Брoj 2799  понеделник, 29 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Наука

Претходен број


Site Meter

И МВР и Хисен Џемаили ја чекаат одлуката за притвор

Од судот велат дека решението за притвор е доставена до МВР и до пратеникот Џемаили

Светлана Унковска


Одлуката за притворот на пратеникот на ДУИ, Хисен Џемаили, заглави во лавиринтите на процедурите. Од МВР вчера тврдеа дека ќе постапат по судската наредба кога ќе ја добијат, а од судот, пак, велат дека судското решение за притвор на пратеникот е доставена до Министерството.

Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 во саботата доцна вечерта заседаваше и одлучуваше за притворањето на двајцата пратениците на ДУИ.

Претседателката Добрила Кацарска рече дека е потврдена потерницата и притворот за Џемаили обвинет за случајот „Мавровски работници“, а пратеникот Хајрула Мисини ќе се брани од слобода. Мисини треба да одговара за случајот „Липковска брана“, но овој предмет се' уште е во фаза на истрага. Судијата Седат Реџепагиќ одлучи да го повика Мисини на распит и по дадениот исказ тој го оставил дипломатскиот пасош во судот, по што и притворот му бил повлечен.

„МВР ќе постапи по судската одлука и најновата наредба, така што ќе бидат преземени сите неопходни мерки за пронаоѓање на пратеникот Хисен Џемаили и негово спроведување во истражниот затвор“, изјави вчера портпаролот Иво Котевски.

По ова, и натаму останува неизвесно дали и кога ќе биде притворен Џемаили или и натаму ќе чекаат тој сам да се јави во Притворското одделение во затворот во Шуто Оризари.

Тој вчера и натаму беше во својот дом во тетовското село Вејце и, како што ни рече, чекал да му биде доставена судската одлука за притвор.

„Чекам да добијам решение за притвор. Засега само слушнав од медиумите за одлуката, но се' уште немам добиено ништо. Доколку добијам такво судско решение, тогаш ќе одлучам како ќе постапам, друг коментар немам“, ни изјави Џемаили.

Во истовреме, истражниот судија Реџепагиќ вели дека одлуката била испратена, но за него е прашање дали тој ја примил.

„Сигурно е дека одлуката е испратена, но друга работа е дали од негова страна таа е уредно примена.

Но, како и да е, тука имаме правосилно решение за притвор и активна потерница и ако тој самиот не се јави, тогаш органите на прогонот треба да го приведат“, вели Реџепагиќ.

Од СДСМ оценуваат дека ова е само потврда дека коалиционата криза на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ се решава со политички пазар.

„Се' уште не е ��ознато кога пратеникот Џемаили ќе почне да ја издржува мерката притвор во истражниот затвор. Немаше лисици, апсење, забавни СМС-пораки од портпаролот на МВР до медиумите, притисоци и јавувања од министри, спроведување на обвинетите во судот пред телевизиски камери. Претпоставуваме зошто? Затоа што обвинетите не се ниту членови ниту функционери на СДСМ“, изјави Емилијан Станковиќ од СДСМ. Според него, власта, од една страна, се фали со наводна борба против корупцијата и криминалот, а, од друга страна, „ја клекна државата на колена“.

„Цената на политичкиот пазар меѓу Груевски и Ахмети ја плаќаат сите граѓани. Ова е само почеток. Фактурата за ова допрва ќе стигне“, истакна Станковиќ.

Инаку, доцна вечерта во петокот, еден час пред полноќ, беше закажана итна собраниска седница која траеше до два часот изутрина, а на која беше одлучено да им се симне имунитетот на двајцата пратеници. Ваквата одлука следуваше откако неколку часа претходно Комисијата за мандатно-имунитетни прашања, речиси без никаква дискусија, реши да не расправа за одземање на имунитетот на пратениците на ДУИ, бидејќи, како што рече претседателот на оваа комисија, Александар Николовски, расправата била беспредметна затоа што пратениците самите се изјасниле дека уредно ќе се јавуваат на судските рочишта и нема да се повикуваат на пратеничкиот мандат.

Со сосема поинаков тек, пак, беше собраниската седница, на која беше одобрен притворот за двајцата пратеници на ДУИ. Опозицијата остро реагираше и го прашуваше претседателот на Собранието, Трајко Велјановски, зошто ја закажа седница толку доцна во ноќта и зошто е потребата од толкава итност. Додека од собраниската говорница обвинуваа дека сето ова е само една обична фарса и политички театар, пратениците од мнозинството упорно молчеа. Никој од нив не се јави за збор.

Зачудуваше и однесувањето на пратениците на ДУИ, кои долго време молчеа. Единствено при крајот на седницата Ермира Мехмети рече дека хашките предмети можат да бидат процесуирани во земјава благодарение на тоа што во времето ДПА беше на власт беше донесен Законот за соработка со Хашкиот трибунал.

Против одлуките за симнување на имунитетот на двјацата пратеници беа само тројцата пратеници од Нова демократија. Пратениците на ДУИ воопшто не гласаа.


Статијата е прочитана 746 пати.

Испрати коментар

Од: Kade e - ZASTO se krie sega Ministerkata Jankulovska???
Датум: 29.09.2008 02:53:17
Hehehheheee.... Sto e ova???? TEATAR???!!!! Aj neka im stavi sega lisici i neka gi odvlecka vo "Sutka" kako sto go vlecea Zaev!!!! Zasrami se Gruevski!!! Ajde da te vidam pokazi go PATRIOTIZMOT!!! Koga apsis Makedonci so celi kordoni policija i kup specijalci pustas i so lisici gi vleces a na ovie im predes kako mace!!!! Neka vidi sega narodot dali si patriot ili si PREDAVNIK!!!!!!
Од: Макрис
Датум: 29.09.2008 11:01:56
Порака до Груевски,не се мачете толку многу со терористите,пуштетеим ги поканите со црвени панделки и добро намирисани и фино замолетеги,белким ќе дојдат на суд.
Од: Makedonec
Датум: 29.09.2008 11:37:01
PA da samo nie makedoncite moze da odgovarame za 2001 godina.Najzolno e toa sto nie ispadnavme teroristo.Ama toa nie koga naseto MVR Funkcionira samo za odredeni etnicki zaednici.
Од: prijatel2909.2008
Датум: 29.09.2008 14:56:44
Големиот Македонски патриот падна на првиот испит пред господинот Ахмети.Само Грујо знае колку вреди македонскиот гласач па затоа и за него многу и не хае,туку се чини да не го налути брат му Ахмети. Сите вие што се крстевте во вашиот Грујо ќе се апете ќе ве боли но вашиот ВМРОВСКИ инает е посилен па и по цена на распад на Македонија, вие нема да кренете рака на вашиот омилен вероватно уште Грујо, колку ли време ќе ви треба да се отрезните.
Од: jimmy1
Датум: 29.09.2008 14:58:13
Ova e dokaz deka nitu edna drzavna institucija ne ni raboti po zakonite i ustavot na Makedonija, seto toa se sveduva na partiska osnova. Veruvam dokolu beja od SDSM Grujo ke ispratese preku 1000 policalci da gi apsat, a za teroristite ne vazi istoto. Ako ima zakon, tie vopsto ne trebase da bidat pratenici, ali kaj nas sve e mozno. Neznam zosto albancite za sve se fakaat za taa prokleta amnestija, ponisteteja ednas pa da vidime za sto togas ke se fakaat. Po nikoja cena ne treba da vazi amnestijata za teroristi koi napravile zverstva i se izzivuvale nad makedonskite gragani. Dali ima druga drzava vo svetov kade sto teroristi se del od vladata, zarem ubijci ke delat pravda i ke ni vodat drzava. Ne gi mrazam albancite, ima mnogu dobri luge megu niv, no nemozam da gi sakam nekoj sto vrsele zverstva i da ziveat so narodni pari i da uzivaat pratenicki privilegii i bidat vo vladata, nitu pak mozam da sakam nekoj sto gi podrzuva teroristite. Nemozi edno malcinstvo da ima poveke prava od drugite
Од: Makedonec
Датум: 29.09.2008 17:46:21
Sdsm predlaga albanec potpretsedatel! Da ne mozi covek da poveruva! Sdsm se predavnici!!!!
Од: Mislav Anric
Датум: 30.09.2008 03:32:46
Nisto nee cudno, sve sto e mozno na Makedonija. Na koalicioniot partner mu se zatvaraat pratenici tie qutat i traaet, samo da su vo sobranie. I go citam komentarite , Pa pak e cudovishte, Samo neshto treba da se znaat vo SlavoMakedonija kako kazat Grkite. Znaci nema da ima Makedonia, sega e vremeto koga Albancite ke pocnaat da se dvo0jkat od slavomakedonsko sobranie i da go formirat svoet parlament, i togash ke vidime so slavomakedoncite kaj ke idaat, so koj ke se spojat, so Grcite, so Bugarite ili so Srbite, po sto tie ne se znaat ushte koj i shto su. pozdrav Od Vashington DC - USA
Од: vesna
Датум: 30.09.2008 16:34:23
Ovoj odi na sednici, pie caj vo Tetovo, a za MVR i Goca i Ivo K. e nedostapen??? Da se cudis.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Броење казни
Зденко
Откако го испушти од раце, Битола го бара ,,Браќа Манаки“ назад
И младите имаат проблем со ерекцијата
Почина Пол Њумен, бедемот на златното време на Холивуд
Храмот на Велјановски - срам на демократијата!
Цензусот е и кочница и мост
Незнаењето е моќ!
Мекејн и Обама изедначени во првиот ТВ-дуел
Гебрселасие си го подобри светскиот рекорд во маратон
Карикатура
Како адвокатите станаа познати лица
Алонсо победник на првата ноќна трка во Сингапур
Вербатим