Број 3330  понеделник, 12 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Спорт

Тајсон Геј го победи Пауел во Гејтсхед

Американецот побрз за две стотинки од Јамајчанецот на митингот од Дијамантската лига

Тајсон Геј победи во долго очекуваната пресметка на 100 м со Асафа Пауел на атлетскиот митинг од Дијамантската лига во Гејтсхед во саботата со време од 9,94 сек. Јамајчанецот Пауел, кој го дели најдоброто време сезонава со сонародникот Јусеин Болт, финишира две стотинки по Американецот.

Геј, кој е втор најбрз човек сезонава, во својата прва вистинска стотка годинава не покажа никакви знаци од повредата на тетивата на коленото што му ја наруши сезоната. Тој без проблеми победи во својата група од квалификациите со време од 9,96 сек. и со ветер во градите во топлиот и облачен ден.

„Се чувствувам добро. Пауел е еден од моите омилени натпреварувачи и успеав да го добијам денеска“, им изјави Геј на репортерите. „Навистина морав да запнам до целната линија. Тетивата на коленото се' уште е затегната и на тоа ќе морам да поработам“.

Светската шампионка во седмобој Џесика Енис, која се врати на митинзите по вирозата, заврши на разочарувачкото последно место на 200 м, но беше посреќна со својот резултат од 46,15 м во фрлање копје, продолжувајќи ги подготовките за Европското првенство во Барселона овој месец. На попупразниот стадион Британката остана меѓу последните во двестотката, завршувајќи речиси една секунда зад победничката Бјанка Најт од САД со време 23,35 сек.

„Малку сум разочарана со времето, да бидам искрена. Беше малку пребавно, но ветерот беше во минус 1,4 м“, изјави Енис, чијшто личен рекорд во оваа дисциплина е 23,15 сек.

Во трката на 400 м во женска конкуренција Шерика Вилијамс ја задржа Американката Деби Дан, најбрзата жена во светот сезонава, победувајќи ја со време од 50,44 сек.

Олимпискиот шампион Асбел Кипроп од Кенија беше незадржлив на 1.500 м, каде што го победи сонародникот Августин Чоге со време од 3:33,34 мин.

Светскиот и олимписки вицешампион во фрлање диск Пјотр Малаховски од Полска постави нов државен рекорд од 69,83 м и победи во оваа дисциплина.


#
Статијата е прочитана 373 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Европски шлаг на јужноамериканска торта
Секоја чест за Германија, но и за Уругвај
Вилја како дете избегна ампутирање на ногата
Која е и што работи жената на шпанската клупа?
Уметноста на фудбалот
Македонија во најнизок ранг во Дејвис купот
Шаванел го украде шоуто пред Алпите
Се повлече кралот на пречките, Ален Џонсон
Леб најбрз во првата трка во Бугарија
Вебер победник на новиот Силверстоун
Франција го исфрли шампионот Шпанија