Број 3445  вторник, 30 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter
Спорт

Импресивен крај на сезоната за Федерер

Швајцарецот го победи светскиот рекет број еден Надал со 6-3, 3-6, 6-1 во АТП-финалето во Лондон и го израмни рекордот на Лендл и на Сампрас од пет трофеи на завршниот тениски турнир во годината

Роже Федерер му испрати предупредувачка порака на Рафаел Надал, надигрувајќи го доминантниот светски играч годинава и освојувајќи го АТП-финалето со неодбранлив бараж од напаѓачки тенис. Федерер, засенет сезонава од феноменалниот Надал, победи со 6-3, 3-6, 6-1 пред 17.500 гледачи во лондонската арена „О2“ и се израмни со рекордерите Иван Лендл и Пит Сампрас, кои имаат по пет трофеи од завршниот турнир. На Надал, кој годинава ги освои Ролан Гарос, Вимблдон и Ју-Ес опен и го симна Федерер од врвот на АТП-листата, му недостигаше неговиот вообичаен интензитет по епското полуфинале против Енди Мари, па Швајцарецот ја искористи својата шанса да постави маркер за следната година. Од рекетот на Федерер излетаа 32 винери во мечот што траеше еден час и 37 минути, во кој излезе подобар од Шпанецот само втор пат во последните две и пол години.

Надал сега води со 14:8 во меѓусебните дуели од 2004 година наваму, но формата на Федерер по шокантниот пораз од Томаш Бердих на Вимблдон сугерира дека 24-годишникот ќе наиде на блокада од Швајцарецот на патот до поголема гренд-слем слава во 2011. Со завршување на турнирот по принципот секој со секого Федерер стана и побогат за 1,6 милиони долари, иако самата победа над играчот што му се заканува на неговиот епитет „најдобар на сите времиња“ е доволна награда.

„Навистина сум среќен од начинот на кој успеав да ја завршам сезоната со стил, играјќи го својот најдобар тенис“, изјави Федерер, кој ја освои својата 16. гренд-слем титула на годинашниот Австралија опен. „Покрај тоа, победата над Надал во финалето го прави тоа уште попосебно поради годината што ја имаше тој“.

Федерер малку подзастана, а потоа ги испразни емоциите откако се увери дека форхендот му заврши на основната линија, а Надал, кој не побара челенџ, се упати кон мрежата за да му честита. Шпанецот никогаш не го прима поразот лесно, но имајќи предвид колку далеку дотурка откако си замина од Лондон пред 12 месеци со три пораза и со сериозни прашања околу неговата форма и физичка подготвеност, беше видливо дека не е премногу разочаран што играше споредна улога.

„Ова беше фантастична година и веројатно најемотивната за мене“, изјави на теренот Надал, кој го прекина 11-месечниот пост со триумфот во Монте Карло во април и оттогаш беше речиси незадржлив. „Но, кога Роже игра вака многу тежко е да се запре“.

Прв пат по 1986 година првите двајца на АТП-листата играа во финалниот меч во сезоната за совршен крај на турнирот што привлече 250.000 фанови во осум дена на трибините. И покрај тоа што на мечот му недостигаше драмата од нивниот последен дуел во Лондон - незаборавната победа на Надал над Федерер во финалето на Вимблдон 2008 - тој, сепак, донесе уживање и забава за публиката во распродадената арена додека двајцата тенисери се обидуваа да ја преземат иницијативата.

На Надал прв му се укажа шанса при 3-3, кога имаше 0-30 на сервис на Федерер, но беше разоружан од ноншалантноста со која противникот освои четири совршени поени во низа. Во следниот гем Федерер се избори за брејк-шанса со форхенд-винер и ја искористи со испратениот бекхенд надвор од досегот на Надал.

Додека трепнеш Федерер веќе имаше водство од еден сет, но Надал, кому ова му беше прво финале на турнирот со кој се спушта завесата на тениската сезона, израмни во мечот откако прв пат му го одзеде сервисот на Федерер во четвртиот гем од вториот сет. Тоа беше значајно постигнување ако се има предвид дека Федерер изгуби само 13 поени на свој сервис во текот на мечот.

Решавачкиот пробив тој го направи кога поведе со 3-1 во решавачкиот сет, благодарение на „уморниот“ бекхенд на Надал надвор од теренот. Цедејќи ги последните резерви од својата енергија, Надал стигна до дјус во следниот гем, но Федерер со тресок ја затвори вратата со ас за водство од 4-1, по што повеќе немаше враќање за мајорчанецот.



ФЕДЕРЕР БЛАГОДАРЕН НА АНАКОН



Враќајќи се неколку месеци наназад, имаше такви што мислеа дека ореолот на Федерер исчезна засекогаш. Поразот од Робин Содерлинг на Ролан Гарос ја прекина неговата неверојатна низа од 23 настапи едноподруго во полуфиналето на гренд-слем турнирите, за потоа да доживее уште еден четврт-финален пораз од Томаш Бердих на Вимблдон. Меѓу овие два шока беше совладан и од Лејтон Хјуит на тревнатиот терен во Хал��, прв за него таму по 2002 година и против играч што го имаше победено 15 пати во низа.

Беа потребни драстични мерки и Федерер се сврте кон американскиот тренер Пол Анакон, кој порано соработуваше со Пит Сампрас, фалејќи ја истовремено и работата со сонародникот Северин Лути. Тоа се покажа исправен потег, со оглед на тоа дека Федерер, кој најчесто тренираше сам и без тренер со полно работно време, оттогаш стигна до шест финалиња и забележа 35 победи и четири порази.

„Најпрвин, морав да си ја вратам самодовербата“, им изјави Федерер на репортерите по победата над сопственикот на девет гренд-слем трофеи Надал. „Таа доаѓа само со победување во мечеви. По разочарувачката сезона на земја, Хале, неуспехот во Вимблдон, кога не бев способен да освојам ниту еден турнир и која не играв најдобро што знам, кога играв по малку пасивно, беше важно да ја подигнам мојата игра. Почнав да се движам подобро, почнав да се чувствувам добро и физички и психички. Сигурен сум дека Пол ми помогна во таа смисла. Исто како Северин. И тој ми беше од помош во последните неколку години. Ете зошто сум многу среќен со мојот тим в�� оваа фаза од сезоната. Можам слободно да им се заблагодарам за извонредната работа. Успеав поради нивната напорна работа, но и поради мојот кондициски тренер, поради мојот физиотерапевт, поради мојата сопруга и децата. Напати беше многу интензивно, но се чини дека донесовме многу правилни одлуки движејќи се кон завршницата од сезоната. Моето тело успеа да ги издржи многуте настапи. Одиграв пет турнири во седум недели, но се чувствувам многу среќен во моментов“.

Иако годината помина во знакот на Надал, Федерер нагласува колку му било важно да ја освои последната титула во сезоната за израмнување на рекордот од пет триумфи. На турнирот што ги собира осумтемина најдобри тенисери во светот тој победи во пет меча и при тоа загуби само еден сет.

„Навистина сум воодушевен од начинот на кој играв во текот на целата недела“, вели тој. „Да се освои овој турнир пет пати е навистина фантастично, исто како и фактот дека успеав да го сторам тоа на трета различна локација по Хјустон и Шангај. Навистина сум среќен што ја завршив сезоната на ваков начин, бидејќи го чував најдоброто за крај. Денеска имавме уште еден голем меч, со фантастични размени. Знам дека тоа нема да одземе ништо од големата сезона на Рафа, бидејќи таа беше чудесна“.



НАДАЛ: ЗАМОРОТ НЕ БЕШЕ ПРЕСУДЕН



Рафаел Надал одби да го искористи заморот како оправдување во неделата, кога неговата извонредна година заврпи со пораз од Роже Федерер на АТП-финалето. Светскиот рекет број еден го одигра еден од мечевите на годината кога избори тешка победа по тричасовна битка со Енди Мари во полуфиналето, з апотоа да налета на Федерер во сензационална форма.

„Сметам дека не е вистинскиот момент да се зборува за тоа“, е одговорот на Надал на прашањето дали имал физички проблеми против 16-кратниот гренд-слем шампион. „Сите го видоа мечот и секој има право на свое мислење, но јас нема да кажам дека го загубив мечот бидејќи бев изморен. Тоа што ќе го кажам и тоа што го чувствувам е дека изгубив бидејќи играв против еден многу добар Роже Федерер на една од неговите омилени подлоги. Кога тој игра вака, многу е тешко да биде запрен. Јас имав шанси, но не доволно.

Место да рони солзи за поразот, Надал претпочита да фрли поглед на годината што ја опиша како „најемотивна“ во неговата кариера. По 11 месеци без освоен турнир, тој се врати во форма во Монте Карло пролетоска, победувајќи на земјаниот терен во кнежевството шеста година по ред, и самодовербата повторно надојде. Оттогаш наваму тој беше без малку незапирлив, одбранувајќи ги титулите на Ролан Гарос и на Вимблдон и комплетирајќи го својот гренд-слем на кариерата со триумфот на Ју-Ес опен. Сето тоа беше во силен контраст со тоа што му се случи пред 12 месеца во Лондон, кога во финалето на сезоната не успеа да освои ни сет во трите меча.

„Ова беше фантастична седмица за мене“, изјави Надал. „Победив четворица од најдобрите осуммина светски тенисери во една недела на тешка подлога за мене. Мислам дека тоа никогаш не ми се случило во минатото. Имаше доста важни моменти за мене во текот на сезоната. Во почетокот беа тешки моменти, но по тој тежок период играв со амбиција цела сезона и успеав да си обезбедам шанси за победа и да продолжам да победувам. Штом го освоив првиот турнир во Монте Карло, се' беше полесно. Сиот притисок и немир исчезнаа и почнав да играм навистина добро“. (Р.Д.)


#
Статијата е прочитана 536 пати.

Испрати коментар

Од: sovremenik
Датум: 30.11.2010 16:50:32
Velemajstorot Federer go izigra turnirot na profesorski način. Učenicite-učesnicite imaa prilika što da naučat, osobeno vo smisel na taktikata na igranjeto.

Најди! во Утрински
Спорт
Пелистер се распаѓа
Продолжува фуриозниот поход на Тотенхем
Палермо ја прекина серијата на Рома
Металург и Вардар про чекаат ривали
Александар Ставрев ќе му суди на Порто
Воведот во сезоната за Австриецот Кефлер
Победа на Гроненфелдер во супервелеслаломот во Лејк Леуис
Слаломот во Аспен за Швеѓанката Холмнер
 


Bosnia struggles to form state and entity governments
Bulgarian politicians caught in luxury phone trap
Thousands still missing from Yugoslavian wars