Број 2867  сабота, 20 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter

Мислења

Опасен експеримент

Филип Петровски

За разлика од другите држави, ние пробуваме радикално решение кое не е корисно ни за околината, зашто не загадува пластиката, загадува човекот!

 

На глобално ниво, во последно време, се крева силна врева за да се заштити планетава. Многу факти говорат дека глобалното затоплување веќе е во сериозна фаза и наскоро може да биде голем проблем за целокупниот жив свет. Поради тоа, се преземаат разни напори, кои веќе добиваат и глобална димензија, вклучувајќи цели држави или организации на држави.

Гледав еден многу интересен видеоматеријал на Нешенел џеографик за глобалното затоплување и топењето на глечерите. Според пресметките, ако се стопат глечерите кои ги има на земјините полови може да се покачи нивото на океаните за цели седум метри. Тоа директно би го загрозило животот на околу сто милиони луѓе. Тие би морале да се иселат во повисоките краишта, што е операција на којашто тешко може да и' се пресмета економската вредност. Целиот светски систем за мошне кратко време би се изместил неповратно. За сите тие луѓе само да се направи обид да се обезбеди место за живеење е практично невозможно. Да не зборуваме за вработување и социјално организирање. Значи, врвните умови на човештвото веќе денеска, антиципирајќи ги овие закани за се' што може да се случи, се обидуваат да го спречат тоа и на целокупното човештво да му дадат одговори како да се надмине она што делува како голема катастрофа во најава.

Видеоматеријалот прикажува научник кој, како што беше кажано, добил Нобелова награда за своите идеи како да се заштити човековата средина. Мислам дека оваа информација беше дадена за да се добие сериозност, односно да се отстрани мислењето дека станува збор за несериозен филм. Научникот даде идеја на Гренланд да се покријат деловите каде што глечерите се топат најбргу и така да се забави нивното исчезнување. Имено, тој објасни дека ако врз мразот се постави материјал кој ги рефлектира сончевите зраци, со над педесет проценти рефлективност, може да се забави, ако веќе не може да се стопира целиот процес на топење. Што е, всушност, ефектот што се бара. Убава замисла. Но, малку потешко изводлива ако се знае дек�� на Гренланд владеат многу неповолни временски услови со ветрови кои достигнуваат и до 150 километри на час. Комбинирани со ниските температури, ветровите се пречка која го ангажира човечкиот ум како да се совлада. Бидејќи станува збор за зафат со кој се спасува околината, најнормално (според мене) беше да се побара материјал кој не е штетен за околината, односно е биоразградлив (како што се нарекува модерно тоа).



Екипата која ги правеше подготовките го понуди најцврстиот сега материјал што можеше да го пронајде, а што одговараше на енвироменталистичките стандарди за зачувување на околината. Ем да помогне да се стопира топењето, ем да не ја загадува дополнително околината, а по некое време да се разгради сам. Идеално решение. Меѓутоа, не оди се' така лесно како што сакаме ние како род. Често не е возможно, на ова ниво на технолошки развој, да одговориме на сопствените потреби. При симулирањето слични услови како што владеат на Гренланд, материјалот не го издржа тестот. Се распадна само по неколку минути. Ова донесе мало разочарување, а кај наградуваниот научник сомнеж дали е воопшто можно да се реализира тоа што го замислил.

Потоа се дадоа во потрага по светот. Да се пронајде материјал кој може да ги заштити глечерите од топење. Во Европа, на Алпите, кај локалното население кое се занимава со зимски туризам, најдоа решение. Тоа население глечерите ги покрива со пластична фолија која го спречува топењето и им овозможува нивната дејност, туризмот, да преживее. На нашата екипа ова и беше одговорот што го бараа. По извршените тестови, се заклучи дека станува збор за материјал кој може да ги издржи и најтешките услови на Гренланд, односно дека може да се тестира теоријата дали на овој начин може да се стопира топењето на глечерите и со тоа да се избегнат катастрофалните последици за човештвото. Со пластиката се покрија неколку хектари од загрозените подрачја на избраните глечери на Гренланд. Се чекаше 42 дена , а шест недели подоцна екипата се врати на местото. Она што го најдоа и мене ме вчудовиде. Таму каде што беше послана пластиката, мразот беше цврст и воопшто не беше стопен. Но, на рабовите кои останаа непокриени, за 42 дена мразот се стопил од 60 до 70 сантиметри. Брилијантна идеја, победа на човековиот ум. Идеја која е тешко да се спроведе, бидејќи е исклучително скапа (трилиони долари), но е поевтина од преселбата на стотици милиони луѓе. Останува да се види дали светските влади можат да се надминат себеси и да вложат во проект од кој ќе немаат директен економски профит.



Во Македонија, пак, за десетина дена започнува да се применува забраната за пластичните кеси. Официјалното образложение е дека се стремиме да ја зачуваме околината. Во тој наш напор ние го избравме патот на ЗАБРАНАТА. Затоа, од 1 јануари на пазар и во продавниците ќе си ги носиме плетените кошници и платнените торби кои ги исфрливме од употреба кога си замина социјализмот. Ќе мора да ја почитуваме оваа наредба, зашто во спротивно и ние и продавачите ќе плаќаме глоба (илјади евра). Некој од одговорните се сетил во исто време да ја укине и приватната иницијатива, односно слободата на претприемаштво. Па, во упатството што е издадено како да се постапува, е наложено оној што ќе ги користи пластичните кеси (дозволени се само оние кои носат над пет килограми), да мора да ги препродава по најмалку иста цена како што ги купил?! Не може да ги дава слободно. Го читав упатството и не можев да верувам. Дали ова значи дека не сме слободни веќе да се пласираме на пазарот така како што е секаде на Запад. Не сум слушнал никаде во светот (ова се однесува на западните економии) дека некоја држава го ограничува слободното натпреварување на пазарот. Секако, на ова ќе се одговори дека со наредбата се штити околината. В ред, за момент да поверуваме дека е така.



Но, фактите кажуваат нешто сосема друго. Кај нас владее голема криза. Неколку гранки од индустријата масовно отпуштаат работници. Веќе неколку илјади луѓе се на улица, наместо на работа. Параметрите покажуваат дека оваа состојба само може да се заостри, а никако да попушти. Во ваков момент ние удираме со забрана по една гранка од индустријата која во независна Македонија е создавана 18 години врз принципите на слободното претприемаштво. Последици ќе трпат најмалку 30 фирми со околу 500 вработени, односно 500 семејства. Сите обиди да се објасни дека наместо да се уништува цела индустриска гранка, треба да се има инвентивен пристап, остануваат без одглас. За жал, не слушнав дека можеме да изградиме фабрики кои ќе го рециклираат отпадот и со тоа да отвориме нови работни места. Денеска постои технологија која од отпадот може да создаде електрична енергија. Од пепелта може да се прават цигли... Практично целиот отпад може да се рециклира без никакви опасности за околината. Плус ќе има и економски бенефит и вработувања. Но, ние, за разлика од сите држави, мораме да испробаме радикално решение кое не е корисно ниту за околината, оти не загадува пластиката, загадува човекот! Наместо акционен план за нови работни места, предвидувам нови отпуштања.

А пластичната индустрија од Македонија итно нека го најде спомнатиот научник, па нека му помогне да го спаси Гренланд. Додека, во меѓувреме кај нас созрее свеста дека тешко и долго развиваните гранки на индустријата се фундамент на капитализмот. Дека тие се партнер на државата, плаќачи на данок, нејзина основа. Ај да видам држава без индустрија!

(Авторот е магистер по меѓународна политика)
http://filippetrovski.blog.com.mk

 


Статијата е прочитана 1523 пати.

Испрати коментар

Од: pravda
Датум: 20.12.2008 01:42:27
Magisterot po medjunarodna politika pocna da ni objasnuva za medjunarodna plastika,ajde de Filipce ne se brukaj i ne pisuvaj se i sesto kolku da te ima vo javnosta,kade ti otide mladeskiot zar od mladoturskata agenda od pred sobranieto,sigurno ke da e vo udobnata direktorska fotelja.Tolku od revolucijata i patriotizmot,ostanaa vo plastikata proizvedena vo fabrikata na tatko ti
Од: Пинг
Датум: 20.12.2008 10:43:34
Почитуван Г-дин Петровски, во минатонеделниот коментар искажав мислење дека почнувате да пишувате “чудно“. Сега се` повеќе се уверувам дека “нешто има“. Не заради начинот на кој се обраќате во колумната, туку, повторно, за изборот на темата. Сепак сте најсилен, кога слободно пишувата на теми кои највешто ги владеете. Глобалното затоплување тоа не е ни малку, а поврзаноста со слободата на предприемништвото е многу слаба алка за која ја закачивте темата. Сепак и понатаму е задоволство да се прочитаат Вашите ставови. Се надевам дека наскоро нема да бидете “награден“ со некое амбасадорско или слично место за сметка на Вашето перо. Поздрав до сите Ваши и наши. Поздрав до сите Ваши и наши. И по кој знае кој пат, Ве молам сите што пишувате коментари, правете го тоа на КИРИЛИЦА.
Од: mene
Датум: 20.12.2008 11:37:45
Глетката во доцна есен и рана пролет (кога нема вегетација) на нашите полиња и планини е стравична. Најлони летаат низ полињата носени од ветрот или висат на гранките од дрвјата. Грдата слика на Македонија. А во скоро секој амерички филм гледаме како од маркет излегуваат со хартиени кеси (без рачки). Еколошката свест е потребно најитно да се менува, но хирушките потези со кои тоа се изведува секако дека ќе бидат болни. Многу фабрики се затворија последниве 17 години, многу луѓе останаа без работа, пропаднаа, починаа, семејствата им осиромашија, го допреа дното. Зарем е тоа нешто ново? Кај нас тоа така функционира...хирушки.
Од: sladj
Датум: 20.12.2008 19:04:06
@do mene: i mene hartienite kesi po filmovite me fasciniraa...se dodeka ne se uveriv licno deka toa e edna OGROMNA propaganda. Sto se odnesuva do globalnoto zatopluvanje, dali navistina mislime deka tolku mnogu doprinesuvame za toa?? Dovolen e Glenland za primer, koj e denes pokrien so mraz a nekogas bil zelen!! Dali sme mozebi odgovorni za izumiranjeto i na dinosaurusite?? Ekoloskata svest ne treba da se menuva, treba da se vrati onaa koja ja imavme; sobiranje stara hartija i sisinja..toa go pravevme kako osnovci preku vikend, odenje na pazar so svoja torbicka ili kosnica, koristenje javen prevoz, vozenje tocak poveke..

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Зденко
Три години затвор за Кирил Тодоровски
n1
Опозициски жар на претседателот
Каде е Александар?
Србија ја укина казната за клевета на политичари
Прилепските сарми влегоа во Гинисовите рекорди
Судството падна на ниски гранки
Нафтата падна на 33 долари
Бруто или нето-платите се исти
Предизвици без прашина
Се бара и политичка одговорност за патриотските сметки