Се повлече кралот на пречките, Ален Џонсон
Четирикратниот светски шампион и олимписки првак од 1996, Ален Џонсон, ја заврши својата извонредно успешна кариера на 110 м со пречки во саботата. Џонсон, кој во 1995 година ја прекина серијата на Британецот Колин Џексон од 44 победи во оваа дисциплина, по што самиот доминираше со години, изјави дека неговото 39-годишно тело не би му дозволило да продолжи.
„Мојата ќерка имаше одвај четири години кога триумфирав во Атланта 1996 година, сега завршува средно училиште“, објаснува освојувачот на сребрениот медал на 60 м на СП во сала во Валенсија 2008. „Проблем во стареењето се повредите. За да се залечат треба време, па ќе се вратите, па повторно ќе се повредите и никогаш не можете да ја достигнете потребната форма“.
Личниот рекорд на Џонсон е 12,92 сек., поставен во американските квалификации за ОИ во Атланта и послаб за само една стотинка од светскиот рекорд. |