охрабрена од резултатите, иако добивките се скромни. Главниот ривал на Меркел, Франк Волтер Штајнмаер, изјави дека резултатите се во поволна насока за неговата партија. „Две работи се јасни: конзервативците претрпеа драматични порази и не постои желба за коалиција меѓу конзервативците и ФДП“, изјави Штајнмаер за дневниот весник „Хановерше алгемајне“.

Сепак, конзервативците ќе искористат каква било соработка меѓу нивната партија, Партијата на зелените и екстремната Партија на левицата, на државно ниво за да ги предупредат гласачите на опасниот „црвен бран“. Некои конзервативци ја критикуваа стратегијата на нивната партија во кампањата дека е премногу воздржана. Досега Меркел многу не се појавуваше во јавноста и нејзин приоритет е избегнувањето грешки. (Ројтерс)


#
Статијата е прочитана 298 пати.

Испрати коментар

Од: Promeni
Датум: 01.09.2009 00:17:14
Konzervativnata partija vo japan koja skoro ped decenii bese na vlas, dozivi fijasko na izborite, eve i popularnosta na konzervativcite vo Germanija drasticno opdja.Toa e rezultat na razocaruvanje na narodot od ucmaenite konzervativni programi koi ne donesoja nikakov progres i prosperitet na obicnite gradjani, a proteziraat, konzervatizam , zatvorenost i zastita na bogatite sloevi vo nivnoto opstestvo. dali levicata vo evropa i svetot se preporoduva i ojacuva?

Најди! во Утрински
Насловна
Во индустријата лесно се останува без работа
Зденко
Нова козметика на буџетот
Полска - почетокот на крајот на комунизмот (7)
Маркичката за црква на плоштадот се претвори во линија
Непристојни споредби
Класичните светилки одат во историјата
Ни анонимките не помагаат да се пронајде малата Ангела
Саат кулата во Битола алергична на песни за партизани?
Добро утро, Неврзани!
Учебната година почна со куп проблеми
Популизмот како маркетиншка стратегија
Досиејата за лустрацијата се во Белград