Три месеци затвор за екссекретарката со лажна диплома во МО
Поранешната државна секретарка во Министерството за одбрана, Лилјана Стериовска, за фалсификување факултетска диплома е осудена на три месеци затвор. Стериовска се товареше дека во октомври 2006 година, со намера да стане државен секретар, приложила фалсификувано уверение за завршен Економски факултет во Белград. Во уверението било наведено дека таа дипломирала во 1993 година, со средна оценка 7,74, а потоа ваквото уверение било преведено и заверено на нотар. Аферата со фалсификуваната диплома беше отворена во почетокот на годинава, но Стериовска негираше каков и да е фалсификат на дипломата и тврдеше дека таа е издадена од Економскиот факултет во Белград. (Љ.С.)
A na kolku godini treba da bide osuden Brat Ljube, sto lazese e makedonec.a imase Hrvatsko Drzavljanstvo?
Од: ljupco,bitola
Датум: 15.12.2008 05:45:04
Само три месеци за Лили на Тито?Па после кукате за неправедно судство.Ха,јас би ја штракнал едно три години.Поради неа,кутриот Петковски трипати смени страна,де со ВМРО,де со СДСМ,мора да е многу ``способна``.
Од: Ne mi se veruva
Датум: 15.12.2008 11:49:40
Sarmota!!!! Ne mi se veruva. Velepredavstvo za intelektualcite vo Mekdonija . Ako tolku vredi edna fakulteteska diploma, sekogas ce se najdat "intelektualci" za visoki funkcii, posebno vo klucni ministerstva za bezbedsnota na zemjata.
Од: Biljana
Датум: 15.12.2008 12:48:26
Navistina e sramno.Kakva e taa kazna od tri meseci i sigurna sum deka nema da ja odlezi.Blagodarenie na taa falsifikuvana diploma doticnata gospoga bese na mnogu visoka funkcija i toa ne smee da se zanemari, taa imala pristap do mnogu doverlivi informacii.Sramota navistina...