Број 2867  сабота, 20 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter

Прилепските сарми влегоа во Гинисовите рекорди

Направена е најголема порција во светот со 80.191 посна сарма

Најголемата порција со 80.191 светиниколска посна сарма што ја подготвија вредите раце на 150-ина прилепски домаќинки ја отвори вратата на Прилеп и на Македонија во Гинисовата книга на рекорди. Рекордот е освоен. Прилеп и официјално од вчера се најде на веб-страницата на Гинисовите светски рекорди.

„Проверив се' за да се уверам дека се' беше според нашите правила и стандарди за рекорд. Сега на мое големо задоволство официјално го прогласувам новиот Гинисов светски рекорд за најголема порција зелка“, го обелодени рекордот Талал Омар, судијата од Гинис.

А домаќинките го подготвија рекордот во еден ден според критериумите на Гинис: „Се подготвувавме два месеца. Работеа вредно три организации, се координиравме одлично, во еден ден ги завиткавме и ги сваривме сармите во 40 тенџериња. Горди сме на успехот, особено затоа што се работи за специјалитет карактеристичен за Прилеп и јадење што се служи на посна слава, а е задолжително на празникот Свети Никола“, вели Лилјана Горгиеска, претставничка на прилепските домаќинки.

Радосен и задоволен од освоениот рекорд е и градоначалникот Марјан Ристески, кој е носител на иницијативата.

„Овој е голем ден не само за Прилеп туку и празник за Македонија“, изјави Ристески.

Најголемата порција сарма во светот беше изложена на големата трпеза во центарот по повод градската слава Свети Никола, а ја вкусија илјадници прилепчани.

„Прекрасно, превкусно, да ни е за многу години. Храната е преубава, но дружењето е уште поубаво“, велеа прилепчани во обид со туркање да ја остварат целта да дојдат до една мала порција со посен грав и сарма.

Покрај светиниколски посни сарми, на трпезата беа сервирани уште 200 килограми грав и 50 килограми риба. Чествувањето на светецот - заштитник беше залиено со неколку тони црвено вино и добро расположение на граѓаните кои се натпреваруваа во најбрзо јадење на сто посни сарми.

Во чест на празникот, во присуство на архиепископот г.г. Стефан и владиката Петар, се одржа свечена литургија пред параклисот во центарот на градот што го носи името на Свети Никола, светецот кој пред три години е прогласен за заштитник на Прилеп.

Домаќинот на годинешно��о чествување, министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, и кумот на идната прослава, директорот на прилепската пиварница, Сашо Самарџиоски, на своите сограѓани им посакаа здравје, среќа, љубов и бериќет во годината што доаѓа. (М.Т.)


Статијата е прочитана 750 пати.

Испрати коментар

Од: читател
Датум: 20.12.2008 00:52:40
Супер, ете ви конечно шанса да влезе Македонија во било која историја и книга на рекорди. Да живеат сармите!
Од: od mene
Датум: 20.12.2008 01:58:54
bravo da sme zivi i zdravi i za mnogu godini da ni e praznikot a svetecot sv.nikola ke ne cuva pozdravvvvvvvvv
Од: Македонец Мелбоурне
Датум: 20.12.2008 02:54:41
Честит Свети Никола на сите Прилепчани,и браво за направената сарма и гинисовото постигнувајне,ве сакам сите во Македонија Битолчанец поздрав чао
Од: strujata lisabon
Датум: 20.12.2008 03:10:51
po prilepski receno, nemal dzaolo rabota zel na majka mu pepel v oci i frlal:-) po edna moja prilepska statistika site jadime sarma;ne posna, nego mrsna so meso. Taka da pola narod vo prilep i makedonija jadi meso za rucek a drugata pola zelka za rucek taka da vo prosek ili statistcki zemeno site jadime SARMA:-)) E SEGA KOJ JADI ZELKA SAMO A KOJ MESO NE IGRA ULOGA NEGO VLEGOVME VO GINISOVA KNIGA NA REKORDI:-) ma sekoja cest Marjan,Pance i cela druzina:-)) ve pozdavuva strujata:-)) vie krkajte samo meso a majka mi samo zelka i statisticki zemeno prilep jadi sarma:-)
Од: pejo itreco
Датум: 20.12.2008 09:39:24
bravo moi prilepcani,vo se sme prvi vo makedonija,pa i vo ginis :),da ni e cestita slava,zamnogugodini prazniko
Од: prilepcanka
Датум: 20.12.2008 12:56:37
bravo moi prilepcanki pokazavte deka ste prvi vo se samo prilep i toa zenite mozat da ja probijaat makedonija nadvor od granicata ako se prasuvaat zenite do sega makedonija daleku ke stignese i nemase da gi ima ovie problemi
Од: od Kicevo
Датум: 20.12.2008 19:03:08
Prilepcani! Se gordeeme so Vas,neka e Cestit Praznikov i za mnogu Godini!
Од: SKOPJANEC
Датум: 21.12.2008 06:42:13
Pozdrav za Prilepcani, Cestit Praznik ejj samo da znaete i nie skopjani sme po pola poteklo od Prilep Drzava ste . Uzivajte !!

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Зденко
Три години затвор за Кирил Тодоровски
n1
Опозициски жар на претседателот
Каде е Александар?
Србија ја укина казната за клевета на политичари
Судството падна на ниски гранки
Нафтата падна на 33 долари
Бруто или нето-платите се исти
Опасен експеримент
Предизвици без прашина
Се бара и политичка одговорност за патриотските сметки