Брoj 2799  понеделник, 29 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Наука

Претходен број


Site Meter

Македонски состојби

Храмот на Велјановски - срам на демократијата!

Манчо Митевски

Од измешаноста на власта, партијата и црквата, веќе не се знае кој е поглавар: г.г. Стефан или г. Никола!

 

„Грешка беше носењето толку голем број закони по итна постапка... нема да се повтори таков начин на носење закони, со таков обем“, призна парламентарниот спикер Трајко Велјановски. Дека тоа навистина е грешка на спикерот му беше укажувано од независните медиуми и експерти и од опозицијата, во деновите кога беше обземен од еуфоријата да ги донесе сите закони што во коцкестите згради на Владата ги произведуваше со максимална продуктивност неговиот партиски шеф Груевски. За две недели беа донесени околу 140 закони и дополнувања, во постапка од 35-40 секунди по закон, а некои се усвојуваа и на полноќ, во делник или празник, во истиот момент кога пристигнуваа од Владата. Но, тој тогаш ги одбиваше укажувањата со образложение дека парламентарното мнозинство го прави сето тоа во согласност со Уставот и законите.

Требаше да помине извесно време, да се спушти еуфоријата од „ветуваме - остваруваме“, спикерот да биде повикан од амбасадорите на земјите-членки на ЕУ и да му се објасни дека ваквиот начин на донесување закони, особено без присуство и дијалог со опозицијата и без консултации на експертите и заинтересираните асоцијации, ја уназадил земјата во нејзините ЕУ- аспирации. Притоа, пред камерите и новинарите од амбасадорот Валеро јасно му беше потенцирана двојната одговорност „од една страна, на Собранието, како мотор на развојот на земјата, а, од друга страна, посебната одговорност што ја сноси претседателот на Собранието како аниматор и одговорен за сета работа што ја врши таа институција“. Дури тогаш Велјановски сфатил дека згрешил и ветил дека ќе се поправи. Но, каква поука извлекоа од сево ова неговиот партиски шеф, кој ја определуваше потребата од итна постапка на донесување на законите, и пратениците на владиното мнозинство, кои како послушни партиски војници во тој процес ги употребуваа само прстите, а не главата. И, спикерот јавно призна дека тоа е грешка и толку. Банално е да укажуваме дека во демократските земји и за помали грешки од оваа се поднесуваат оставки.

По вакво нешто, не треба да зачудува состојбата дека граѓаните немаат доверба во институциите, посебно во парламентот. Но, во засега несудениот храм на де��ократијата има и други бисери. Еден од минусите на Македонија за ЕУ беше тепачката во Собранието. Поради мир во коалицијата (ДПА), минатиот состав не го усвои извештајот и заклучоците. Сега, од Кабинетот на спикерот дојде абер дека спомнатиот извештај оди ад акта поради процедурални причини - тоа е извештај на стариот состав. Злобниците веднаш прокоментираа, пак поради мир в куќа (во која сега е ДУИ). А мешањето на составите не беше проблем за спикерот кога новоизбраниот состав ги изгласа стотината закони по итна постапка подготвени од старата влада на Груевски во оставка, згора и техничка. Тогаш спикерот дозволи еден ист човек (Имер Селмани) да се појавува во две својства: како министер во старата влада да ги предлага и брани законите, а како новоизбран пратеник да гласа за нив! (Сега Селмани формираше своја партија за да покажел што е демократија!) Или, пратениците на ДУИ. Тие во минатиот состав го блокираа Собранието со 3.500 амандмани на предложениот деловник, па Груевски инсистираше на вонредни избори за да се одглави парламентот, во новиот состав, но во улога на владин коалициски партнер, без забелешки, гласаа за порано неприфатливите решенија! И за крај, иако има и многу други бисери, треба да се каже дека со неколку закони и дополнувања во парламентот околу веронауката, по итна постапка, се направи хаос и во образованието и државата, се измешаа партијата, власта и црквата, па тешко е да се одгатне дали Македонија е секуларна, но и кој е поглавар: г.г. Стефан или г. Никола!

Се' на се', потребен е ментален ремонт на „храмот на демократијата“.


Статијата е прочитана 1964 пати.

Испрати коментар

Од: SuicideMessiah
Датум: 29.09.2008 01:08:27
Cela vlada za na remont inaku vaka nishto ne praime.Ni Evropa i NATO ke vidime ni ke pomirisame so Veljanovski vo Sobranieto ili G'uevski kako plemiel.
Од: Tale
Датум: 29.09.2008 01:16:09
CCCCCCCC lele koj si ti be Manco da kazuvas za koj e sto vo drzavata te pratam baegji vreme so naslovive samo ne te ni citam oti se e kontra vladata se prvokacii navredi bezveza nekoi raboti prozirno.Eden sovet ako gi sakas SDSM ne e problem prekini da pisuvas im ja vregjas intelegencijata na lugjeto i loso mu pravis na SDSM veruj mi se poveke gi otrgnuvas lugjeto od SDSM pa vakvite plateni prvokatori palea do 2002g posle izgubija smisla pa neli gledas kolku e razviena svesta kaj lugjeto nemoze poveke vaka veruj mi 100% sum vo pravo da znaes.
��д: vmrovskiot lazen patriotizam ja unisti Makedonija
Датум: 29.09.2008 01:46:16
Zasrami se g-ne Veljanovski!!! Neka se zasrami celoto vmro-dpmne na celo so Gruevski. Mu se prostuva na covek koj neznael sto pravi a Veljanovski MNOGU dobro znaese sto pravi i sega uste ima obraz i bez trunka sram da se pojavi pred narodot i da "se izvinuva"???!!! Dali treba da cekame i da ja unistat da ja snema Makedonija za potoa ete vaka na ist nacin pak da ni se izvinuvaat???!!! Nema proska za PREDAVNICITE!!!!
Од: Коко
Датум: 29.09.2008 02:22:57
Што друго може да се очекува од неуки преродбеници во сто чекори.
Од: srekibog
Датум: 29.09.2008 02:41:02
Do Tale ,Pa pocni da gi "citas "kolumnite na covekot zatoa sto trskanje gluposti i provokacii im se svojstveni na komentarite i izvestuvacite na Vecer!A ako veke sakas da diskutiras za nesto togas zemi malku literatura pa ke znaes za sto covekot zboruva!Aman veke od ovie istocnjaci!!!
Од: istoricar
Датум: 29.09.2008 05:08:34
Vo napisov ima del vistina,ama se zaborava deka i SDSM koga imashe mnozinstvo nabrzina go smeni ieto i znameto,nabrzina go donesoa zakonot za transformacija na opshtestveniot kapital,BC pred parlamnetot javno kaza deka ana"oktopodot ke mu gi skine pipcite"i od site tie obetuvanja i zakoni nishto ne ispadna na videlina.Zakon elesno da doneseh,ama e teshko da se sprovede,a ako se sproveduva togash ke ima mnogu zasegnati.Vo prviot parlament beshe Todor Petrov narechen Mr.Amandman,a ne se sekavam kolu od nego vite amandmani bea prifateni,taka da i sega ako opozicijata beshe vo parlamentot i zemeshe uchestvo,prashanje e dali nekoj amandman bi se prifatil.
Од: Профајлер
Датум: 29.09.2008 08:08:13
„Глеј му памет, крој му гаќи“! Вака велел народот во времето кога немало професионални „профајлери“. Но, за делегатите од мнозинството и за Тале и мнозинството, повторно мораме да се вратиме на народната мудрост, па заклучиме, според „паметот“ дека „гаќите“ се жолто-кафеави.
Од: Vasko Kosteski Bitola
Датум: 29.09.2008 08:41:54
G.Manco vie pred se zboruvate za Pretsedatelot na Parlamentot na Makedonija a ne za Spiker na nekoe radio ili televizija. Zosto so vasata partisko reketarska zaslepenost i nanesuvate steta na institucijata Parlament a so toa i na drzavata. Ne bi sakal da bidam advokat na g. Trajko Veljanovski, no bidejki stanuva zbor za javna polemika ke go kazam moeto mislenje. Toa sto Pretsedatelot na Parlamentot kaza deka nosenjeto na tolku zakoni po kratka postapka e greska neznaci deka istite se doneseni i sprotivno na zakonite i Ustavot. A toa sto g. Trajko upotrebi premnogu neprijaten termin, pred se za nego toa e licno negova greska.
Од: zabegan
Датум: 29.09.2008 09:27:14
kako sto rece prethodniot citatel cela vlada na remont tocno taka ama so bugarski delovi.
Од: Do Tale
Датум: 29.09.2008 10:18:18
Ako ne ti se dopagaat komentarite na novinarite vo "Utrinski Vesnik" odi citaj si Veceren Vesnik,vo koj sekoj den go pisuva istoto.Ne moras da kupuvas Vecer,bidejki znaes deka vo nego uste neprocitan se fali Vladata na Gujo,Slaveski,Stavreski-Ako vo Vecer dades komentar koj e protiv "Vladata na Prerodbata" toj sigurno so 100% garancija nema da bide objaven-Kako sto e parlamentot sram za demokratijata,taka e i vesnikot Vecer sram za novinarstvoto,ako bi mozel da se narece vesnik,zasto Vecer e poveke reklamen bilbord na Vlasta!!! A ti Tale imaj doblest i priznaj deka vo „Утрински весник“ vladee demokratija,bidejki se objavuvaat komentari koi se i protiv Vlasta i protiv Opozicijata !!!
Од: Bojan
Датум: 29.09.2008 10:19:56
Abe treba nekoja treta opcija vo Makedonija,dosta veke SDSM/VRMO, istite luge,kradat lazat veke 15 godini a nie samo se prepukuvame po vesnici i slicno. Polni sme so prostaci, kojznae kako ke se opravime so tolko nenacitani i prosti luge kako pisatelot na ovoj tekst. Pisal nesto nisto ne kazal. Dajte nekoe nezavisno novinarstvo, nekoj konstruktiven pogled na nestata,a ne samo partiska propaganda. Samo ne mi e jasno sto toa SMSM se protiv veronaukata, dali ideoloski ili cisto deka e predlog na VRMO? Jas mislam veronauka treba da ima, i deka ke bide polezna za decata,da rastat vo zdrav duh i karakter,a ne da gledaat pornici po skolite i da igraat Counter Strike. Pozdrav.
Од: real madrid bt
Датум: 29.09.2008 10:28:13
Ovaj TALE e izgleda istiot od Prilep sto se javuvase vo Kanal 77 vo emisijata Stadion i gi falese VMROVCITE do besvest. E Tale brat ne biduva nisto nitu od VMRO nitu od SDSM majkata ni ja rasplakaa samo duri ima suti luge tie gajle nema da imaat.
Од: Доста
Датум: 29.09.2008 10:58:01
Ало вмровци,што ви направи Македонија што толку многу ја мразите?Истото и 1903,истото 1913,истото 1941,истото и1946,истото и од 1992 до ден денешен,па греота е Македонија.Ама народот нема дави го дозволи тоа,да ја уништите Македонија.
Од: rocka
Датум: 29.09.2008 11:24:08
A pak prethodnive dzam svitkaa. Za malku i vo EU i vo NATO ke vlezevme,neli.
Од: nenad
Датум: 29.09.2008 12:02:45
Samo eden citat na pretsedatelot na sobranie od petocnata polnokna seansa: "Ako sakam, mozam da vi go odzemam zborot". Po infantilno amin.
Од: marika
Датум: 29.09.2008 12:04:30
Celata vlada se samo glumci da ostanat na vlast sto podolgo zatoa i nabrzina zakoni za 35sekundi bez rasprava bez nisto,pa ovci da kupuvas pa ce raspravas da dojdes do podobra cena.VMRO go iskoristi grckoto veto i imeto za izbori demek se spasiteli znaci ne im bilo ni nato ni eu samo vlasta.Vo sekoja normalna drzava ako ne se sposobni da pregovarat za vlez vo eu ce dadat otkaz i novi izbori a tie samo go turkat imeto,prolonongirat dogovorite i procespt okolu toa za sto povece vreme da pomine a dali narodot ce ima prosperitet a eu e edinstven prosperotet se drugo e luk i voda.
Од: Aтанасија
Датум: 29.09.2008 17:26:25
Новинарот направи преглед на работата на Собранието во последниве три месеци.И,што е тука спорно?Ништо..Затоа мислам дека Собранискиот канал на МРТ треба да се ослободи од преносите на собраниските седнициЧдоволно е да ни биде соопштено кои закони се прифатени,и дека треба споед нив да се однесуваме.Демократијата не е само во директните преноси од седниците-таа е култура на мислење,говорење и однесување.Да,на почетокот мислев дека тоа ќе биде школа за сите како да мислиме-аргументирано,и како да се однесуваме.Но-гледаме само мегусебни клеветања мегу пратениците,зброви заради сликања и материјал за да си го прекажуваме мегу себе-кој на кого во Собранието што му рекол.А се што рекол и не е за пред деца. Ајде,нека се исклучат камерите,и -може би посериозно ке работат пратениците.Ова е невиден серијал на недомислености.А,новинарот само не потсети на нив од последните месеци
Од: devicanesot
Датум: 29.09.2008 23:26:43
PocituvanManco, Samo potseti se kako izgledase nasiot zakonodaven dom pod vodstvoto na disk djokejot, elektroinzener Ljupco Jordanovski pa diskutiraj. Pa toj odma duri i rezidencija posaka???
Од: ace
Датум: 30.09.2008 11:18:57
Se slpzuvam so Vasko od Bitola deka g-din Velja- novski e pretsedatel na parlamentot,medjutoa isto taka gospodine Vasko i liceto B.C. e Pretsedatel na Republika Makedonija.Znaete li vo sto e problemot na makedoncite dragi moj gospodine Nas nikoj ne moze da ne unisti Nie sami ce se unistime. Site Vie koi gi podgrevate ovie omrazi edni protiv drugi ,tretiot gi koristi,zatoa nee nisto cudno naskoro ovaa cvetna gradina (Makedonija) da stanepolna so korov i brsleni.
Од: Дики
Датум: 30.09.2008 15:51:37
Господине Манчо, браво одличен напис. Вашите политички гледишта не ги прифакам, но ги читам со задоволство. Храм на законодавството, тоа нашиот Парламент сеуште не е. Партиски војници, ги има секаде. Нивниот капацитет, за наша жал, г-дин. Т. Вељановски можеби и сигурно е добар човек и татко и кандидат за писар во некоја администрација. Г-ин Б. Црвенковски е наш претседател. Срам да ни е на сите што дволично ги третираме институциите, без оглед кој ги води. Господине Манчо, новинарски пера како Вашето се добредојдени. Ќе се залагам да опстоите иако не ми се блиски Вашите политички ставови, напротив. но вп тоа е поентата нели. Сирот Трајко Вељановски. „Жими мајка, нема да правиме веќе така“. Не би поминал на психолошки тест за упис на факултет. Сречен празник.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Броење казни
Зденко
Откако го испушти од раце, Битола го бара ,,Браќа Манаки“ назад
И МВР и Хисен Џемаили ја чекаат одлуката за притвор
И младите имаат проблем со ерекцијата
Почина Пол Њумен, бедемот на златното време на Холивуд
Цензусот е и кочница и мост
Незнаењето е моќ!
Мекејн и Обама изедначени во првиот ТВ-дуел
Гебрселасие си го подобри светскиот рекорд во маратон
Карикатура
Како адвокатите станаа познати лица
Алонсо победник на првата ноќна трка во Сингапур
Вербатим