Број 3075  вторник, 01 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter

Досиејата за лустрацијата се во Белград

Многу сомнежи во почетокот на прочистувањето на општеството


Оливера Војновска

Со многу сомнежи и непознатости од денеска во Македонија стартува лустрацијата. Во самиот старт на долгонајавуваниот прочистувачки процес на општеството, вчера беа искажани стравувања дека најголемиот дел од документацијата е прочешлана и не е во државата, што само по себе го доведува под голем прашалник успехот на целиот проект.

Еден од лустраторите, довчерашниот заменик-претседател на Комисијата за верификација на фактите, Ѓорѓи Малковски, на првата прес-конференција на Комисијата соопшти дека најголемиот дел од досиејата се во Белград и, според негово мислење, доколку бидат побарани, нема да ни бидат дадени.

Одговарајќи на новинарско прашање, Малковски рече дека во Македонија има вкупно 36.000 досиеја, од кои околу 16.000 се од идеолошки причини и се наоѓаат во Архивот, а 20.000 се на затвореници од „Идризово“.

Потоа тој појасни: „Во овие досиеја не се пресметани оние што се чуваат за оперативни работи во Управата за контраразузнавање и безбедност. Се разбира, имаме и досиеја што се чуваат во приватни архиви за кои немаме информации колкава е нивната бројка. Но, во основа, она што нас ни е потребно и јавноста треба да го знае е дека најголемиот дел од досиејата се наоѓаат во Белград. И тоа во комплетна форма, заради тој реципроцитет што постоел во поранешна Југославија, и за кои, се разбира, не знаеме во колкав број се, во каква состојба и за кои лица се тие досиеја“.

Ова признание на Малковски дека Комисијата, всушност, има врзани раце предизвика лавина новинарски прашања, по што неговите колеги со кои беше на заедничката прес-конференција (претседателот на Комисијата, Шпенди Винца, неговиот заменик Чедомир Дамјановски и досегашниот прв лустратор Агим Мехмети) се обидоа да го релативизираат тоа што тој го кажа.
Прашан на какви приватни архиви мисли, Малковски рече дека се работи за лични архиви на лица кои биле на функции во поранешниот систем и поради сплет на околности: функцијата, местото и позицијата, ги зеле тие досиеја, ги користеле за свои работи, а потоа ги зачувале. „За ова немаме точни информации и најверојатно никогаш нема да дознаеме колкав е тој број“, беше дециден Малковски.

На прашањето дали Комисијата има воспоставено комуникација со Белград, тој одговори: „Немаме воспоставено никаква комуникација“. А за тоа зошто е сигурен дека нема да ни ги дадат, Малковски рече: „Затоа што тоа се досиеја кои се чуваат во нивните служби за безбедност и кои, најверојатно, никогаш нема да ги добиеме. Можеби во некои подобри времиња, сега не!“

На нов��нарско инсистирање да ги поткрепи тврдењата, Малковски рече: „За сите досиеја што беа водени во Македонија до 1991 година, истовремено беше препраќана копија и во Белград. Тоа се оперативни досиеја за кои службата во Белград си води евиденција, не само за Македонија туку и за сите држави од поранешна Југославија. И нема да ни ги дадат, затоа што засега нивната политика е таква. И Архивот се' уште не може да добие архивски материјали од поранешна Југославија“. Потоа додаде дека „ниту една служба не би дала досие од таков карактер“ и појасни дека поентата е во тоа што некое досие од Белград можеби би ни требало во ситуација кога досието што е во Македонија не е целосно.

Додека Малковски говореше, Винца, Дамјановски и Мехмети цело време повторуваа дека „не се разбираме“. Објаснуваа дека допрва ќе побараат соработка со службата во Белград.

Особено нервозно реагираа на новинарските забелешки од типот: „Дали тоа значи дека Македонија нема да спроведе вистинска лустрација“. „Не можеме однапред да кажеме, да ги добиеме најнапред изјавите, ќе има постапка.... Има недоразбирање, Малковски зборуваше дека можеби постојат копии во Белград за одреден број досиеја што ги нема во Македонија. Не сите досиеја“, инсистираа на разбирање колегите на Малковски.

Претседателот на Комисијата, Винца, во неколку наврати кажа дека се сигурни дека лустрацијата ќе биде успешна. „Да не мислевме така, немаше да аплицираме“, ги уверуваше тој новинарите.

Инаку, почнувајќи од денеска, па до 30 септември, изјави за тоа дека не биле соработници со тајните полициски служби ќе даваат највисоките државни функционери: претседателот, премиерот и спикерот. Во овој прв бран, со кој ќе бидат опфатени околу 250 јавни функционери, изјави до Комисијата ќе доставуваат и пратениците, министрите и градоначалниците.

Комисијата најнапред ќе ја утврдува вистинитоста на изјавите кои веќе ги дале самите лустратори. Но, тоа ќе биде откако ќе се вселат во новите простории на 17. кат во зградата на МРТВ. Лустраторите веруваат дека тоа ќе биде наскоро и нема да се случи напразно да поминат уште шест месеци.


#
Статијата е прочитана 962 пати.

Испрати коментар

Од: дејан
Датум: 01.09.2009 00:48:57
Ништо страшно! Белград си ги има заштитено своите кодоши уште многуодамна.
Од: gargi
Датум: 01.09.2009 02:22:39
Brojkata na sorabotnici na tajnite sluzbi (i na stranskite) e ogromna ako se ima vo predvid deka vo porano nemalo sansi da se stane visok politicki funkcioner,direktor na golemo pretprijatie,sudija ili obvinitel i bilo sto drugo,ako prethodno ne se obavele "konstruktivni" razgovori so za taa cel obuceni personi vo skolite na edna nasa sosedna drzava,koja do denes ima vlijanie vrz konspirativnata politika i dejstvuvanje vo nasata drzava.A toa koi se luge bile na platnite spisoci, glava boli od atraktivnosta na iminjata na politicari vrvni,amateri,poznati i pomalku poznatri,lideri na partii,akademici,ambasadori,poeti,pisateli,.novinari,sportisti,artisti,profesori na fakulteti,sudii,direktori na firmi...Ne mi se veruva deka lustracijata ke isfrli na povrsina nekoe od ovie zvucni iminja,zatoa sto rabotele za potrebite na luge nadvor od MKD (ne slucajno dosieata se vo BG),samoto deluvanje ne bi bilo tajno ako nekogas se otkrijat iminja na sorabotnici,nikoj sam ne bi priznal deka e ili bil s
Од: BulgarMak
Датум: 01.09.2009 06:17:31
Se prasuva za kogo rabotaat i do den denesen ovie lugje shtom dosiejtata im se naogjat vo Belgrad. Mene da prasate, verovatno i nivnite "oficeri za vrska" se seuste tamu
Од: ЦК СКВМРО®
Датум: 01.09.2009 08:42:46
Не се секирајте! Оние од Мајка Софија отсуствуваат, бидејќи не ги Лустрираат „популарниве“ фаци од 1941!!! „Пак тие Србиштата!“. Некако по Правило: „Каде се девизите на Девизните Штедачи? - Во Белград! Кој е виновен за Сецесијата во СФРЈ? - Белград! Зошто не се враќаат денационализираните имоти? -Документите им се во Белград! Зошто немаме Дожд? -Белград!...“ Интересно, но дали сте сретнале министер, претседател или премиер во земјава, кој немал блиски средби со Факултетот за Државна Безбедност, кој за жал се наоѓашеее... вооо Скопје?? Сè уште е таму! Многумина мои пријатели се Вработија затоа што беа на Работна Акција, членови на СКМ, Подобни... И... нормално е да се најголемите „Патриоти“! Правилото на Политичка Подобност е сè уште со Неизминат Рок на Траење и е Најлесниот Начин Будалата да стигне до Работно место, Функција, Диплома, Пари... Засади Дрво! Остварување на соништата! „I want to beеее...“ е познатата волшебна реченица за желби од Monty Pithon... само ако сте Благонадежен!!

Најди! во Утрински
Насловна
Во индустријата лесно се останува без работа
Зденко
Нова козметика на буџетот
Полска - почетокот на крајот на комунизмот (7)
Маркичката за црква на плоштадот се претвори во линија
Непристојни споредби
Класичните светилки одат во историјата
Ни анонимките не помагаат да се пронајде малата Ангела
Конзервативците на Меркел претрпеа регионални порази
Саат кулата во Битола алергична на песни за партизани?
Добро утро, Неврзани!
Учебната година почна со куп проблеми
Популизмот како маркетиншка стратегија