Број 3425  сабота, 06 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter
Политика

ДУИ плаши кокошки на погрешно место

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, во интервју за телевизија Алб ги отфрла обвинувањата дека објавените досиеја за некои челници на ДУИ се фабрикувани од неговата партија. Според Тачи, таквите обвинувања се резултат на паника во партијата на Али Ахмети и имаат цел да ја дезориентираат јавноста.

„Тие се во една состојба на паника и ги плашат кокошките таму каде што ги нема. Тие најдобро знаат што направиле. Прво, ова не се досиеја, туку извадени делови од досиеја на луѓе што биле следени“, вели Тачи. Тој смета дека многу брзо ќе излезат на виделина силни аргументи за „антинационалното дејствување на некои од челниците на ДУИ“.

„Сте го слушнале и водачот на ДУИ, кој директно не кажува дека ова го направиле ДПА и Мендух Тачи. Јавно го повикувам да го каже тоа, но не го кажува затоа што знае дека ќе се соочи со суд“, вели Тачи.

На прашањето што мисли околу вистинитоста на податоците што се прикажани во документите, лидерот на ДПА одговара дека такво прашање му поставиле многу претставници на меѓународната заедница, но оти тој од стручен аспект не ја познава оваа проблематика. Сепак, ја повикува ДУИ „да ја ампутира таа рана што крвави“, бидејќи „ако не ја ампутираат ќе умре целиот тој политички организам“.

Прашан дали мисли дека прашањето на досиејата може да влијае и на Косово, Тачи одговара: „Ние сме еден народ. Сме имале еден непријател. Работите се поврзани. Но, за да го смирам господин Красниќи и да му ги отворам очите дека многу греши, само го потсетив на изјавите на претседателот Ругова во 1993 година за да бидат внимателни“. (П.Р.)


#
Статијата е прочитана 969 пати.

Испрати коментар

Од: pollogu
Датум: 06.11.2010 16:23:59
najgolemite nepriateli na lugjeto kaj nas se tokmu lugje kako mendu thaqi,se obiduva bez fakti da stigne neshto,neznam mozhebi problemot e vo negovoto odnesuvanje ama problem za albancite pa i za makedoncite tokmu toj e.

Најди! во Утрински
Политика
Исчезнатите документи не биле за „Скопје 2014“
Нашите обвиненија не доживуваат фијаско
Војниците се изборија за подобар статус
Бошкоски
Љупчо се враќа со слоганот од ’98
Без утврдување на фактите, нема помирување
ТВ Пинк ја купи Алфа?
СДСМ препозна признавање кај министерката






Confusion over Hungarian private pension funds
Romania and Moldova sign historic border treaty
Albania is refused EU candidate status