Број 3330  понеделник, 12 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Спорт

Леб најбрз во првата трка во Бугарија

Себастијан Леб забележа уверлива победа на првото „Рели Бугарија“, што е четврти триумф на возачот на Ситроен сезонава. Шесткратниот светски првак заврши 29,5 сек. пред тимскиот колега Дани Сордо, а Норвежанецот Петер Солберг, кој исто така вози за Ситроен, го освои „само“ третото место и покрај победата во пет од последните седум етапи од асфалтната трка долга 354 км.

Себастијан Ожер, кој во мај во Португалија ја оствари својата прва победа во кариерата, се искачи на четвртата позиција откако загуби време возејќи крај патот во првиот ден од релито. Мико Хирвонен беше највисоко пласиран возач на Форд со своето петто место, а шести заврши неговиот тимски колега Јари-Мати Латвала.

Леб, кој атакува на својата седма титула во низа, го зголеми своето салдо на 58 победи во кариерата, а ја зголеми и предноста во вкупниот поредок сезонава. Французинот има 151 бод, а го следат Ожер со 100 и Хирвонен со 86.


#
Статијата е прочитана 216 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Европски шлаг на јужноамериканска торта
Секоја чест за Германија, но и за Уругвај
Вилја како дете избегна ампутирање на ногата
Која е и што работи жената на шпанската клупа?
Уметноста на фудбалот
Македонија во најнизок ранг во Дејвис купот
Шаванел го украде шоуто пред Алпите
Се повлече кралот на пречките, Ален Џонсон
Вебер победник на новиот Силверстоун
Тајсон Геј го победи Пауел во Гејтсхед
Франција го исфрли шампионот Шпанија