Александар Ставрев ќе му суди на Порто
Нашиот најдобар фудбалски судија интернационалецот Александар Ставрев доби уште едно признание од судиската комисија на УЕФА. Тој е одреден за главен судија на натпреварот во Виена меѓу Рапид и една од најдобрите португалски екипи Порто во Евро лигата што ќе се одигра на 2 декември. На овој меч ќе му помагаат Љубомир Крстевски и Марјан Кировски, зад двата гола ќе бидат Димитар Мечкаровски и Горан Спирковски, додека четврти судија е Петар Мантев. Во изминатите две години Ставрев шест пати судеше натпревари во Евро лигата, годинава ова му е трет меч. Пред тоа беше главен судија на средбите Дебрецин-Металис и Оденсе-Јанг бојс. (М.М.) |