Брoj 2799  понеделник, 29 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Наука

Претходен број


Site Meter

НАУКА

И младите имаат проблем со ерекцијата

За разлика од повозрасните, за нарушувањата на сексуалните односи кај младите најчесто е виновен „мозокот“

Јасмина Јовановска

Возрасната граница на мажите кои не можат да имат нормален сексуален живот се' повеќе се симнува, предупредуваат уролзоите. И млади момчиња имаат проблем со ерекцијата. Веќе не зачудува фактот дека има и 20-годишни момчиња кои не можат да постигнат ерекција.

За разлика од повозрасните, каде што некое органско заболување не им овозможува квалитетен сексуален живот, за нарушувањата на сексуалните односи кај младите најчесто е виновен „мозокот“.

„Психогениот фактор е најчестата причина што кај одредени млади може да се јави еректилната дисфункција“, вели урологот Владимир Георгиев, од Универзитетската клиниката за урологија. Но, проблемите со ерекцијата може да бидат последица и на дијабетесот или, пак, на некои други васкуларни промени на крвните садови. Не помалку влијание на нормалната ерекција имаат и алкохолот, дебелината и пушењето. „Овие ризик-фактори, вели д-р Георгиев, кои уште се нарекуваат и четирите јавачи на апокалипсата, се сметаат за ризик број еден за појава на нарушена ерекција кај мажите“.

На овие ризик- фактори не се имуни ни младите ни повозрасните, па така се' повеќе се прифаќа мислењето дека еректилната дисфункција е проблем кој ги напаѓа и младите и старите, додава д-р Георгиев. Кај една третина од пациентите кои се жалат на проблеми со ерекцијата причината е од органско потекло, кај друга третина доминира психогениот фактор, а една третина има комбинирана причина за нарушена ерекција. До нарушување на ерекцијата може да дојде и поради некоја хируршка операција во долниот дел од стомакот.

Иако возрасната граница за нарушената ерекција е се' пониска, д-р Георгиев објаснува дека, сепак, четириесеттите години се сметаат за пресвртница во сексуалниот живот на поголемиот број од мажите. Во овие години најчесто доаѓа до намалување на ерекцијата и тоа како квантитативно, така и квалитативно. Георгиев смета дека, сепак, проблемите со ерекцијата се од индивидуална природа.

Доколку „мозокот“ е тој што испушта сигнали да не може лицето да има нормален секс, д-р Георгиев, вели дека таквите случаи обично се испраќаат на присхијатар, но само ако претходно е исклучено дека мажот нема некои органски проблеми. Тој смета дека еректилната дисфункција е табу-тема, к��ја можеби младите почнуваат полека да ја разбиваат.

За лекување на еректилната дисфункција каде што проблемот е од органско потекло се препорачува употреба на медикаментозна терапија од типот на „чудотворните“ таблети од кои на македонскиот пазар има цела палета, како што се„левитра“, „вијагра“, „цијалис“...

Меѓутоа, пред да се почне со овие таблети, задолжително треба да се консултира лекар, било тоа да е општ лекар или пак специјалист, зашто употребата на овие лекови може да има последици кај лица кои имаат проблеми со срцето или, пак, зголемен крвен притисок. Но, понекогаш и овие таблети не помагаат во подобрување на ерекцијата, па д-р Георгиев укажува дека не треба да се пијат таблетите само за гол секс. „Мажот треба да е мотивиран, зашто не е доволна само визуелната мотивација туку и сензуланата, па и мирисната“, вели д-р Георгиев.

Покрај таблети, за подобра ерекција на мажите може да им се вградат и пенис-протези, потоа може да се впрскуваат инјекции за проширување на крвните садови во половиот орган, а се препорачуваат и вакуум-пумпите. Но, и покрај овие докажани третмани, д-р Георгиев укажува дека има мажи кои се обидуваат со алтернативна медицина да станат мачомени и тоа со маст од рог од носорог, некои препарати од тестиси од бивол... Сите овие препрати, предупредува урологот Георгиев, имаат само плацебо-ефект, односно со нив мажите само се залажуваат за подобра ерекеција.


Статијата е прочитана 3012 пати.

Испрати коментар

Од: Mile
Датум: 29.09.2008 11:05:44
Па народе тука е преродбата во 100 чекори ќеви поможи.Малку со реклами,малку Грујо ќе ви даде од рејтингот и се ќе биди во ред.
Од: Boril
Датум: 29.09.2008 18:46:33
Naprotiv, ako e impotencijata od organska pricina (dijabet, tromboza na krven sad..) Vijagrata, Cijalisot ne se efikasni ili se mnogu pomalku efikasni, zatoa sto nivnoto deluvanje e tokmu preku proodni, funkcionalni krvni sadovi. Zamislete sad (organ) so tecnost (krv) na koj Vijagrata mu go zatvora izlezniot cep za sadot da se polni bez da istekuva krvta i na toj nacin doagja do erekcija. Tokmu kaj psihogenite impotencii Vijagrata i Cijalisot se najefikasni.
Од: vmro
Датум: 29.09.2008 20:44:50
pa mile odi popusimu na grujo a branko neka te ebe za 100 cekori da fatis

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Броење казни
Зденко
Откако го испушти од раце, Битола го бара ,,Браќа Манаки“ назад
И МВР и Хисен Џемаили ја чекаат одлуката за притвор
Почина Пол Њумен, бедемот на златното време на Холивуд
Храмот на Велјановски - срам на демократијата!
Цензусот е и кочница и мост
Незнаењето е моќ!
Мекејн и Обама изедначени во првиот ТВ-дуел
Гебрселасие си го подобри светскиот рекорд во маратон
Карикатура
Како адвокатите станаа познати лица
Алонсо победник на првата ноќна трка во Сингапур
Вербатим