Број 3330  понеделник, 12 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Спорт

Шаванел го украде шоуто пред Алпите

Французинот победи во седмата етапа на Тур де Франс и ја презеде жолтата маичка

Вторпат во една седмица Силван Шаванел профитира од грешките во чекори на ривалите и создаде солидно водство во вкупниот поредок на Тур де Франс. Додека претендентите за највисок пласман потрошија најголем дел од седмата етапа долга 165,5 км во внимавање едни на други, Шаванел се сконцентрира на првото вистинско искачување во трката и нападна во вистински час за својата втора етапна победа во трката и трета во кариерата. Успехот се надоврза на неговиот триумф во втората етапа во Спа во понеделникот, кога Французинот ги искористи судирите и падовите на конкурентите за првпат да ја облече жолтата маичка. За жал, на Шаванел, тој ја загуби од Фабијан Канчелара на калдрмата во северна Франција веќе наредниот ден и се плаши дека нема да ја зачува маичката многу подолго ни овој пат.

„Ова беше искачување што ми одговара“, им изјави тој на новинарите. „Но, следната етапа е нов ден“, додаде тој за делницата 189 км до Морзин во Алпите, првата тешка планинска етапа во трката годинава.

Шаванел нападна на претпоследното искачување Кол де ла Кроа де ла Сера за да ја стигне групата рани бегалци и потоа ги остави зад себе на последната нагорнина, поминувајќи ја целната линија на свој начин. Шпанците Рафаел Валс и Хуан Мануел Гарате завршија втор и трет.

Иако беше неизвесен за Тур де Франс по лошата повреда на Лиеж-Бастоњ-Лиеж во април, Шаванел сега му бега на светскиот шампион Кејдел Еванс од Австралија 1,25 минути во генералниот пласман, а трет е Канаѓанецот Рајдер Хесједал со заостанување од 1,32 мин.

Фаворитите во трката Алберто Контадор, Ленс Армстронг и Енди Шлек внимаваа еден на друг на шесте нагорнини на саботното мени, собирајќи информации за вчерашната голема битка.

„Се мачев, а мислам дека се мачеа и сите други“, рече Армстронг. „Никој не се покажа денеска, никој ништо не се обиде. Единственото нешто што можеме да го сториме во ден како овој е да комуницираме меѓу себе, но мислам дека и тоа ни беше многу потешко отколку што очекувавме“.

Луксембуржанецот Енди Шлек, кој заврши четврти со 1,55 мин. заостанување зад Шаванел, изјави: „Да бидам искрен, беше многу потешко од очекувањата. Видов дека и другите се мачат, но Алберто и Ленс изгледаа добро“.

Тимските колеги на Контадор од Астана наметнаа посилно темпо во завршницата од етапата и многу од познатите возачи заостанаа. Носителот на жолтата маичка пред стартот на етапата, Швајцарецот Фабијан Канчелара, заостана 14 минути, еден од клучните тимски колеги на Армстронг, Германецот Андреас Кледен, заостана четири минути поради болест, а Британецот Дејвид Милар дури 18,57 мин.

Почетокот на етапата го обележа долгото водство на тимскиот колега на Шаванел, Жером Пино, кој ја зацврсти челната позиција во битката за титулата „Крал на планините“ со тоа што заврши прв во пет од шесте искачувања.

Резултати од седмата етапа: Силван Шаванале (Франција/Квик степ) 4:22,52 ч., Рафаел Валс (Шпанија/Футон) +57 сек., Хуан Мануел Гарате (Шпанија/Рабобанк) +1,27 мин. итн.

Вкупен поредок: Шаванел 33:01,23 ч., Кејдел Еванс (Австралија/БМЦ Рејсинг) +1,25 мин., Рајдер Хесједал (Канада/Жармин) +1,32 мин. итн.


#
Статијата е прочитана 164 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Европски шлаг на јужноамериканска торта
Секоја чест за Германија, но и за Уругвај
Вилја како дете избегна ампутирање на ногата
Која е и што работи жената на шпанската клупа?
Уметноста на фудбалот
Македонија во најнизок ранг во Дејвис купот
Се повлече кралот на пречките, Ален Џонсон
Леб најбрз во првата трка во Бугарија
Вебер победник на новиот Силверстоун
Тајсон Геј го победи Пауел во Гејтсхед
Франција го исфрли шампионот Шпанија