Слаломот во Аспен за Швеѓанката Холмнер
Швеѓанката Марија Пиетила-Холмнер победи во женската слаломска трка во Аспен. Вкупното време што таа го оствари на патеката во американскиот зимски центар изнесува 1:49,19 минути (53,86 секунди во првото возење и 52,33 секунди во второто).
Марија Риш се пласира на втората позиција (1:46,87 минути), зад неа се најде Тања Путијаинен од Финска (1:47,12 минути). Без пласман останаа неколку од најдобрите светски скијачки како што се Марлес Шилд, Кристина Гајгер и Мануела Мелг, кои испаднаа уште по првата трка.
Резултати од женскиот слалом во Аспен, САД: Марија Пиетила-Холмнер (Шведска) 1:46,19 минути; Марија Риш (Германија) 1:46,87 минути; Тања Путијаинен (Финска) 1:47,12 минути; Вероника Жужулова (Словачка) 1:47,20 минути; Никол Хосп (Австрија) 1:47,25 минути; итн...
Генерален пласман во Светскиот куп: Марија Риш (Германија) 234 бода; Тања Путијаинен (Финска) 196; Викторија Ребенсбург (Германија) 180; Катрин Хелцл (Герма��ија) 166; Марија Пиетила-Холмнер (Шведска) 149; итн...
Генерален пласман во слалом: Марија Риш (Германија) 160 бода; Марија Пиетила-Холмнер (Шведска) 124; Тања Путијаинен (Финска) 120; Марлес Шилд (Австрија) 100; Никол Хосп (Австрија) 90; итн... |