Број 3075  вторник, 01 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter

Ни анонимките не помагаат да се пронајде малата Ангела

Во МВР примиле седум анонимни пријави околу судбината на Ангела, но сите биле неточни

Изминува шестата недела откако шестгодишната Ангела Ѓорѓиоска исчезна во своето родно село Дуње. Веќе четириесет дена нема никаква трага од малото девојче со костенлива коса и кафеави очи. Нејзината фотографија, основните генералии и апелот за помош и натаму стојат на Интернет-страницата на Министерството за внатрешни работи (МВР), како и на граничните премини од земјава, а за случајот знаат и инспекторите на Интерпол. Но, напредок во истрагата нема.

Интересот за исчезнатата Ангела, која денеска како првоодделенка требаше да тргне на училиште во Прилеп, не стивнува. На улиците се шират разни гласишта околу судбината на малото девојче. Анонимни јавувања и писма во кои се наведува кој го грабнал и каде го одвел девојчето пристигнуваат и во редакциите на весниците, но и во полицијата. Во МВР велат дека досега примиле седум анонимни дојави, но дека сите се покажале како неточни.

„МВР ги проверува сите информации и шпекулации кои по различни патишта стигнале до нас. За жал, досега не успеавме да потврдиме дека некоја анонимна дојава е релевантна“, велат во полицијата.

Најчеста шпекулација што се прошири во јавноста е дека девојчето било грабнато и однесено во едно село во западниот дел од земјава. Граѓаните шпекулираат и за други сценарија, но во полицијата објаснуваат дека засега нема ништо поконкретно во истрагата.

„Истрагата не е запрена, продолжуваме да работиме на случајот“, уверуваат во МВР.

Шестгодишната Ангела Ѓорѓиеска исчезна на 23 јули околу пладне. Со својата 20-годишна братучетка била на гости на другиот крај од селото од нивната куќа оддалечен околу 7-8 минути пеш. Кога и' здодеале гостите, сакала да си замине дома. Братучетката останала, а Ангела тргнала сама да си оди. Оттогаш и' се губи трагата.

Во потрагата по Ангела учествуваат најобучениот кадар и опрема на полицијата. Полициските хеликоптери го чешлаа цело Мариово, се испразнија сите бунари во селото, се провери секоја куќа, а на распит беа повикани десетици луѓе, меѓу кои и блиски на девојчето. (Г.А.)


#
Статијата е прочитана 3525 пати.

Испрати коментар

Од: od Bobby
Датум: 01.09.2009 00:22:33
Tragedija ali ne smeete da prestanete so baranjeto vie treba da gi kontrolirate site pedofili i sverceri na deca Devojceto e samo kidnapirano ja delam bolkata so Roditelite.
Од: zabegan.
Датум: 01.09.2009 08:29:20
се чудам како можат да се јавуват анонимни.Со лаги да се поигруват со болката на Родителите на ДЕВОЈЧЕТО.По мое тие луѓе несе луѓе него стока.
Од: Биљана
Датум: 01.09.2009 13:18:44
Недоволно се трудат од МВР во потрагата, до сега требаше барем да имаат некакви траги,. Требаше на почетокот да биде интензивна потрагата,колку повеќе се чека помали се шансите.Зар не ги испитаа сите оние кои во тој период излегле и влегле во земјава, можеби имало повратници од странство во градот, што не ги "прочешлаат" тие села за кои им кажале "анонимките", ама така е кога ги вработуваат преку врски во такви сериозни институции.
Од: saso
Датум: 01.09.2009 15:20:17
gospo da mu pomozi da ja najdat ziva i zdrava greota za semejstvoto nejkam ni da znam kako im e so gospo napred

Најди! во Утрински
Насловна
Зденко
Нова козметика на буџетот
Полска - почетокот на крајот на комунизмот (7)
Во индустријата лесно се останува без работа
Маркичката за црква на плоштадот се претвори во линија
Непристојни споредби
Класичните светилки одат во историјата
Конзервативците на Меркел претрпеа регионални порази
Саат кулата во Битола алергична на песни за партизани?
Добро утро, Неврзани!
Учебната година почна со куп проблеми
Популизмот како маркетиншка стратегија
Досиејата за лустрацијата се во Белград