Број 3032  петок, 10 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Поглед

Оригинална копија

Тина Иванова

Оригинална е идејата на Министерството за култура на своите конкурси од уметниците да бара оригиналност, а притоа да не ја проверува нивната оригиналност. Скулптурата „Мачка“ на уметникот Томе Аџиевски, која е дел од проектот „35 скулптури“ на Министерството за култура, поставена на улицата „Македонија“, спроти некогашно кино „Култура“, ја има и во дворот на АСУЦ „Боро Петрушевски“. Само што, оваа вторава нема златна боја, туку зелена.

Авторот вели дека е фасциниран од формата на мачката и ќе продолжи да ја работи и понатаму. Неговата египетска мачка ја имало и во Берлин, во една од државите на поранешна ЈУ, во големата сала на македонското Министерство за надворешни работи, во ателјето на авторот...

На уметниците никој не може да им каже, во случајов, колку мачки да работат, какви дела да прават, од што да се восхитуваат и фасцинираат. Тие имаат апсолутно право да создаваат што сакаат, а во тоа спаѓаат и циклусите, односно делата на иста тематика. И, тоа не е копирање зашто, како што и самите велат, не можат себеси да се копираат.

Но, бидејќи уметниците делата ги изложуваат за јавноста, а скулптурата покрај која секојдневно минуваат граѓаните ја доживуваат како копија, би било пожелно авторите да покажат барем малку поголема иницијатива, зашто, сепак, нивните дела се изложуваат на најпрометната улица во Скопје, на улицата „Македонија“.

„Мачка“ е дел од фамозно најавуваниот проект на Министерството за култура. Па, би било добро и оттаму некој од надлежните да ја провереше оригиналноста на творбите. Зашто токму тоа се бараше. Но, овој пример можеби ќе вреди за во иднина да не изникнат некаде во градов уште по еден бик, шмизла или манекен.


#
Статијата е прочитана 1334 пати.

Испрати коментар

Од: ana
Датум: 10.07.2009 10:39:35
Breee, tolku nemate sto da komentirate, pa se vakate za se i sesto, imalo ili nemalo poenta.
Од: Delco
Датум: 10.07.2009 13:35:21
Mackite imaat devet zivoti!
Од: fenix
Датум: 10.07.2009 16:04:55
se sto se pravi vo momentov vo drzavava e krajno neorginalno i neuko. lugevo koj ja prevzemaa kontrolata nad mojata drzava ,a ne samo nivna Republika Makedonija se odnesuvaat kako da se kreatori na svetot!!! taka e koga na vlast dojdoa likovi koj prv pat izlegle od drzavata koga dosle na funkcija i moze da im gi prodavaat prikaskite samo na onie koj nikogas nema ni da izlezat!!! sramota
Од: Стојко
Датум: 10.07.2009 17:16:01
До ана: Што тебе ти смета? Да н си роднина на авторот или е ова партиска задача?
Од: sladj
Датум: 10.07.2009 17:56:12
Vcera e veke pisuvano za famoznata macka, vo tvojot vesnik , od tvoja koleska..ispagas deka ti si kopija na i onaka slabiot tekst na koleska ti

Најди! во Утрински
Насловна
Жак баро- Укинувањето на визите е готова работа
Се воведува трета смена за матичните лекари
Завршија среќните денови за Владата
Груевски жртвува министри како пиони
Четврти грабеж на банкарски пари за три месеци, полицијата само гледа
Зошто мораше да замине Славевски
Министрите на ДУИ на дневен ред во септември?
Ќоравите светилки на селоградот
Скопје и Атина молчат за предлогот