Број 3425  сабота, 06 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter
Политика

Љупчо се враќа со слоганот од ’98

Под мотото „Промени за“, Народна ќе ја пренесува
својата политичка порака низ државата

Александра М. Митевска


Поранешниот премиер Љупчо Георгиевски, кој сега е почесен претседател на ВМРО-НП, ќе се врати во центарот на политичките збиднувања на следните парламентарни избори што ќе се одржат до средината на 2012 година. Од ВМРО-НП вчера ни потврдија дека веќе се утврдени двајца носители на кандидатските листи на партијата на наредните избори. Покрај Георгиевски, извесно е дека носител на листа ќе биде и партискиот претседател Марјан Додовски, кој појаснува дека во партијата дополнително ќе се договорат другите носители и кој во која изборна единица ќе настапува.

Георгиевски во изминатите пет-шест години се држеше понастрана од дневно-политичките збиднувања. Сепак, како претседател на фондацијата што го носи неговото име, одвреме-навреме, се појавува во јавноста со свои ставови за клучни политички збиднувања, како прославата на роденденот на ВМРО-ДПМНЕ, лустрацијата... Тој последен пат директно учествуваше во изборна трка во 2006 година, како носител на листата на ВМРО-НП во Петтата изборна единица.

ВМРО-НП синоќа во Тетово ја почна новата партиска кампања што ќе трае до распишувањето на изборите. Целта, како што објаснува Додовски, е да се пренесе политичката порака на ВМРО-НП дека се потребни „Промени за“, поточно промени за враќање на надежта и достоинството и за отворање на иднината.

Во случајов станува збор за инверзија на зборовите од слоганот „За промени“, со кој ВМРО-ДПМНЕ ги доби изборите во 1998, кога Георгиевски стана премиер. „Нашата политичка опција, во изминатите две децении, помина низ неколку циклуси кои ги донесоа промените во општеството. Во 1990 година се промени системот, во 1998 година се случи промената на власта и новата Влада ги направи најкрупните реформи досега, во 2002 година ја изгубивме власта, а сега истекува осумгодишниот циклус по кој повторно се неопходни промени“, ја објаснува Додовски филозофијата на старо-новото мото.

Тој открива дека политичката порака на ВМРО-НП, што беше усвоена на седница на Централниот комитет на партијата, се базира на три столба: - стабилна и силна држава, иднина во евроатлантските интеграции, просперитет и благосостојба за секој граѓанин.

„Ќе ги обиколиме сите општини во Македонија и секаде ќе ја промовираме нашата порака. Во секоја општина ќе понудиме наша визија за надминување на најгорчливите проблеми на тамошните жители“, вели претседателот на Народна. Неговата партија вчера во Тетово го промовираше предлогот за нова територијална организација на оваа општина.

Иако во последно време се реактуелизира идејата за обединување на помалите партии на десницата контра владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Додовски вели дека е речиси извесно дека ВМРО-НП ќе настапи самостојно на следните избори.

Наспроти информациите дека имало нова средба меѓу Георгиевски и Филип Петровски, во насока на изборно коалицирање на новата демохристијанска партија со ВМРО-НП и со Здружението „Достоинство“, Додовски вели дека „во муабетите за обединување на десницата има само 0,1 процент реалност“. Според него, ВМРО-НП најверојатно ќе има соло-настап, како што настапуваше и на изборите во 2005, 2006 и 2009 година.


#
Статијата е прочитана 7451 пати.

Испрати коментар

Од: eden covek
Датум: 06.11.2010 12:41:59
Ke ima li izbori vo mart? Nemoj za toa da se sprema Geogrgievski ?!
Од: makedonec
Датум: 06.11.2010 12:53:53
Mars vo bgaria, prokleti izdajnici!!!
Од: БЕШЕ ПРЕМИЕР А ШТО Е СЕГА
Датум: 06.11.2010 13:12:35
Па сега не е ништо. Кукла на навивање. Поет ама какви поети има еееее значи и тоа не е.
Од: dragan
Датум: 06.11.2010 14:46:32
lupco vo 2012 ke zavrsi isto kako i kalendarot na maite
Од: makedonka
Датум: 06.11.2010 16:05:54
odi vo Bugarija da baras promeni a Makedonija ostavija na raat da si ja gleda rabotata.Dosta od takvi izdajnici kako tebe
Од: Алек
Датум: 06.11.2010 16:55:07
Љубчо во срце те носиме!
Од: duskovski
Датум: 06.11.2010 17:31:46
vrATI se ljupce spasi ne
Од: sspvp-steve
Датум: 06.11.2010 17:57:02
Za sram sto se uste mu se dava znacene na eden vakov raskolnik,predavnik,antimakedonec koj saka makedonija da e snema i deka makedoncite se bugari,koj namerno so dogoverena borba so A.Dafefi sakase da unisti makedonija i saka promeni,neka si odi vo bugarija kade mu e srceto neka e ostavi makedonija vo mir,bez nego podobro ke pominime.
Од: nada
Датум: 06.11.2010 19:39:50
Sekoj ima pravo da kaze sto misli, sekoj ima pravo da pravi sto saka, samo da e po zakon na drzavata....zarem ne.... Pa i Ljupco, ima pravo, vprocem i toj e gragjanin na nasta drzava. A posledeno, i naj vazno e mislenjeto na narodot... E toa e Dragi moi DEMOKRATIJA.
Од: Nikola-Germanija
Датум: 06.11.2010 20:18:02
Nasproti Gruevski L.G. ima ideolosko ubeduvanje za koe se bori,iako ne bas po nas vkus. Gruevski e Idolopokolonik na parite,nisto poveke-nisto pomalku.Na slednite izbori ke gubi bidejki ke mu nedostiga albanski partner za koalicija. Ahmeti konstantno dozivuva ponizuvanja od Gruveski,Taci so dosijejata ja otvori pandorinata kutija bez da znae kakov ke bide ishodot,Imer Selmani sam se isutiraa vo "politicki out".Ostanuva samo Rufi Osmani,kogo,po se sto imam videno,slusano i citano za toj covek od 1997 god. navamu,go smetam za psihicki labilen,so kogo duri eden Gruevski nema da stapi vo koalicija.L.G. mozebi e najdobar most da se popravat barem odnosite so BG,bidejki,pogotovo so segasnata vlada,nitu so SRB,GR ili AL vo dogledna idnina ke imame "partnerski odnosi".No,sumasumarum,sekoja nacional-konzervativna opcija se pokaza kako pogubna za sekoe opstestvo,pocnuvajki od Hitler preku Musolini do Georgievski (2001)/Gruevski (2006-2012(?)).Mislam,nema veke potreba od izlisen komentar.Pozdrav.
Од: goran
Датум: 06.11.2010 20:24:24
site glumat gore na slikata, eden da pocne da aplaudira drugite go sledat dvizenje i oni apludiraat,
Од: Bitolcanec od Kanada
Датум: 06.11.2010 20:27:33
Utrinski Venik. Koga ke prestanete da go spomnuvate imeto na ovoj bugarofil?
Од: petar
Датум: 06.11.2010 23:09:38
Gorepotpisanite se ameboidni polzavi koi neznaat da mislat so svojot mozok, tuku se programirani da bidat naveduvani za da verglaat gluposti, a koga samo barem malku bi go iskoristile svojot mozok... Ljubco Georgievski e dokazana vrednost na makedonskata politicka scena, Georgievski e covek za kogo site , bez isklucok priznvaat deka koga toj bese vlast zivotot im bil pobogat i pobezgrizen, Georgievski e prviot lider na VMRO od osnovanjeto do denes koj uspea da sozdade Makedonska drzava !
Од: ace vmro
Датум: 06.11.2010 23:39:47
Напред, Претседателе можеме ако сте сериозни. Да ги измешаме картите уште еднаш. Инаку за тие предходно и сами знаете дека во наше време 1998-2010 се живееше најдобро.
Од: Промени за што?
Датум: 07.11.2010 00:18:58
ВМРО-НП нема капацитет ниту луѓе да направи нешто за Македонија, додека Љубчо Георгиевски одамна ја изгуби подршката кај граѓаните со своите неразумни потези. Не е доволно да се има идеи или пораки, на Македонија и се потребни чесни луѓе, способни и принципелни чиј главен интерес е добросостојбата на сопствената држава.
Од: dule
Датум: 07.11.2010 00:20:40
Edinstvenata svetla tocka na makedonskata politicka scena... Ljubco Georgievski!!!
Од: patriot
Датум: 07.11.2010 01:58:11
vojvodo vrati se da ne spasis
Од: Mile Kitich
Датум: 07.11.2010 03:06:52
Site sto komentiraat pozitivno za ovoj Bugarin (so BG drzavjanstvo) se ili kako nego ili veruvaat vo dedo mraz
Од: Виктор
Датум: 07.11.2010 05:02:39
Само пак да не „заборават“ да поднесат пратенички листи како на минатите избори. Народот можеби заборава некои работи, ама нема до толку кратко пом��ење.
Од: Љупчо
Датум: 07.11.2010 15:31:31
Само Љубчо може да ја изведе Македонија на вистинскиот пат. Само тој може да превземе одговорност и да стои зад своите ставови. НАПРЕД ВОЈВОДО, СО ТЕБЕ СМЕ.
Од: Кирил
Датум: 07.11.2010 18:28:37
Денеска бев на Плаошник и Ве благословував, господине Георгиевски, зашто само човек што знае како чука срцето на вистинскиот Македонец може да придонесе со своја светла, чиста мисла да се возобнови нешто толку убаво, непроценливо за македонскиот народ.

Најди! во Утрински
Политика
Исчезнатите документи не биле за „Скопје 2014“
Нашите обвиненија не доживуваат фијаско
Војниците се изборија за подобар статус
Бошкоски
Без утврдување на фактите, нема помирување
ТВ Пинк ја купи Алфа?
СДСМ препозна признавање кај министерката
ДУИ плаши кокошки на погрешно место






Albana is refused EU candidate status
Macedonia considers €400m IMF crisis loan
Tight controls on visa-free travellers from Albania and Bosnia