Изборните штабови тврдат дека нивниот кандидат освоил победа на првата ТВ-дебата
ВАШИНГТОН - Претседателските кандидати од редовите на демократите и на републиканците, Барак Обама и Џон Мекејн, тврдат дека освоија победа во првата ТВ-дебата. Од таборот на Мекејн изјавија дека тој покажал „темелно познавање на проблемите во врска со националната безбедност“, додека помошниците на Обама посочија дека тој го положил тестот за врховен командант.
Дописниците јавуваат дека дебатата заврши без јасен победник, а ТВ- анкетите спроведени во врска со нивните настапи покажаа дека Обама е во мала предност. За време на настапот двајцата кандидати се осврнаа на надворешната политика и на економијата. Мекејн го обвини својот ривал за наивност околу Иран, додека Обама рече дека Мекејн погрешно проценил дека војната во Ирак ќе заврши за кратко време.
Тие, исто така, ги нападнаа противничките позиции во врска со финансиската криза во земјата. Обама додаде дека пакетот за санација во вредност од 700 милијарди долари за спас на американската економија е „финална пресуда“ на осумгодишното владеење на републиканците. Мекејн одговори со обвинување на Обама околу неговите успеси во сферата на финансиите, наведувајќи дека тој побарал милиони долари за т.н. „наменети фондови“ - пари за сопствени проекти како оној од сенаторот од Илионис. И двајцата се согласија дека планот за санација ќе изврши огромен притисок врз буџетот на администрацијата на следниот претседател и ќе значи намалување на трошоците.
Десетици милиони Американци ја следеа дебатата во Оксфорд, Мисисипи, на малите екрани, која се одржа на само пет недели пред изборите што ќе се одржат на 4 ноември. Во телефонската анкета спроведена од Си-Ен-Ен и „Опинион рисрч корп“. По добатата се забележува дека 51 отсто од анкетираните навеле дека Обама ќе победи наспроти 38 отсто, кои биле за Мекејн. Обама го сметале за поинтелигентен, посимпатичен и позапознат со проблемите на луѓето, и малку подобар и поискрен лидер. Во анкетата на „Си-Би-Ес њус“ се забележува дека 39 отсто од анкетираните го гледаат Обама како победник, додека 24 отсто го гледаат Мекејн, а 37 отсто сметаат дека дебатата била изедначена. Дописниците јавуваат дека ова ќе се смета како успех за тимот на Обама, бидејќи надворешната политика и националната безбедност се сметаа за сфери каде неговиот ривал е најсилен. Менаџерот на кампањата на сенаторот од И��иноис, Дејвид Плуф, изјави дека резултатите од анкетите покажуваат дека тој придобива значаен број на неодлучни гласачи. „Ние сметаме дека тоа е уште една коцка во сложувалката за сенаторот Обама да обеди на изборите“, рече тој.
Во саботниот говор во Гринсборо, Северна Каролина, Обама изјави дека кандидатот на републиканците докажа дека не е во контакт со реалноста на луѓето од средната класа со тоа што ниту еднаш не ги употребил тие зборови за време на првата дебата. „Во текот на 90-минутната дебата, Џон Мекејн, имаше многу работи да ми каже на мене, но ништо не ви кажа вам“, рече тој. „Тој дури и не ја употреби фразата ’средна класа‘. Тој дури и не ги употреби зборовите ’работничка класа‘“. Потпретседателот на Обама, сенаторот Џо Бајден, ги повтори коментарите наведувајќи дека проценките на Мекејн по секое прашање биле „погрешни“. „Минатата ноќ молкот на Мекејн за средната класа беше заглушувачки. Нам ни е потребно нешто повеќе од храбар војник, потребен ни е мудар лидер“, рече тој. Гувернерот од Мисисипи, од редовите на републиканците, Хали Барбор, изјави дека искуството на Мекејн зрачеше за време на дебатата. „Тоа беше реално искуство. Тоа беше некој кој зборува за војната, не од она што било прочитано од книга, или слушнато на некое предавање“, рече таа за Би-Би-Си. Во првата реклама по дебатата Мекејн го обвинува својот ривал за „играње политика, ризикување животи“, кога тој во мај 2007 година гласаше против Законот за воените трошоци во Ирак.
Во петокот „Волстрит џурнал“ објави реклама од таборот на Мекејн пред одржување на дебатата, дури и пред тој да каже дека ќе присуствува на неа, која гласеше: „Мекејн победи во дебатата“. Дописникот на Би-Би-Си од Оксфорд јави дека настапите на двата кандидата беа сигурни, добро осмислени, кохерентни, фокусирани, прецизно истражени. Ниту еден не се оддалечи од темата, ниту пак се повторуваше, додаде дописникот. И двајцата детално ги изнесоа своите ставови во врска со политиката, со меѓусебна љубезност. За време на петочната дебата сенаторот Мекејн изјави дека нема потреба од „никаква обука за време на работата“. „Подготвен сум веднаш да се зафатам за работа“, додаде тој. Меѓутоа, сенаторот Обама изјави дека неговиот ривал бил во „заблуда“ околу инвазијата во Ирак и дека војната ги натерала САД да го пренасочат вниманието од Авганистан, каде што требаше да ја гонат Ал Каеда. Мекејн врати со тоа дека како резултат на „зголемувањето на силите“, што вклучуваше испраќање на дополнителни 30.000 американски војници во Ирак, американската воена стратегија бележи успеси. „Ние победуваме во Ирак и ќе се вратиме дома со победа и со почести“, рече тој.
На прашање во врска со Иран, Мекејн нагласи дека Техеран е закана за регионот, и преку неговото мешање во Ирак, и за американските војници распоредени во земјата. Тој во кратки црти го презентираше предлогот за „Лига на демократиите“ која ќе ги истурка болните санкции против Иран кои во моментов се блокирани во тела како ОН поради противењето од страна на Русија. Говорејќи за т.н. војна против тероризмот, Мекејн изјави дека верува оти земјата е побезбедна сега отколку што беше еден ден по 11-септемвриските терористички напади во 2001 година, но сепак има уште многу да се работи на безбедноста. Обама го посочи ширењето на Ал Каеда во околу 60 земји и додаде дека САД треба да сторат повеќе во борбата против неа, вклучувајќи и во подобрувањето на сопствениот имиџ како „светилник“ на правата. „Една од работите што имам намера да ја направам како претседател е да го вратам угледот на Америка во светот“, рече Обама. (Би-Би-Си)
Гледав нешто од дебатата. Меккеј беше несигурен во одговорите за Иран, а Обама вадеше од контекст ситуации во своја политичка полза како Балкански политичар само далеку пообразуван и пософистициран. Како што ми се чини сите овие дебати се само шминка на демократија тест нејзина мимикрија. Кој и да победи САД ќе ја водат истата надворешна политика.
Од: Ace
Датум: 30.09.2008 01:06:28
Jas ja gledav celata debata. Mekejn ima slab nastap. Ona sto go kazuva ne zvuci mnogu uverlivo, no e izdrzano i kolku-tolku pametno. No, Obama e odlicen orator, ima mokj na ubedevanje. No, ona sto go kazuva nema smisla, nikakva logika. Kako sto kaza prethodnata citatelka, kako Balkanski politicar... Samo, koj gi slusa! Nikoj ne se zadlabocuva vo sodrzinata, toa e sou.
Од: Zoran
Датум: 30.09.2008 02:41:23
Scenarioto e veke napraveno.
Site ke glasaat za Obama, ama ke pobedi Mekejn.
Kako... ke vidite...
Od ovoj Mekejn pogolemo djubre nema na planetava , a taa sto e do nego Pejlin (Palin) jadnata ne znae kolku se 2+2.
Obama e mozebi crn, neiskusen ama e barem iskren i cel zivot po ulica idel i pomagal na kogo stignel. A ovoj trup Mekejn, sto so edna noga e vo grob, cel zivot ne izlegol od kancelarija, poln so pari od mita i malverzacii i nego da mu veruvaat.
Detergent FAX Helizim... (CNN) uspesno raboti ...
Masinata vrti - vremeto ke pokaze, Demokratijata vo USA e mrtva, da zivee demokratijata !
Tie nas ne ucea da ne falsifikuvame, tek sega ke vidite kako ovde se falsifikuvaat izbori.
Од: Иван Јорданов
Датум: 30.09.2008 14:51:17
Ако гледам преку моите политички и глобални убедувања, сметам дека Барак Обама треба да го наследи Буш, и ги има моите симпатии. Но, ако гледам преку призмата на политичките ситуации во Македонија и околината, главно поради Никола - премиерот кој бриљира и кој откако Коштуница се повлече, се искачи на пиедесталот како најотсечен, најтврдоглав, најпровинцијалски и најбезнадежен лидер на една држава, велам, ако гледам така, а тоа е за нас побитно, тогаш нерадо се надевам на Мекејн, кој ако ништо друго... барем, во лабави термини, припаѓа на десницата, нешто на што... претендира барем... и нашиов дилетант од премиер...