Број 3075  вторник, 01 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter

ЕДИТОРИЈАЛ

Нова козметика на буџетот

Нина Нинеска-Фиданоска

Уште еден „шминкерски“ ребаланс. Македонските власти по којзнае кој пат откако изби светската криза ни докажаа дека апсолутно немаат сериозна намера да се откажат од својата буџетска комоција и непотребни трошења за да му помогнат на бизнисот, кој ги преживува можеби најтешките моменти во последниве неколку години. Сумата од само 70 милиони евра за кои министерот за финансии, Зоран Ставрески, оценил дека е доволна да се скрати, доволно зборува дека Владата и во наредните неколку месеци не планира значајни буџетски заштеди.

Колку новиот предложен ребаланс е многу повеќе козметика отколку реална и издржана корекција на државната каса, покажува главниот показател на кој се базира, а тоа е предвидениот пад на македонската економија од само 0,6 проценти.

Настрана обвинувањата од опозицијата, настрана сугестиите од економските експерти, ама навистина, да се прогнозира негативен раст на нашиот БДП од само 0,6 отсто во време кога индустриското производство во јули драматично потона за цели 20 отсто, а слични, па дури и полоши економски показатели се очекуваат и во следните месеци, е работа која веројатно можат да си ја дозволат само уште премиерот Никола Груевски и неговата десна рака Ставрески. Само овие двајца политичари имаат толку многу храброст да ја убедуваат македонската јавност во нивните розови прогнози, иако и самите се свесни дека нема да се остварат. Така, во услови кога ММФ предвиде дека македонската економија оваа година ќе падне за два процента, а централната банка укажа дека негативниот раст ќе се движи во рамки од минус 1,8 отсто, па дури до можни минус 2,5 отсто, да се убедуваат македонските граѓани дека БДП ќе падне за помалку од еден отсто, и врз таа основа да се креира ребалансот на државниот буџет, навистина е непристоен и нефер однос на една власт.

Статистичките бројки, барем оние со кои досега располагаме, се неумоливи и говорат дека ништо добро ниту се случува ниту во следните месеци ќе се случува на економски план. БДП во првиот квартал падна за 0,9 отсто, но веќе и власта признава дека падот во второто тримесечје ќе застане на скалата од околу два отсто. Третиот квартал сигурно нема да биде подобар, па се поставува прашањето како ќе се „извади“ просекот од 0,6 проценти. Дали можеби некој очекува да се случи економско чудо во четвртото тримесечје, па нашите компании, кои сега се во очај, преку ноќ да ги обноват договорите со странските партнери, „на улица“ да ги најдат потребните пари за обртен капитал и автоматски да го подигнат БДП онака како што зацртале економските министри. Доколку власта се наде��а на економско заздравување како резултат на излезот од рецесија на неколку европски економии, мора да се спомене дека светските економски аналитичари предупредија оти таа состојба е целосно нестабилна и со бројни ризици. Покрај тоа, треба да помине време додека македонскиот бизнис го почувствува бенефитот од закрепнувањето на овие држави, пред се', затоа што тие сега во голема мера ги штитат своите стопанства.

Значи, крајно е спорна проекцијата за БДП, а уште попроблематично е кастрењето на само 70 милиони евра, иако претходникот на Ставрески, професорот Трајко Славески, уште пред неколку месеци драматично апелираше да се скусат најмалку 100 милиони евра. Дека овие кратења нема да бидат доволни, аргумент плус е фактот што и самиот Ставрески не ја исклучи можноста од трет ребаланс на буџетот.

И, конечно, освен податокот што ќе се скратат од 11 до 12 милиони евра за плати, мобилки на државните службеници и дневници, како и дека нема да има пари за набавка на автобуси, многу се штури другите информации за тоа на што друго ќе се штеди со новата корекција на државната каса.

Не за бадијала министерот Ставрески одбра да не одржи прес-конференција за ребалансот, туку си одреди медиуми по своја желба и таму дозирано одговараше за тоа што тој ќе содржи.


#
Статијата е прочитана 864 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Насловна
Зденко
Полска - почетокот на крајот на комунизмот (7)
Во индустријата лесно се останува без работа
Маркичката за црква на плоштадот се претвори во линија
Непристојни споредби
Класичните светилки одат во историјата
Ни анонимките не помагаат да се пронајде малата Ангела
Конзервативците на Меркел претрпеа регионални порази
Саат кулата во Битола алергична на песни за партизани?
Добро утро, Неврзани!
Учебната година почна со куп проблеми
Популизмот како маркетиншка стратегија
Досиејата за лустрацијата се во Белград