Број 2862  понеделник, 15 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Хроника

Инспекторатот ќе бара кривични пријави за несреќата во „Макстил“

Согласно со Законот, работодавецот имал обврска веднаш да го извести Инспекторатот за несреќата

Љубиша Станковиќ

Државниот инспекторат за труд ќе побара поведување прекршочна постапка и поднесување кривични пријави по несреќата што се случи на 6 декември во погонот челичарница на „Макстил“, кога тешко беше повреден работникот Јован Андонов, кој подоцна почина како последица на здобиените повреди.

Во официјаното соопштение се наведува дека Државниот инспекторат за труд констатира дека работодавецот, во случајов „Макстил“ а.д., направил пропуст со ненавремено известување за настанатата повреда на работа, а работоводителот и соработникот на загинатиот Андонов, без да утврдат дека навистина нема опасност за безбедноста на својот колега, придонеле да се пушти во погон системот, по што дошло до несреќата.

Несреќата се случи на 6 декември, а „Макстил“, како што е наведено во соопштението, го пријавила случајот три дена подоцна и на тој начин го прекршила Законот за безбедност и здравје при работа. Имено, согласно со Законот, работодавецот има обврска веднаш да го извести Инспекторатот за несреќата, а во рок од 48 часа да го направи тоа и во писмена форма.

Од извршениот увид на местото на несреќата било утврдено дека работникот се здобил со повреда при вршење ремонт, односно замена на цилиндар од четврти одбојник на електропечка. На замената работеле тројца работници, меѓу кои и Андонов. По завршената замена на цилиндарот, се пристапило кон пробно вклучување на системот. Висококвалификуваниот бравар Драган Атанасовски ги отворил двата вентила, лоцирани во близина на цилиндарот, а во непосредна близина бил и Јован Андонов. По отворањето на вентилите, Атанасовски дошол во позиција на видно поле на работоводителот Миле Ивановски и притоа усно го известил дека местото каде што е извршена поправката е безбедно и може да се пристапи кон вклучување во пробна работа преку главниот команден лост.

Сменоводителот бил излезен од командната кабина и тој, наводно, им наредил на вработените да се оддалечат на безбедно место, а потоа влегол во кабината и го вклучил командниот лост за пробна работа, со намера да изврши проверка дали работата е добро извршена. Малку по пуштањето, односно откако цилиндарот проработил, Атанасовски забележал дека Андонов е приклештен меѓу цилиндарот и одбојникот. Тој го повикал раководителот во кабината да го исклучи системот, што и било направено.

Откако Андонов бил ослободен, итно бил пренесен во Клиничкиот ургентен центар, каде што им подлегнал на здобиените повреди.

Од увидот во личното досие на работникот, но и во техничката документација што се однесува на спроведување на мерките за безбедност и здравје при работа, било констатирано дека работникот бил во редовен работен однос на определено време, односно од 15 јули до 31 декември оваа година. Андонов бил обучен за работење во областа на безбедност и здравје при работа. Неговата работоспособност била потврдена по извршен здравствен преглед, а било утврдено и дека во моментите кога трагично настрадал ги извршувал работните задачи дадени во описот и пописот на работни обврски.


Статијата е прочитана 363 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Хроника
Силувана 18-годишна девојка од тетовско Боговиње
Седуммина маскирани малтретирале осмоодделенец
Украден сеф од златарски дуќан
Шверцувале резервни делови за возила
Откриена тричлена провалничка група
Три месеци затвор за екссекретарката со лажна диплома во МО