Број 3425  сабота, 06 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter
Политика

СДСМ препозна признавање кај министерката

Во тврдењата на министерката за култура дека нема исчезнати документи од проектот „Скопје 2014“, СДСМ вчера препозна нејзино признавање. Игор Ивановски, член на партискиот Извршен одбор, убеден е дека Елизабета Канческа-Милевска направила обид да се извади од мегааферата „патриотска метла“ со исчезнување документација за поништени тендери што не се однесуваат на „Скопје 2014“. Тој констатираа конфузност кај министерката и и' порача да се видат на суд.

„Ова се ноторни лаги и скандалозни тези. Кој Ви дава право со таква ароганција да тврдите дека нема ништо спорно затоа што се работело за документи од поништени тендери? На јавноста и' е многу добро познато дека еден од методите за криминал и корупција и местење на тендерите, претставува нивното поништување. Вообичаена практика за оваа власт е по поништувањето да се склучува непосредна спогодба во четири очи со однапред познат изведувач. Токму затоа мора да ја чувате и документацијата за сите евентуално поништени тендери“, потенцираше Ивановски обраќајќи се до министерката за култура. Од СДСМ го проширија списокот на исчезнати документи, меѓу кои се најдоа и оние за стариот театар. (Сн.К.)


#
Статијата е прочитана 1000 пати.

Испрати коментар

Од: trpe od gradcko
Датум: 06.11.2010 15:02:13
Kolku li pari se proneverile so ovie izgubeni dokumenti....uzivajte vo lavovi i spomenici, a za jadenje ke trpime....uzivajte narode makedonski...glasavte za Gruevski....

Најди! во Утрински
Политика
Исчезнатите документи не биле за „Скопје 2014“
Нашите обвиненија не доживуваат фијаско
Војниците се изборија за подобар статус
Бошкоски
Љупчо се враќа со слоганот од ’98
Без утврдување на фактите, нема помирување
ТВ Пинк ја купи Алфа?
ДУИ плаши кокошки на погрешно место






Confusion over Hungarian private pension funds
Romania and Moldova sign historic border treaty
Albania is refused EU candidate status