Број 3330  понеделник, 12 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Спорт

Франција го исфрли шампионот Шпанија

Србите ги совладаа Хрватите во Сплит, во ексјугословенската пресметка во Дејвис купот

Франција ги уништи надежите на Шпанија за хет-трик во Дејвис купот, откако со победата во двојки обезбеди недостижно водство во дуелот од четврт-финалето во Клермон Феран. Домашниот дубл Мишел Јодра и Жилиен Бенето ги совладаа Фернандо Вердаско и Фелисијано Лопез со 6-1, 6-2, 6-7 (6), 7-6 (5), заверувајќи ја првата победа на „триколорите“ над „фуријата“ во Дејвис купот по 1923 година!

„Се надевам дека ова е почеток на долга приказна за нашите тенисери. Тие, едноставно, беа извонредни и се надевам дека ќе играат со истиот мотив и во септември“, изјави францускиот капитен Гиј Форже.

Јодра изјави дека се надева оти Франција, која своето последно финале го играше во 2002 година, ќе отиде чекор понатаму и ќе ја освои популарната „салатара“.

„За илустрација, имав 11 години кога ги гледав Форже и Анри Леконт како слават над САД во финалето на Дејвис купот во 1991. Мојот сон отсекогаш беше да ги достигнам. Ние го победивме бранителот на титулата и тоа е фантастично“, одушевен е Јодра.

Првиот поен на Франција и' го донесе Гаел Монфис со победата над Давид Ферер од 7-6 (3), 6-2, 4-6, 5-7, 6-4, а по него се радуваше и Јодра, кој против Вердаско одигра четири сета: 6-7 (5), 6-4, 6-3, 7-6 (2).

Србија ја доби тениската бившојугословенска пресметка со Хрватска, и тоа во „Спаладиум арена“ во Сплит, откако Новак Ѓоковиќ вчера го донесе решавачкиот поен со победата над првиот домашен рекет Марин Чилиќ од 6-3, 6-3, 6-2. Гостите го отворија натпреварот со победата на Ѓоковиќ над Иван Љубичиќ од 7-6 (3), 6-4, 6-1, а „коцкестите“ израмнија преку Чилиќ, кој го совлада Виктор Троицки со 6-4, 7-5, 6-2. Потоа српската двојка Јанко Типсаревиќ и Ненад Зимоњиќ беше подобра од Чилиќ и Иван Додиг со 6-3, 6-2, 6-4.

Полуфиналето го досегнаа и Чесите со недостижното водство од 3:0 над Чиле во Кокимбо. Иво Минар го „прегази“ Николас Масу со 6-0, 6-2, 6-3, Јан Хаел беше уште поубедлив против Пол Капдевилја (6-0, 6-2, 6-1), а Хаек и Лукас Длухи ги добија Масу и Хорхе Агилар со 7-6 (3), 6-3, 3-6, 6-3.

Русија и Аргентина синоќа во Москва требаше да го довршат натпреварот во кој беше израмнето 2:2.


#
Статијата е прочитана 317 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Европски шлаг на јужноамериканска торта
Секоја чест за Германија, но и за Уругвај
Вилја како дете избегна ампутирање на ногата
Која е и што работи жената на шпанската клупа?
Уметноста на фудбалот
Македонија во најнизок ранг во Дејвис купот
Шаванел го украде шоуто пред Алпите
Се повлече кралот на пречките, Ален Џонсон
Леб најбрз во првата трка во Бугарија
Вебер победник на новиот Силверстоун
Тајсон Геј го победи Пауел во Гејтсхед