Број 3032  петок, 10 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Министрите на ДУИ на дневен ред во септември?

Врвот на партијата на итна седница разговарал за потресите во Владата

Светлана Унковска

Министрите на ДУИ засега остануваат во своите функционерски фотелји, бидејќи партиските органи се' уште го преиспитувале работењето на нивните кадри, велат од партијата на Али Ахмети. Сепак, проветрување во редовите на интегративците ќе има и, како што и претходно се најавуваше, тајмингот останува за септември. Партиските извори на ДУИ тврдат дека со приближувањето на датумот за кадровските смени, се вжештува и онака напнатата атмосфера, при што веќе подолг период владее големо незадоволство.

Лидерот на ДУИ, Ахмети, завчеравечер откако се случи бранот оставки, итно го свикал партиското претседателство на кое било разговарано за смените во ресорите на коалициониот партнер. Истовремено, било утврдено и дека реконструкцијата на министрите на ДУИ треба да се остави за подоцна. Под лупа се ставени работењата на министрите за труд и социјална политика, Џелал Бајрами, за екологија, Неџати Јакупи, како и за локална самоуправа, Муса Џафери. Со смената на овие тројца министри од нивните редови би бил надминат квантумот од седуммина сменети министри по што премиерот нема да може да направи реконструкција, туку ќе мора да го врати мандатот.

„Нема да има смена на министри од ДУИ, затоа што во партијата се' уште не сме ја заокружиле конечната анализа на сработеното. Го почитуваме ставот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, наедно и на премиер и тоа е нивен внатрепартиски проблем и, се разбира, ќе го поддржиме. За смените во ДУИ ќе разберете по ставовите на Централното претседателство и Генералното собрание на партијата“, изјави вчера пратеникот Џеват Адеми, но не прецизираше кога е можно да бидат донесени конечните одлуки. Тој потенцира дека неговата партија ги носи самостојно ставовите и дека премиерот Никола Груевски не барал смена на некој министер од коалициониот партнер.

„Досегашните процени се позитивни и досега Груевски не побарал смена од нашите министри. Со премиерот имаме разговори и за работата на министрите на ВМРО-ДПМНЕ и за сите министри“, рече Адеми, кој на прашањето како ја оценува работата на министрите на ДУИ, рече дека „тие не се на дневен ред“.

И покрај тоа што се вели дека со министерските смени биле изненадени и самите интегративци, сепак, Адеми вели дека за ваквите потези биле навреме информирани и тоа во сите фази на донесувањето на одлуките. Тој, исто така, вели и дека премиерот се консултирал со нив околу предлозите за новите министри.

„Штом ги поддржуваме, значи разговори имало, а за деталите знаат само Груевски и Ахмети“, рече Адеми.


#
Статијата е прочитана 1060 пати.

Испрати коментар

Од: Trajko
Датум: 10.07.2009 00:29:27
Se prashuvam,dali Makedonija ne e veke konfederacija?Odgovorot dobro mu e poznat na pastirot,a mora i ovcite da znat,dali ministrite odgovarat pred partiskite lideri ili pred premierot.Odgovor baram i od laznite patrioti,koi vozat bugarski avtomobili so bugarski lichni dokumenti i koi se izjasnile deka nivnite roditeli imat bugarski koreni a dedovcite im se prevrtuvat vo grobovite.
Од: петочен
Датум: 10.07.2009 09:04:54
не биле на дневен ред од ДУИ оти во партијата ја анализирале нивната работа? кај нас министрите не му одговараат на премиерот, на собранието, на граѓаните, туку на ПАРТИЈАТА? волк влакна сменил ама не и нарав... за жал албанските партии во моментов се во криза на идентитет бидејќи вечната тема на власт и дебата и основа за коалицирање Охридскио Рамкован се исцрпи и наместо да стокмат програми, само си докажуваат дека се изгубени .....
Од: Ванчо
Датум: 10.07.2009 09:12:45
Албанофобите се јавуваат секогаш кога ќе се споменат албанците. Доаѓаат како „вградена аномалија“. Да се измори човек од „чистите македонци“. Ако некој е дестабилизирачки фактор во државава, тоа е владејачката партија (според овие шовинисти, од македонскиот блок) - ВМРО - ДПМНЕ. Впрочем, политиката на оваа партија е и главниот генератор на македонските б`лгари, чија бројност нагло порасна токму за време на владеењето на оваа партија.
Од: meri
Датум: 10.07.2009 09:18:33
Makedonija ne e konfederacija. Gruevski im ostavi mesto na DUI sami da gi vrednuvaat svoite ministri i nivnata rabota. Toa e samo pozitivno bidejki Albancite traba da se naucat da pravat procenka koj kolku e uspesen i sto napravil. Dosega tie reageraat samo na etnicko nivo. Jas mislam dek toa e samo pozitivno. Gruevski moze da gi razresi ministrite na DUI no mislam deka podobro e tie samo da napravat procenka i da dojdat so predlog koj ke se smeni.
Од: albert
Датум: 10.07.2009 15:35:58
Znaete li kade e razlikata megju DUI (Divjacka Udbaska Iniciativa) i DPA? Site kadrovi od DUI nemaat zavrseno nekoja skola, a tie sto imaat gi imaat falc ili gi kupile vo DUT ili Sofia-Pristina. Mie od DPA sme navistina Mafija, no najgolemiot broj od nasite imaat zavrseno fakultet itn..i mie ne sme divljaci kako doslacite na DUI.

Најди! во Утрински
Насловна
Жак баро- Укинувањето на визите е готова работа
Се воведува трета смена за матичните лекари
Завршија среќните денови за Владата
Груевски жртвува министри како пиони
Четврти грабеж на банкарски пари за три месеци, полицијата само гледа
Оригинална копија
Зошто мораше да замине Славевски
Ќоравите светилки на селоградот
Скопје и Атина молчат за предлогот