Украден сеф од златарски дуќан
Ноќта меѓу петокот и саботата провалници влегле во златарски дуќан од кој украле метален сеф. Во сефот, како што информира МВР, имало златен накит во вредност од 15.000 евра, четири златници во вредност околу 600 евра, кредитна картичка „О.К.“ и 100 евра, а од бирото била одземена една вага (марка „сарториус“) вредна 700 евра. Вкупната штета е проценета на милион и двесте и педесет илјади денари.
Кражбата била извршена во златарницата „Диме“, во ТЦ „Автокоманда“. (Љ.С.) |