Брoj 2799  понеделник, 29 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Наука

Претходен број


Site Meter

Алонсо победник на првата ноќна трка во Сингапур

Лидерот Хамилтон ја зголеми предноста на 7 бода пред Маса, кој по хаотичниот пит-стоп заврши 13-ти

Двократниот светски шампион во Формула 1, Фернандо Алонсо, ја извојува својата прва гран-при победа по повеќе од една година, додека Луис Хамилтон го зголеми своето водство во вкупниот поредок на седум поени по сензационалната прва ноќна трка во Сингапур. Фелипе Маса од Ферари, кој заостануваше само еден поен зад Хамилтон, значително си ги намали шансите за титулата по големата грешка при налевањето гориво во неговиот болид, која го фрли на дното во поредокот во првата Ф1-трка во азискиот град-држава. Германецот Нико Розберг од Вилијамс го освои второто место, а на подиумот се искачи и Хамилтон од Мекларен како трет. Тој на три трки до крајот на сезоната има 84 поени, а Маса 77.

Маестралното возење на Алонсо, кого пехот со болидот во квалификациите го чинеше старт дури од 15. позиција, му ја донесе првата победа по таа во Монца од 9 септември минатата година, кога возеше за Мекларен. Дваесеттата победа во 120. трка за Шпанецот го прекина и двегодишниот пост на Рено, кој последен пат славеше во Јапонија во шампионската 2006. Францускиот тим и' го презеде четвртото место на Тојота во шампионатот на конструкторите, во кој нов лидер е Мекларен, кој за само еден поен го прескокна досегашниот водечки Ферари, благодарејќи на дебаклот на екипата од Маранело во Сингапур. Бранителот на титулата Кими Раиконен заврши во заштитната ограда на четири круга до крајот од трката со 61 круг, во моментите кога беше петти.

Фрустрацијата на Алонсо од годинашната сезона заврши кога безбедносното возило првпат се појави на патеката, што совршено се надополни со пит-стоп стратегијата на Рено. Фернандо беше најдобар во двата тренинга во петокот, но имаше проблем со пумпата за гориво и не успеа да се избори за учество во втората квалификациска сесија. Тој по стартот напредуваше четири места и влезе во боксот во 12. круг, што значи дека по влегувањето на безбедносното возило три круга подоцна поради судирот на неговиот тимски колега Нелсон Пике помладиот Шпанецот единствен немаше потреба од долевање гориво и менување гуми.

Откако сите други се изредија во боксот, Алонсо беше петти, но брзо се проби напред бидејќи Розберг и Роберт Кубица од БМВ Заубер беа казнети со „стоп-енд-го“ поради недозволена посета на своите механичари додека возилото за безбедност беше на патеката. Јарно Трули и Џанкарло Физикела, ко�� се решија за стратегија со еден пит-стоп, потоа беа лесен плен за поранешниот првак, кој не го испушти водството ни по второто влегување на безбедносното возило на десет круга до крајот поради инцидентот со Адријан Сутил од Форс Индија.

Катастрофалниот пит-стоп, пак, го одведе претендентот за титулата Фелипе Маса од Ферари од пол-позицијата до последното место во трката. Бразилецот, кој во тој момент беше во водство пред лидерот сезонава Луис Хамилтон и со шанса да го помине Британецот од Мекларен во вкупниот поредок, доби зелено светло да тргне од боксот, но цревото за дотур на гориво се' уште беше закачено на неговиот болид и тој појде заедно со него. Еден од механичарите на Ферари притоа беше удрен од цревото, а другите потрчаа за да го извадат од болидот на Маса, кој заради тоа мораше да запре десетина метри подолу. Згора на се', откако по големи напори конечно беше ослободен од цревото, Маса доби казна „драјв-тру“ поради небезбедно излегување од боксот, па се врати во трката на опашката. Портпаролот на Ферари изјави дека удрениот механичар не е сериозно повреден, но, сепак, бил одведен в болница на преглед. (Ројтерс, Би-Би-Си)

 


Статијата е прочитана 314 пати.

Испрати коментар

Од: Goran
Датум: 29.09.2008 00:58:54
Она беше смешно со маса, како трчаја глупаците од ферари(хаха). Хамилтон Шампион!
Од: panco
Датум: 29.09.2008 16:28:41
abe goranco sto se palis tolku.mora malku cirkusi da ima u ferrari,po smekerski e.a za hamilton tesko sampion.gospod ne mu dava da bide sampion.ne gade e gupce hehe.pozdrav

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Броење казни
Зденко
Откако го испушти од раце, Битола го бара ,,Браќа Манаки“ назад
И МВР и Хисен Џемаили ја чекаат одлуката за притвор
И младите имаат проблем со ерекцијата
Почина Пол Њумен, бедемот на златното време на Холивуд
Храмот на Велјановски - срам на демократијата!
Цензусот е и кочница и мост
Незнаењето е моќ!
Мекејн и Обама изедначени во првиот ТВ-дуел
Гебрселасие си го подобри светскиот рекорд во маратон
Карикатура
Како адвокатите станаа познати лица
Вербатим